Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Регистрација во матично

Дискусија во 'Брак' започната од Independiente, 11 октомври 2015.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Мажена сум јас туку упаднав во темава и сфатив дека само 1 сведок може, ми падна чудно.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. **prcla**

    **prcla** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    2ta moze slobodno.. Ama neka si prasaat moze segde razlicno.. Kako i da e.. So sreka na tie sto ke stapat u brak :)
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Ми кажа само да си смениме датум, дека било строг пост, и не се правеле тогаш веселби, ете ние послушавме, плус тоа што сум и бремена, па да не го мислам многу.
    Внатре канцеларијата каде што регистрираат е многу мала, и според законите за ковид, не се дозволува повеќе од 5 луѓе со се матичар, значи само двајца сведоци, и младоженците, нас не ни дозволија ни сликарот да влегува, иако замоливме и прашавме, ама ништо, тоа е што е, ќе се сликаме со мобилен, па надвор ќе си правиме фотосесија.:doh:
     
  4. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Девојки, уште еднаш помош
    Сакаме да одиме денеска да закажеме регистрација.
    Ме интересира локацијата
    На нет гледам дека управата е кај министерство за образование ул. Кирил и Методиј бр. 54
    Таму се закажува или има друга локација
    Фала ви однапред
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Регистрација се закажува во Управа за водење матични книги кај стара автобуска кај Камени мост.
     
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Фала многу
    Завршивме работа
    Ќе ја завршиме таа обевеза на
    30. 09
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Може и пасош.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Тоа е за закажување во Центар, во главното матично или за било каде? Нас ни се брза и ако нема термини за во Центар ќе закажеме во Маџари...
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ова е за Центар, така ја разбрав членката дека бара за таму. Инаку, претпоставувам дека за друга општина треба во соодветното подрачје да се оди. Мислам дека би имало термини ако не ви менува дали ќе биде работен ден или викенд.
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Термини за во центар имаш за октомври да не се секираш за тоа. Скоро закажував и празен беше месецот.
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Освен регистрација во тоа матично во центар, зборам за Скопје, на др место не даваат. Ние чекавме да се јават за да не префрлат ако може во големата сала карши музејот ама ништо остана за таа канцеларијата во таа зграда.. јбг
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски

    Ние се регистриравме во Триумфална, не знаев дека смениле.
     
  13. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Сменето е заради ситуацијата, само 5 луге смее внатре. |(
     
  14. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Откако почна ситуацијата единствена матична служба (барем во ск) е онаа во центар и таа венчава само среда и петок. Понедекник, вторник и четврток од 8 до 14и30 се закажува.
    Не постои опција за бирање каде сакате туку се завршува работата во мала просторија во зградата.
     
    На Bicka77 и LucyLu им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не е само таа, венчаваат и во Ѓорче, дури и нешто повеќе луѓа пуштаа, а и можеш и за викенд, така беше пред 2-3 недели, сега не знам дали е исто за во Ѓорче.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.221
    Пол:
    Женски
    Во Ѓорче само младите и сведоците. Комшика моја се регистрираше таму. Може и нешто да смениле.
     
  17. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Дечки јас одам на регистрација денес. На истото место само како што се сеќавам таа рече вратата лево така?
     
  18. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мм беше денеска во Управа за водење матични книги за да го смени закажаниот термин ама наводно имало пожар и сега повеќето канцеларии на приземје не работеле, немало струја. Е сега, направил грешка, не влегол сепак да праша дали може некако да се изреагира во поглед на датумот. Ќе си ја пробаме среќата во четврток.
     
  19. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Не се секирај јас на 11 месецов се венчав и немаше струја така да просторијата беше осветлена само со отворени прозори, поминавме све океј матичарката беше кул. Е сега треба деновиве само по листот да одам пошто немаа тогаш струја и неможеше да ни го издадат. Уживај и среќно❤
     
    На tina2018 и Bicka77 им се допаѓа ова.
  20. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Ние во понеделник ќе се регистрираме.
    Не може повеќе ни ден да одложуваме заради мојата бременост, крај на осми месец...
    Чекавме 8 дена за изводи, не работеа заради тој пожарот и едвај закажавме....
    После регистрацијата резервиравме да одиме на ручек, само најблиските и кумовите...
    Јас си купив фустан пастелно лила и не знам дали нешто посебно се носи за регистрација? Цвеќе или слично?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.