Dali nekoj znae dali mozam da go smenam prezimeto shto go kazav na maticnata ceremonija (sega e vo izvodot na vencani), dodeka se ushte ne sum go smenila prezimeto vo licnata karta? Malku podetalno: Pred nekoj den se registriravme i go zemav prezimeto od maz mi, na denot na registracijata ni dadoa izvod na vencani so moeto novo prezime. Sega treba da go promenam przimeto vo pasos i licna karta. Meguto kako shto se blizi denot za promenam na prezimeto na sekade: rabota, licna karta, pasos, banki me faka panika i se cuvstvuvam kako da go gubam identitetot. Iako bev prilicno sigurna deka sakam da go zemam negovoto prezime, sega mislam deka napraviv greshka i sakam da si go zadrzam moeto (ili barem da go dodadam negovoto). Devojki ima li spas za mene sega? Shto mislite
Нема, завршена работа. Примена на презиме сега по закон, а за да направиш промена, треба прво да смениш документи. Презиме ти е небитна работа не знам зошто толку замарање
Дали по регистрација кога се менуваат документи заради презиме треба да се смени и адресата, односно дали мора да се водиме двајцата на иста адреса? Long story short - со дм сме од различни градови, живееме и ќе се регистрираме во трет, па дали може дури земеме наш стан да продолжиме да се водиме на различни адреси да не менувам на два пати документи? И ако може, каде после матично ги бркам овие работи, кај мене во мојот роден град или таму кај што ќе се регистрираме?
Не мораш да смениш адреса по склучување на брак. Ако менуваш само презиме, ќе ти треба извод од матична книга на родени со новото презиме и извод од матична книга на венчани, и со нив ќе си аплицираш за лична карта во твојот град (според адресата во лична карта).
Мислам дека мора на истата адреса да сте... И ние сме во план да земаме стан, па ќе треба и двајцата да менуваме лк и пасош. Затоа засега јас сменив само лк, не ми се даваа 1500 за привремен пасош со кој секако нема да патувам. Мислам дека ќе треба барањето за нова лк да го поднесеш во градот според новата адреса, односно од кај што е сопругот. Може и да сум грешка за све ова погоре..
Ви благодарам девојки @Estranged @Bicka77 Ајде се надевам дека ќе можам така да го изведам, зашто стварно мислам е непотребно малтретирање, одјавувај се од еден, оди пријави се и поднасај документи во друг, за после да живееш во трет град, па ајде одјавувај се повторно, пријавувај се
Можеш 100%, јас по регистрација сменив само презиме, извадив нова лична карта и пасош (ова обавезно) и адресата ми остана иста (различна од таа на маж ми) неколку месеци. После тоа накнадно сменив адреса и нормално, пак нова лична карта. Пасош не мењав по промената на адреса, ми рекоа во МВР дека нема потреба, кога ќе ми истече стариот тогаш новиот ќе биде со новата адреса.
Дефинитивно не мора да менуваш адреса. Подобро е само да ја смениш од аспект да не вадиш два пати лична карта и пасош. Јас се водам на една, мм на друга од други причини. Но, презимето го сменив на документи. Патем јас директно се јавив во МВР, ми дадоа оскудни информации, кои воопшто не ми помогнаа. Сега за сега немам никакви проблеми. А мислам дека за пасош мораш барем презиме да смениш, затоа што може проблеми на граница да ти направат. Имаше баш по порталиве пред некое време. Опростено е до 3 месеци да не го менуваш, се што е вон тоа, може казна да добиеш. Сума сумарум. Ако веќе имате заедничко живеалиште, подобро наведија таа адреса, на која сте. Да не менуваш по 100 пати.
Во МВР поим си немаат посебно во подрачните единици во помалите места. Прашав на 3 различни места, 3 различни информации ми дадоа. На крај си прочитав закон за патни исправи и видов дека за промена на адреса нема потреба да се менува пасош (иако службеникот тврдеше дека мора). Кога беше маж ми во МТВ да земе решение за промена на адреса, прашавме за пасош и ни кажаа дека нема потреба да се смени, доволно е само нова лична карта.. А после промена на презиме мора и нов пасош.
Па тоа и ми е идејата, да не менувам по 100 пати лична карта и адреса. Моментално не живееме во наш стан, затоа не можам да ја наведам оваа адреса, а и да можеше на пример, ако мора да сме на иста адреса ќе треба и тој да се одјавува од неговата одреса и да се пријавува овде, па после и двајцата пак да менуваме. Тоа после промена на презиме секако ќе сменам и лк и пасош, а по адреса да си останам кај мама и тато. Кај нас не дај Боже да тргнеш по институции да прашуваш за потребни документи или постапка да завршиш работа, обавезно добиваш различни одговори или ќе ти фали некој документ. Ако не си прашаш луѓе што веќе го поминале тој пат, сврши работа, ќе се шеташ може пола година по шалтери. А во однос на важење на пасош после промена на адреса, едно видео во прилог директно од МВР, може ќе послужи на некој .
Девојки ме интересира што се документи требаат за регистрација, и како се одвиваат работите сега за време на пандемијава, дали треба нешто посебно да се носи за матичарот?
изводи од матична книга на родени, барање и документи за лична идентификација (административни такси можеш да платиш на лице место со картица)
Каде треба да закажам? Вртам на еден број што го најдов на страната, никако не се добива. Дали треба да одиме таму да закажеме? И дали треба двајцата заедно, или може само едниот да отиде да заврши работа? Толку ми е непознато се ова, стварно не знам кај да се обратам, прв пат ми е
Мора лично двајцата затоа што треба да се потпишете таму. Јас пробав за презакажување телефонски да завршам работа, едвај ги добив на бројот и ми рекоа мора лично и тоа...
Да да, има едно барање што они ти го даваат, не можеш ти претходно да го пополниш, и на тоа барање треба потпис од двајцата. Плус ве прашуваат и двајцата за презиме за да им биде однапред изготвена венчаницата да можат ви ја дадат на ден на регистрација. Не може вереникот да одговори во твое име или обратно. Од тие причини мора и двајцата лично.