Ги имаат онлајн на страната на матично кои докумени требаат а можеш и директ до најблиската канцеларија да отидеш и да прашаш ќе ти објаснат. Ако си од Скопје можеш на кеј да појдеш има посебна канцеларија ќе ти објаснат. У принцип не се нешто комплицирани документи: лична карта и пасош, странската венчаница и упте нешто за сигурно провери. И секако преводи од странските документи заверени на нотар (можно е и апостил да треба зависно од земјата каде сопругата ума државјанство/каде е склучен бракот). Е сеа има и многу полесна опција - да си ангажираш адвокат да не се замараш толку ама сметам дека не е комплицирана процедурата па можеш и сам да ја истераш.
Здраво, планираме следниов период регистрација во Скопје, па имам многу прашања, а јас не сум од Скопје, па ако може некој да помогне. Дали може накратко да ми објасните се што треба? Каде треба да се отиде, за подигнување изводи, закажување? Дали постои можност за во матично за викенд или строго работни денови се? Читав и постари мислења ама да не се има нешто сменето до сега
Одите во матичната служба каде што сакате да се регистрирате (Скопје ги има повеќе). Носите изводи на родени и лични карти. Мислам дека од скоро и на лице место може да ви извадат изводи доколку не носите, ама пошто си од друг град за секој случај носи извод. Кажувате кој датум ви одговара. Може и викенд да се закаже, доколку имаат слободно. Доколку сакате да биде на специфична локација, а не во матичното (ресторан, вила, дома исл) и тоа може ама се доплаќа. Изводот од венчани ќе ви го дадат на денот на регистрација. Во глобала тоа е тоа.
Здраво. Едно прашање. Блиска особа сака да склучи брак со Канаѓанка, но бракот да го склучат во Хрватска, бидејќи тој има виза за таму на 5год. Дали има личност што склучила брак со странски државјанин да ме посочи. Имено, во матичното во Хрватска му дале кои документи им се потребни, меѓу кои и некоја си дозвола дека бракот ќе биде признаен во Македонија, пред склучување на самиот брак. Искуства?
Уверение,да. Грешка сум напишала. Меѓутоа извадивме документ дека не е бил во брак досега,а за уверението ми рекоа дека не се вади таков документ.
Дали можам јас да закажам регистрација во матично, а кога ќе дојдат брат ми и снаата да одат да дадат документи. Тоес јас да фатам термин.
Кажете ми предлог подарок за регистрација на блиска другарка? Свадбата ќе е друга година така да тогаш ќе и давам поголем подарок, сега само нешто симболично така?
Сестрата на маж ми ќе се регестрира во матично и потоа на ручек. Порачив цвеќе во дрвена кошара и натпис испишан. Дали е малко и ако да што да дадам друго. И дали врштачко цвеќе е ок со оглед на тоа дека после 2 дена заминуваат во странство.
Можеш да додадеш пијалак за него и парфем за неа. Вештачко цвеќе не, природно поубаво. Иако ќе заминат, природно се носи на свадба.
Фала ти. Извадив јас извод па ќе одиме утре. Сакаме баш во матично само ме буни локацијава. Сакаме или Карпош(од таму сме) или Центар. Се распрашував по луѓе ама што биле со матичар на терен, ми викаат прво кај Нова Македонија, па после пак некаде кај Камен Мост? Која е точна локација? И зошто на 2 места?