Република Северна Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Deni87, 2 декември 2018.

  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    *Денес во собранието се изгласа првиот амандман (33), со кој се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“.

    Во оваа тема може да дискутираме за актуелни настани поврзани со новото име.
     
    На WildMk и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    а вчера се смени името и Македонија замина во неповрат ;(
     
    На Shmizla94, Роберт 7, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
  4. Didi666

    Didi666 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    А на вас што ќе ви смени промената на името? Освен што ќе дадете 2000-3000 илјади за промена на документите што друго ќе ви смени? Повторно ќе си станувате насабајле за истата работа повторно ќе ги гледате истите луѓе. Дали знаете дека ние не бевме признанеи како држава? Сите држави во Европа беа во ЕУ само ние од инат не сакаме да влеземе.Зошто? Од инат. Барајте на интернет за фудбал за кошарка натпревари и др глупости да видете како бевме пишани-FYROM тооа е поранешна југославија. Е за тоа име се буните вие. Поубаво ни стои FYROM. Се буните а ваѓате бугарски пасоши и барате работа во германија и словачка. Името не се јаде... Но со таа промена ќе ни се отворат многу врати за нас и младите идни генерации. Цела Европа ни честита за промената бидејќи со тоа докажуваме дека не сакаме конфликти и сакаме да сме дел од целото. Зарем не сакате децата да се вработат во некоја странска фирма за поголема плата? Луѓе голи и боси сме. Името треба да ни е најмал проблем. Треба да се радуваме што конечно некој ќе направи нешто овде што ќе доведе до промени. Од ова полошо нема. Мислите дека кога ќе одите некаде во странство на некој му е гајле дали вие сте Македонци( УПС САКАМ ДА КАЖАМ поранешни југословенци) или Северно Македонци? Не. На никој не му е гајле. Луѓе, на младите останува светот. А младите сакат отворени врати сакат крила. Сакат да живеат да имат добро платена работа, подобар едукативен систем а не партиски книшки и колење за едно име. Гледате ли дека ниеден млад човек не се буни за ова туку само постарите. Ја видовте ли девојката што ја симнаа пред собранието? Таа не викаше за името таа викаше за иднина. На младите им треба иднина а не име. Со овој пост не сакав никого да увредам се изв.
     
    На karak, Alien_92, Viki693 и 31 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    :bow: :bow: :bow:
    Како јас да сум го пишувала мислењево (y)

    Се бунат за Северна, ама први се да извадат бугарски пасоши и да заминат што подалеку. Нив не им смета FYROM, ама за Северна скокаат први. Оној Бегалецон уште го величат, а од толку љубов кон Македонија и македонскиот народ избега да си го спаси газот. Важно уште го сметаат за патриот.
    Изгледа најлесно се сака Македонија кога си што подалеку заминат.

    Името Македонија нема да нè нахрани, облече и да ни овозможи нормален живот тука, а со придавката Северна верувам дека со тек на време работите ќе тргнат на подобро и за нас и за идните генерации.
     
    На Amellie13, blackwave, karmenka21 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Направи добро - не чекај. Направи лошо - чекај.
    Ако ни го начукаат .... ќе видите што ќе НИ смени. ;)
     
    На ADOKI, jasbi, Juicy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Придавката "Северна" ќе не нахрани и ќе ни овозможи убав живот? Тоа е исто како да сме склепале златно теле и да му се клањаме верувајќи дека ќе ни реши проблемите и ќе не одведе во ветената земја. За гревој сте луѓе мои, ништо не сте научиле, за вас е само камено доба, само таму човек ќе ви најде некое оправдание за умот.
     
