Република Северна Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Deni87, 2 декември 2018.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Не може. Кога гледам дека домот ми го земаат и ми бранат да постојам, се поларизирам. Инаку си седам мирен.

    Како митот за таа вратата што, што повеќе ја туркаш, толку поцврсто се затвора.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Лелеее ма,стана сентиментална па вртиш како "киша око Крагуевца":wasntme: Не ми лади овде,кога јасно си кажа погоре,и ги навреди војниците. Не ми барај изговори. Прво не ги почитуваше загинатите и ги "исмејаваше",па сега ми глумиш овде.Дај те молам олабави. Тие треба да се впишат во поновата историја како загинати херои за Македонија,да се напише зошто,како и од КОГО загинале.
    Патем,каде виде,и каква пропаганда водам јас жити се? Што сум против промена на името?Така ве учат у штаб?Кој е патриот-по дифолт е непријател на северџаните?Ццц кај ве наоѓаат бе вакви??
     
    Последна измена: 13 јануари 2019
    На SeaMermaid, zuto, Ursi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски

    Точно, правата вистина е тоа, но касно е душо моја, лек за тој смртоносен отров не изумиле, само отровот е намерно вбризган во секој поединец со неговото раѓање.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Вие очигледно не сакате да ја прифатите реалната слика. Македонија е никој и ништо а не за џабе порано Римјаните за да го држат народот задоволен велеле да му се дадат леб и игри на народот“. Ова е старо правило и за жал политиката и „врвните“ економисти во државава не го сфатија тоа од независноста па наваму. Од држава со ниска стапка на невработеност тогаш станавме држава со една од највисоките стапки на невработеност и една од најсиромашните земји во Европа. Е, затоа што нема „леб и игри“ во државава затоа повеќе од деведесет проценти од граѓаните се изјаснуваат за напуштање на државава. И кога имаш сиромашна држава не ти помага ни патриотизам, буквално ништо.

    Многу е јасно дека економијата нема одма да отиде во нагорна линија кога ќе влеземе во НАТО или пак во ЕУ. Нема Европјаните да нѝ дојдат во дворот и да ни го средат самите тие, туку тоа мораме ние да го направиме. Ама народов веќе колку-толку е свесен дека ова нема ама баш никогаш да се случи и „не пие нафта“ (македонска фраза, за да не помисли некој дека навистина пиеме нафта) и затоа веќе луѓето не се замараат. Разочарани се и сакаат едноставно да ја напуштат дупкава.

    А ВМРО-ДПСМНЕ ако толку беа загрижени ќе беа во Собранието и ќе гласаа против закониве. И на првото гласање а и на второто.

    Но, бидејќи не беа таму повеќе од очигледно е дека работата е договорена. А искрено, БЕСА ги зафркнаа сега вака гадно. Вака испадна дека со нивното недавање на гласови (ова се однесува на ВМРО) направија штетата да биде уште поголема, а тоа Мицкоски го направи зошто мислеше дека Заев ќе најде без БЕСА луѓе за да ја изгласа измената и си велеше сигурно дека ако не е во Собрание дека од една страна ќе го испере образот пред граѓаните а од друга страна ќе направи да ја заштити својата партија од критиките на европските политичари, па и да ја заштити од санкции и ред други работи.

    Нема игри и нема леб - нема задоволен народ и нема сигурно да се замара со оваа дупка. Да имаше леб и игри работата ќе беше поинаква.
     
    На shiro, AnnabelLee, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам дали конечно ќе се отвори Лидл сега кога сме "влезени" во Еу?
     
    На SeaMermaid, WildMk и violetblue им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ова !! Место на вакви ствари да се фокусираат се запнале за некои таму споредни небитности .
    Ќе се отвори Буби и ја чекам.:wasntme:
     
    На WildMk, violetblue, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Да не беше Вмро, овие од Сдсм никогаш немаше да успеат да го протуркаат ова.

    Секоја им чест за театралната глума.
     
