Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Регистрација во матично

Дискусија во 'Брак' започната од Independiente, 11 октомври 2015.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Па во Матично,иначе каде на друго место може да се венчаш?
    Фала на одговорот :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Може да дојде матичар на терен (на пример во ресторан) и таму да се склопи бракот, ама е доста поскапо.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Тоа знам,но мене ме интересираше цената во Матично колку е.Фала на одговорот
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.243
    Пол:
    Женски
    Закажувај што побрзо. Тешко се доаѓа до термин. Ние моравме врски да фаќаме.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    150 денари + 10тина денари провизија ако плаќаш со картичка директно таму кога закажуваш.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Здравје ке закажеме,прво ова ме интересираше,за документи прочитав што како треба.Па ке видиме со партнерката што како ке биде и кога.Фала
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој каде точно се закажува матично во Центар и каде се оддржува самата церемонија?
    Претпоставувам дека е кај старата автобуска кај што се вадат и изводите ама вереникот запнал дека е кај фонтана.
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.146
    Закажуваш во зградата одма после мостот, кај министерствата.
    Не се чека баш многу, поготово овој период, најверојатно повеќе гужва има потоплите месеци.
    Самата церемонија е горе во Триумфална.
     
    На RosettaStone и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Фала ти на брзиот одговор, сепак сум била во право :)
    А Триумфална порта? Првпат слушам за ова, баш чудно ми падна.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.146
    И мене ми беше чудно, али да, дефинитивно таму ќе се потпишувате, освен ако сами не си одберете нели место кај сакате, ресторан или слично. :)
     
    На RosettaStone и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    До пред некоја година беше таму.
    Од кога не е веќе кај фонтана?
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    @Jana06 во Триумфалната порта се некаде од есента2017/2018.
    Поарно беа спроти Градски парк.
     
    На Jana06 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    131
    Здраво девојки. Како стојат работите во однос на мењавање адреса после регистрација во матично?
    Јас и идниот сопруг сме од различни градови, сакаме да се регистрираме во трет. Дали потоа би морало да одиме во неговиот роден град и да се пријавам на неговата адреса по лична карта?
    Дали има некое друго решение?
    Во меѓувреме планираме да купуваме стан, но не знаеме за колку време ќе биде средена таа работа за веднаш да се пријавам на новата адреса.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.243
    Пол:
    Женски
    Адреса не мора да менуваш ако веќе планирате да купувате стан. Јас не ја сменив мојата. Ќе треба да се одјавиш од постоечката адреса и да закажеш за лична карта. Ќе треба и лична карта од сопругот.
     
    На ginger му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Здраво Ве молам некоја да ми ја објасни процедура за венчавање во матично што е потребно ? За сега имам извадено само изводи значи да не с епостари од 6 месеци ее сега друго ?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски

    Само изводи не постари од 6 месеци и со личните карти лично мора двајцата да сте присутни се оди се закажува. На лице место се пополнува еден образец и се плаќаат такси околу 150 денари мислам. :)
     
    На ЕденЧлен и Anaouou им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    И направете си копии од лични карти за секој случај, некаде бараат некаде не. Нас за Центар ни бараа.
     
    На ЕденЧлен и Anaouou им се допаѓа ова.
  18. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    9.225
    Кога ќе купувате стан почекај, тогаш ЛК на таа адреса и воедно и презиме ќе смениш.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Законот налага во рок од 30 дена да се сменат документите за идентификација штом има промени во податоците, небитно дали презиме или адреса. Не може да чека толку.
     
    На SummerGirl, poenta, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Здраво, ме интересира дали датумот за регистрација може да си го закажеме ние или од матично кажуваат слободен термин?