1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рентген и опасноста од него

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Hakerka, 19 декември 2015.

  1. Hakerka

    Hakerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    7
    Доколку постои веќе ваква тема избришета ја, јас не можев да најдам
    Значи како што гласи темата овде може да споделиме мислење од тоа колку е опасно зрачењето од рентген, искуства и сл.

    Еве јас пред некој ден правев рентген на цел рбет. Пред неколку години паднав и се повредив, многу ме болеше ама тогаш не отидов на лекар. До ден денес кога ќе се смени време, или не знам, кога предолго стојам или од ништо, почнува да ме боли и стега половината. Па си реков да направам снимка да се види да не било тогаш нешто изместено или не знам , ако треба некои посебни вежби да правам за да немам проблеми понатаму во животот.

    Во извештајот пишува дека состорбата е во граници на нормала.
    Сега си викам што ми требаше тоа снимање после толку години ама ете. По снимањето се чувствував чудно, како малку и да ми се повраќаше. Дали е тоа нормално? И дали се изложив на големо зрачење за џабе (иако докторката ми рече ќе стави на најмало зрачење) и колкава е опасноста од едно снимање?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Само ќе ти кажам дека се оптоваруваш со глупости. Секојдневно си изложена на зрачења многу поштетни од ртг зраците ;) башка што денешниве ртг апарати се со минимално зрачење.
     
    На Gosh, stilas7 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Другарка моја се правеше операција, 4 пати сигурно мислам 5 и правеа рентген на граден кош. Плус и онаа томографија..

    Што да каже, валда докторите не ке ја зрачеа толк многу за да се осигураат дека е се ок,
    не се мачи толку многу
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.603
    Пол:
    Женски
    На 90 посто од лекарите верувај ич не им е гајле колку се зрачат пациентите.Пред скоро секоја операција пациентот се носи на ртг.Тоа е веќе рутинска подготовка.За тоа како издаваат упути за КТ (ком томографија) да не ти кажувам.Ги делат упутите ко флаери а зрачењето при томографија е мн мн големо.Од друга страна пациентите ко игра си го сваќаат :снимаат глави,раце,нозе,кичми и при најмала болка И гајле си немаат.
    Порано рентгенолозите носеа посебни елеци-панцири за да се заштиташ од зраците денес веќе не се применува ова толку често.
     
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Дечки ај ве молам кој знае-што е помалку штетно Томографија или Рентген? Ми треба за снимање на синуси,матичната ми пиша за рентген но една пријателка ми кажа дека и со томографијата се снимале (опфаќале) синусите. Дали знаете нешто околу двете?