Треба пријава да пополниш, и се плаќа 7400 ден. ама мораш да се договориш за датум, и за саат, зошто се комплицирани, и треба да одиш кај Европски, поточно Халк банка главната екс. кај Нова Македонија мислам, таму ќе влезеш и ќе ти објаснат се. Туку јас да прашам, дали има некој инфо дали од јули ќе почнат и во саб и нед. да регистрираат?
Фала за одговорот ама јас нема да се регистрирам во Скопје. Инаку и ние сакаме да е за викенд ама и да е надвор од матично. До сега не регистрираа сабота и недела?
Откако почна пандемијава, не регистрираат за викенд, само среда и петок, претпоставувам дека е исто и во другите градови.
Девојки скоро некоја да закажувала матично да не има промена да не почнале сабота и недела да регистрираат ? За Скопје прашувам
Не сум прашала, ама слушнав дека регистрирале и за викенд сега, ама не сум сигурна, ако знаеш веќе, те молам за информација.
Во нашиот град почнаа да регистрираат и викенд. Ние закажавме за почеток на Август, но пред да ни кажат дека може викенди, ни рекоа дека треба да се прати барање , овде во Скопје го Матично Одделение. Пративме, ни одобрија, за после тоа да ни кажат други луѓе што ќе се регистрираат во Август дека не им спомнале за такво барање а им одобриле регистрација за викенд. Најдобро е да си прашате.
младоженците само и двајцата сведоци ( кум и старосват ) не пуштаат никој др внатре , маска носи за сваки случај , ние не носевме но ни рекоа претходно да си имаме во нас ,зависи како и текне во момент...
Ние денес закажавме, за на 11.09 во 13часот. Ни рекоа сведоци може, било кој немора кум старосват. Инаку само петок и среда може да се закаже. Е сега имам недоумица,пошто е строг пост баш на 11ти, што да се спреми за дома ручек? Пошо не сакаме кафанче. Фала дечки
Pastrmka, krap, losos... Salati posni eden kup imas. Kompiri garniri isto taka, so maslinovo, so zacini, varen pa potpecen... Kifli i pogacki posni isto taka imas izbo.
Девојки ако може некој што бил во последно време да закаже регистрација во ск, дали имаат терминал за плаќање (за оние 150ден) или треба баш со уплатница... Три дена одам по банки, секаде огромни редови и се откажувам. Фала ви многу однапред
Компир салата, погачици има во маркетите посни замрзнати само да се испечат, туна салата со посен мајонез, бомбици посни, обланди посни, риба печена или пржена, фурнаринки можеш да направиш дома, баклава, штрудла со некое овошје, можеш да направиш како стартери лепчиња како брускети со туна, домат и маслинка или нешто друго по вкус посно исто, после тоа можеш да направиш плескавици од риба, посен солен ролат, од Рафаело бомбиците исто има посна варијанта.
Дали знаете дали сведокот мора со лична карта да дојде, или може и со пасош?? Ние првично имавме за тој датум закажано, прашавме поп во црква, другар на моите, ни кажа да си презакажеме, дека од 365 дена во годината, сме избрале баш на тој празник, и ете послушавме и сменивме, за друг ден.
Тоа е веројатно од религиозни причини и се подразбира за венчавка во црква. Ти кажаа ли како е законско склучување на брак поврзано со строг пост?
Bratucetka minatiot petok bese vo maticno ama i rekle samo ona so Maz i i kum, starosvat roditeli guzvi ne A vo crkva si bile i nivnite