Сигурно сте слушнал за Ана Франк,за Хелен Келер,за сите оние луѓе кои некако, и покрај сите сплетки и страдања на животот застанаа цврсто на нозе и си рекоа да јас можам.Животот е тука за да се живее,не да се оплакува она што се нема или кое ни е скратено. За тоа сакам да правиме муабет. За ресилијентноста или отпорноста на секојдневните стресни ситуации во животот Што вие имате да кажете?
Резилијентност Прости но мислам , со Ана Франк имаш утнано нешо она никојпат не се дигнала на нозе Проштевајте ама морав А и насловот го имаш побркано се вика РЕЗИСТЕНТНОСТ
Резилијентност Ана Франк изврши самоубиство... За жал не беше резистентна на стресните ситуации во животот..Мислам дека резистентност е синоним за отпорност, а не ресилијентност.
Резилијентност Колку и да сакаш да си отпорен на надворешни влијанија не можеш секогаш да си индиферентен на истите. Има нешта за кои ни око не ми трепнува ама има и нешта директно во срце што ме чепкаат. Се трудам да бидам јака, силна, да издржам бар кога ќе сум надвор пред не толку познати луѓе. Кога ќе сум дома ако ми е тешко ќе си се исплачам, изнадерам - не гледам ништо срамно во тоа, а не гледам ни слабост во плачењето. Не дека ги решава работите ама полесно ми е. Ако го собирам сето тоа во мене може на погрешно место да прсне, а тоа е непосакуван исход.
Резилијентност Резилијентност е српско-хрватски израз и не сум баш сигурна дека резистентност е изразот,иако не е исклучено.Резилијентост е повеќе како прилагодливост,отколку отпорност. Во секој случај,лоши се примериве и претпоставувам дека се школски. Ана Франк се самоубива,а Келер е сосема ок.Да си слеп и глув,но сепак да знаеш да го -извикаш- своето име низ цел свет и те како покажува на прилагодување,користење на своите недостатоци како гориво и издигнување над се. Дали сум јас отпорна (ако се однесува резистентост),не сум.На прв поглед да,пред цел свет да,но во суштина сум само човек,но доброто е што брзо надминувам кризи и се регенерирам.Секогаш инсистирам на пооптимистичната варијанта,се разбира онолку колку што може да биде добра.Во секој случај,треба да си надчовек или нечовек за да бидеш отпорен на животов и се она што те повредува.Секако,ме повредуваат добар дел од работите кои се случуваат,се самосожалувам во даден момент,но тивко,во себе,плачам сама,но никогаш не го наметнувам на останатите,сметам дека сите се такви и доволна им е нивната карма и се трудам да избегнувам такви луѓе кои одат под изговор,ама знаеш јас сум емотивен човек.Ма дај,кој не е?!Па дури и најлошите се најлоши заради нивната неотпорност кон икс работи кои им се случиле... А како прилагодлива,сум.Имам што да образложам,сепак само ке кажам,научив да се издигнувам над ситуации и на крајот да ги свртам во своја корист.Не верувам во судбински преодредени нешта,иако доаѓам на крстопат во размислувањата кога дадени случајности не делуваат толку случајно,но сепак,навистина се трудам да го сменам курсот на движење и да се водам по онаа позната,веќе клише девиза,она што не ме убива ме прави посилна и мислам дека најдобро го опишува изразов.
Резилијентност Прв пат слушам дека постоело нешто вакво. Но се надевам разбрав за што се работи Спојлер Јас не ја дочитав книгата за Ана Франк, па ако не прочитав дека се самоубила, на сите ќе им велев дека на крајот среќно си живеела Познавам вакви луѓе, кои покрај се, во нив сеуште има гордост и почит кон нивните не дела. Храброст без цимолења и кукања. И кои пак упорно се борат во животот. Се обидувам да бидам една од нив. Да ја кренам главата и кога ми е најтешко. Да не дозволам поразот да се почуствува на моето лице туку пријателски да подадам рака. Но моите проблеми не се ништо во споредба со луѓето кои претрпеле свашта и останале на нозе. Јас како пример би го дала Игор Џамбазов. ( незнам дали баш погодив ) Човекот подпаднал под пороци, се коцкал, изгубил се, се дрогирал и што ли уште не. Но тоа му донело нешто што не се создава со скрстени раце - искуство и памет. Колку што знам едно време се криеше како калуѓер по манастири, за денес пак да застане на нозе и да си зема убава плата. Иако е јавна личност и сите негови лоши карактеристики може да ги дознае целата држава, успеа да ги оправда, а и има со што.
Се се учи па така и навиката да се справиме со тешките ситуации. Ја секој ден клекнувам по поразите и станувам по победите. Па знаете ли каква вежба е тоа? :wink: Внимавам, ниту при паѓањето ниту при станувањето да не испуштам звук за никој да не ме види ниту чуе. Моја си е, колку победата, толку и поразот. Мислам дека прашањето е како се справуваме со победите во животот? Мудриот човек си ја наоѓа тишината и кога му е најтешко. Мудриот човек и пред победите молчи и го ’поднесува’ тоа со наведната глава. Отидов оф топик но ептен сакам да видам мудар човек кај што се справува со неговите победи и радосни моменти.
Најпросто речено да си резистентен на некој лек, тоа значи дека доста долго си го употребувал и веќе не ти делува, пример бактериите веќе не ги убива. Е сега темава сигирно е за тоа да бидеме што понечувствителни на секојдневните удари и случувања, храбро да гледаме напред и да не се потресуваме многу, многу за се што не вреди, да не си ги трошиме нервите. Но тоа е уметност на живеење која е вродена,, негувана во семејството, или пак се учи како желба за опстанок и надеж за подобро УТРЕ. Обратно од ова е паѓање во депресија. Секој има избор, но треба да се наоружа со трпение, самодоверба, смиреност, релаксираност и да има јасно поставени позитивни цели кои ќе го одржат да оди напред, да успее и да му се израдува на животот. Се се може, важно е како гледаме на нештата и колку сме упорни. Мудрост е и да ја смениш целта ако видиш дека погрешно си ја одбрал. Така стојат работите во животот.
Јас пак за пример би го зела Еминем. Мајка му наркоманка, алхохоличарка, сакала и да го продаде, без татко, израснат во тешки услови, со Ким едвај ги израснувале децата, се издржал, се додека не наидол Доктор Дре, и кога го оставила Ким. Имаше период кога им се сврте на дрогата, затоа што премногу доживеал и реши дека е млад, да го виде животот и и се препушти на дрогата. Ама застана на нозе и кога умре најдобриот пријател од детството (Пруф) се издржа за сега да биде рапер број еден во светот