Кажете ми после промена на презиме и адреса, нормално се сменуваат личните документи (лична карта, возачка, пасош). Кажете ми кои други документи треба да ги сменам? Дали на работа документите што ми стојат во досието треба да ги сменам, односно да им однесам нови? Го поставив истово прашање во општи прашања, една членка ми рече треба да ажурирам податоци во банка, ујп, пиом и социјално. Откако ќе појдам во секоја служба посебно треба да им кажам дека сум појдена за да ажурирам податоци? Малку бесмислено ми е, со оглед на тоа дека сум личност што мрази да чека по шалтери и да се брка со документи. А, и уште нешто. За личните документи треба изјава од сопственикот на станот дека ми дозволува да живеам кај него или ми треба имотен лист? @Vojdana можеш да си носиш и цвеќе, можиш и бидермаер ако сакаш. Ако не сакаш, не мора ништо.
Како си сакаш ти, така.. Неколку пати што идев до управата видов девојки и со и без цвеќе. Јас мислам дека ќе си нарачам некој мини бидермаер, имам голем мерак на цвеќиња, регистрацијата ми е таман изговор
Букетче за тебе,благо за матичарите односно можеш атлантик кутија со благо отвори почастете се и на матичарите дај те им ја
Има некој што во скоро време закажал регистрација? Ме интересира како е со термините, колку време однпапред треба да се закаже.. И дали мора двајцата идни брачни другари да го поднесат барањето или може само еден?
Крај на август немаше слободни термини за цел септември но во почеток на октомври веќе имаше термини дури и за после една недела. Инаку мора заедно да отидете да поднесете затоа што барањето се потпишува.
Конечно се наканив да правам документи и со оваа информација што ми ја кажа се јавив и ми рекоа дека сопственикот на куќата кај што живее маж ми треба да извади имотен лист и да дојде со мене на сликање Им го кажав ова што ми кажа и ме направи луда, како можело така, законот бил со години... Бог да чува. Сакав да споделам дека не важи веќе ова. Фала ти во секој случај.
Јас вадев лична карта со промена на адреса сега во август. Во Беко се сликав. Само со личната карта од маж ми и венчаница отидов (оригиналите на увид + копии) и немав никаков проблем. Ако си прашала на бројот што е за закажување, и мене почнаа да ми објаснуваат дека ми треба решение за промена на живеалиште и не знам што, ама тие се надворешна агенција и немаат баш појма од законите. Им кажав дека имам се што ми е потребно од документација и ми закажаа, после во Беко поминав без проблем.
Пробај, зависи каков оператор ќе ти се посреќи кога ќе се јавиш. За ова знам дека е сигурно вака, пошто бев со маж ми (тогаш уште ми беше дечко) кога менуваше адреса во МТВ и баш ја прашавме службеничката што му го издаде решението дали ќе треба и јас да поминам низ истата процедура и ми рече дека ќе треба регуларно да си закажам и по основ на брак да сменам со неговата лична карта. Напомени им повеќе пати ако треба дека менуваш по основ на брак.
Да, му кажав баш зашто менувам презиме и адреса. Рече за презиме ти треба само извод од венчани, а за адреса имотен лист и сопственикот на куќата да биде присутен. Ако е така тогаш и за бебето треба да биде истата процедура. Мислам ова што го кажува е многу логично и така треба да биде ама мене ми е комплицирано и ме нервира Ќе закажам, па ќе пробам вака како тебе. Фала ти
Мене кога почнаа да ми објаснува тој каква е процедурата му реков само дека од МВР ми кажале што документи ми требаат и дека имам се што треба. Ама може само ми се посреќило, кој ги знае. Пробај така, а пробај и онлајн да си закажеш (ако работи моментално онлајн закажувањето), така не може да те одбијат. Крај краева ако е изводливо истерај ја и процедурата по нивно, јас не можев дека во странство беше сопственикот на станот, сама терав се.
Јас истото го правев во понеделникот, ми побараа само извод од венчани и лична карта на сопругот. Ги прашав дали ми треба имотен лист или изјава од сопственикот на куќата дека имам дозвола да живеам на таа адреса и ми рекоа дека ако е истата адреса со сопругот не ми треба ништо освен негова лична карта. Пополнав некои барања, па сега треба да ги разгледаат, па ќе ми се јават телефонски кога треба да одам за сликање, без закажување на термин.
Во Битола. Да, пополнив барање и ми запишаа број. Прашав дали треба сега да платам, ми рекоа кога ќе се сликам. Сопругот пред скоро вадеше лична карта со промена на адреса, него му побараа изјава заверена на нотар од сопственикот на куќата дека дозволува да живее тука. Јас кога прашав за тоа, ми рекоа дека ако живеам на иста адреса со сопругот ми треба само негова лична карта. Инаку и за него, кога ги поднесе документите, чекаше да дојди дома службеник на мвр, да провери дека живее на таа адреса, па службеникот пишува извештај и кога тоа беше готово му се јавија за да оди да се слика (без закажан термин). Претпоставувам истото и за мене ќе е.
како извади извод за 8 дена ? јас месец еве чекам и ништо ,пробав електронски ништо ,бев во матично еве месец пак ништо с и мене ми се брза трудна сум
@Jana06 И јас кога менував документи пред една година во МТВ само со копија од венчаницата и лична карта на мм, дури не беше ни со мене сама бев. Не ми направија проблем за адресата и презимето. Само знам три копии од венчаницата ме тераше да правам за секој документ одделно, јас само една носев.
Мометално регистрации се прават во управата за водење на матични книги, кај Stone Bridge. Самите регистрации се во среда и петок а за приложување на документи и закажување на термини се оди во понеделник, вторник и четврток.