Рентген снимање на заби

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 5 март 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.046
    Допаѓања:
    66.641
    Пол:
    Женски
    Ајде прашање, каде сте правеле снимки и колку ве чинело? Има ли за снимање во Букурешт, или само во Ѓорче? Ме интересира за панорамска снимка како се цените и колку е разликата на државно и приватно. :) Мене ми кажа една другарка кај што била да се снима и земале 500 денари за панорамска, ама некако ми се чини дека е многу.
     
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    кај нас во свети николе, во државната наплаќаат 300 денари. ништо повеќе :)
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    А зошто не ги снимаш на Клиника за стоматологија, пред околу две години, пред да вадам умник, јас таму правев снимка ама мислам дека не беше 500, поевтино беше мислам а и не се чека, снимката брзо ја даваат.
    Можеш да им се јавиш да прашаш за цена 3299 000
    Само што за снимање треба да ти дадат упат од матичен стоматолог, мене матична ми беше докторка од Клиниката од дентална-болести на заби и ендодонт
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.046
    Допаѓања:
    66.641
    Пол:
    Женски
    А со закажување е? Да не се чека?
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Па треба да земеш упат од матичен стоматолог, за панорамска снимка и одиш доле во подрум на Клиника (ако ти дадат упат за на Клиника), може и да те упатат на друго место или ти кај ќе побараш.
    До сега два или три пати имам правено рентген снимка на забите на Клиника и не се сеќавам дека сум чекала многу, последниот пат чекавме само два-тројца за снимање и брзо завршив, нема гужви таму мислам. Ќе ти каже матичниот стоматолог дали се закажува со време и датум, сега со мој термин не знам дали го ставиле и рентгенот, можно е, затоа ти дадов број да прашаш. Јас мислам дека со мој термин се направи поголем хаос отколку ред.
     
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    На приватно мене ми земаат 600 :)
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    12.962
    Пол:
    Женски
    За панорамски снимки со упат се чека и по еден месец зошто државни панорами има само на клиника и на Бит пазар, а на клиника не постои начин да се упатат. Постои специјален рентген упат, а на мој термин не ја внеле клиничката панорама за да може да се направи таков упат. Мака измачив со пациенти овие месеци, никако не ги примаат на клиника. Само ако ги пратам на специјалист на клиника, па специјалистот да ги прати доле да се снимаат. Иначе дирекно од кај матичен нема начин (да не зборам пред рака, ама јас барем не најдов начин). За единечни снимки има еден куп места за снимање на државно, и обично може да се закаже за другиот ден, ако имате среќа може и за истиот. Единечните снимки со упат се бесплатни, а панорамата е 100-150 денари.

    Приватно панорами има повеќе низ Скопје, јас лично сум најзадоволна од Круна во ГТЦ. Мислам дека сега секаде е 800 денари панорамата, ако некој знае за поефтино, кажете ми, радо би пракала пациенти таму.
    Единечни снимки се 150-200 денари приватно, зависи каде. Тие може да се направат и во обични ординации, мислам дека во секоја населба има барем по една ординација што има апарат.
     
    На RainBow и Abeja им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Моето семејство и јас одиме на снимка на заби кај др.Африм приватно.
    Има ординација карши фонтана во парк, чисто, за 10-15 завршуваш работа и земаш снимка. Нема закажувања, си одиш на лице место, и панорамска снимка е 800.
    Инаку има ординација и после Бит пазар на Јаја Паша ама незнам каде е точно.
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Во Круна во ГТЦ мене ми се чинат најпрофесионални, 800 денари беше панорама,правев негде пред 2-3 месеци,би требало уште да е толку.
     
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    На клиника 40 ден. е панорама со упат од матичен,а приватно 500 :)
     
  11. cherry02

    cherry02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае колку чини единечна снимка во Круна во ГТЦ ?
     
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    3.717
    Пол:
    Женски
    Предлог за панорама на заби некаде каде што е поефтино?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.373
    Допаѓања:
    200.779
    Пол:
    Женски
    На клиника, со упат од матичен стоматолог. Ама квалитет - дискутабилен.
     
    На Снегулк@23 и Spidy им се допаѓа ова.
  14. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Треба да снимам заб врз кој ми стои мостот
    Дали може да се снима забот со мостот или треба да биде изваден мостот??
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.874
    Допаѓања:
    123.009
    Каде да направам снимка на приватно , мислам дека ми расте 8ца имам болки :(
     
  16. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Најде ли? Истата прикаска е кај мене.. Матичниот со упат ми закажа на Клиника Битпазар ама тек на 7ми септември, не ми се чека за една недела за минута снимка. Јесте поевтино тридупло ама... Кажете на приватно негде кај може, да зимаат најмалце??
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.874
    Допаѓања:
    123.009
    Не
    Излезе воспаление на синуси кај мене :(
     
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.873
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    1000 денари, др. Африм карши парк.
    Снимка готова за 10 минути.
    Тука сум моментално :D
     
  19. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    572
    Каде можам снимка да направам и колку чини, пожелно во реони Центар, Аеродром??
     
  20. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Машки
    Рентген снимки на заби бизнис или вистинска потреба за непотребно зрачење
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.