    На shiro, sleepingbeauty, SnowWhite8 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Capture.PNG

    Извинете за вулгарноста, не е за мене својствена, но ете некоја друга во форма на твит изразила точно што мислам за ова.
    Толку. :sun:
     
    На Amellie13, Gosh, Elinora и 14 други им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Сте се фатиле за историјата како слеп за стап.
    Не сте против ЕУ и НАТО, ама сакате без придавка, епа не може така. Да можеше да влеземе само како Македонија во ЕУ и НАТО вашиот патриот бегалец имаше можност тоа да го среди во рок од 11 години, ама ништо не успеа да направи. Затоа сега не рипајте многу.
    Не ја правете работата, сакам да научам да пливам, ама да не влезам во вода.
    Остајте го минатото, мислете малку на иднината.
     
    На Viki693, staycalm, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  10. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Сеа ќе влеземе во НАТО и ЕУ и ќе тече мед и млеко.
     
    На Bitter-Sweet, koritsaki, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Мене ме интересира, што ви се смена вчера, во однос на ден претходно?
    Пак исти стоки се македонците.. Па ако сакаат и 'Царови' нека не крстат.
     
    На Waverly Raven, Lolo5, Thallia и 10 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Постави го ова прашање на мајките,децата нивните сопруги,браќата и сестри на тие македонски војници (мислам 15 беа) што погинаа пред 2-години во заседа во Куманово -Јасно??
    Прашај ги нив зошти им загинаа нивните најмили?За која држава загинаа и за која цел и кауза? Зошто ги дадоа нивните животи?Оставија семејства зацрнети за навек.
    Да не спомнувам за загинатите од 2001 год.Прашај го Стојанче Ангелов за нивните жртви дадени за Македонија.
    Се надевам ќе добиеш искрен одговор!
     
    На SeaMermaid, H.VAGA, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Пак е наша државата. Не ја изгубивме.
    Стојанче.. ич неќам да го прашам. Работеше обезбедување на бродови, кои се движат во води со пирати.. Модерни пирати.
    Знаете што прави обезбедување на брод кога е нападнат бродот од пирати? Пука и убива на лице-место.
     
    На daylight, staycalm, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Да,да,да.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Шо да?
    Шо изгубивме жити патиките?
     
    На Viki693 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Didi666

    Didi666 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Јас ја разбирам горчината на некои граѓани а тие се приватните фирми и фабрики и дуќани што се бунат бидејќи тие губат во оваа ситуација. Ќе треба да ги зголемат платите а нивниот профит ист ќе остане. Нив ги разбирам. А овие што се на државна работа па зошто они се бунат. Платите ќе се по европски стандарт што и така треба да биде. Ова овде е ненормална работа. Приватизациите стават ли стават во џеб а не сакат да ги исплатат луѓето тоа што го сработиле. И сега ќе треба да ги качат стандардите. Нив тоа не им одговара. А тие што се на државна работа нека си гледат напред и нека си свиркат. Сите треба да имаме исти примања. А не приватизациите да дават по 12 000 за некој што се утепува од работа а некој што го шутнале во полицијата да зема по 30 000 и да не прави ништо. Сите сме еднакви.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Јас сум Македонец и сум човек, не сум стока.
     
    На SeaMermaid, H.VAGA, Bitter-Sweet и 11 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    пф.. па си Македонец. Не се смена |(
    Истата гла ти е на рамена.

    Нема да остане ист профитот.
    Ако се зголемат плати, потрошувачите ќе имаат повеќе пари, обртот ќе стане поголем.
    Проста математика.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Didi666

    Didi666 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ј
    Потполно те разбирам. Но сакам да кажам дека ние неможеме да живееме уште во минатото. Како се борел Гоце делчев, комити, партизани за Македонија итн... Нека им е лесна земја на починатите а ние живите да си створиме подобра иднина и да гледаме само кон подобро. За нас. За нашите деца.

    Ете ти. Бродови. А бродови во македонија нема. Зошто тогаш не дошол да работи во мојот град во ваа фабрикта Вори? Плата дават после 7 месеци ама битно во македонија си. Патриот си. А децата државата ќе ни ги гледа.
     
    Последна измена од модератор: 12 јануари 2019
    На blackwave, daylight, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Е на бродот даваат и по 10.000 евра од месец.. редовно..
    Ама за тие пари, треба да си убиец.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.