    На WildMk, zuto, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Не сакам да зборувам за политика само ќе се задржам на реакциите на македонскиот народ во врска со името на нашата земја.Ќе зборувам за менталитетот на македонскиот народ и ќе ве потсетам на нешто што се случуваше во скоро време. На дел од вас ви е гајле дали државата ќе се вика Македонија, Северна Македонија или не знам како. Го почитувам мислењето на секого од вас, ама морам да кажам дека навистина се срамам што го делам воздухот со луѓе кои брзо забораваат на минатото. Вистина минатото не може да се промени и треба да гледаме кон иднината. Дали сметате дека ќе имаме подобра иднина после се? Јас не мислам така. Сте се запрашале како и е на мајката која го загубила својот син? Како и е на жената која го загубила својот маж? Како и е на сестрата што го загубила својот брат? Како му е на детето кое не го запознало својот татко бидејќи го дал својот живот за вакви гнаси како нас да живеат во мир? Како им е на сите тие илјадници раселени семејства кои и денес се плашат да се вратат во своите домови односно тоа што останало од нивните домови? Како им е на сите оние кои го поминале тој пекол и сега не можат со ноќи око да затворат поради тоа што им се враќаат сликите од тој хорор? Сте се запрашале како им е на сите тие и како се чувствуваат после сите валкани игри кога сфаќаат дека кон нив се однесуваат како лепешки? Дека загубиле свои блиски кои нема да ги вратат никогаш? Верувам дека дел од вас загубиле свои блиски или пак со нетрпение чекале да заѕвони телефонот и да им го слушнат гласот и да знаат дека се добро. Епа и јас бев еден од тие кои молеа Бога неговиот татко да се врати дома жив и здрав. Дел од тие кои ги бранеле нашите домови, сега се технолошки вишок, некои живеат на улица, некои поради сите трауми кои ги претрпеле не се веќе помеѓу нас и оние кои едвај врзуваат крај со крај. Зошто? За сите дезертери и сите терористи од тоа време да ја креираат иднината на оваа земја. И за крај да кажам дека сум аполитичен. Ме заболе мене црното под ноктите и за ВМРО и за СДСМ. Едноставно не е фер кон нив ова што го прават. Наречете ме психопат, лудак или не знам како ама јас останувам на својот став.
     
    На shiro, SeaMermaid, jasbi и 11 други им се допаѓа ова.
  9. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Мене ме исцитира кај што пишав држава ја чинат народ и територија па се надоврза дека ако народот заборавил кој е не му треба држава, после испадна имало држава, низа контрадикторности.

    Баш дека луѓето ги прават државите, западниот дел каде што сега со уставните промени го населуваат албанци еден ден ќе си створат своја држава,баш дека луѓето ги прават државите.
    Србија го има Косово и нас не очекува ново Косово.
    Не сакав ич да те цитирам, ама контрадикторност до контрадикторност ...до бескрај.
     
    На shiro, SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Те разбирам, но што ако тоа гледање е всушност гледање на привид? Имено истото такво гледање го имаат и соседите, но тие искрено веруваат дека токму тие се загрозени. Не може сите да е во право, туку попрво е дека сите се во заблуда!
    Олабави ти со „патриотизмот„! Не постирав јас нивни фотографии туку ти. Ти си си таа што не покажува почит.
    Со раѓање тоа не се врбизгува туку со (не-)соодветно воспитување од страна на родителите, училиштата, медиумите.... Но откако човек ќе стане возрасен има право да одлучи дали сака да се труе и понатака или не. Ако човек реши правилно да се преориентира (на пр. сфати дека не сме ова минливо тело) тој отров се исфрла од свеста и престанува со своето погубно дејство.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И да не беше прва постава на СДСМ немаше да дојде на власт прва постава на ВМРО па оваа па онаа па вака.
    Од сите искорумпирани политичари е вака( @RAF Camora од нив е се тоа така како што си опишал).
    Продадени души, продадоа и уништија се напредно што беше во државава последно остана името.
     
    На Shmizla94, Роберт 7 и iki26 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Да, у 2050.
    Здрави и живи до тогаш
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Патриот за навек :P
    За подобро утре за мене и моите деца,бидејќи сега не гледам светла иднина во Македонија.За вас северџани пасошот во џеб,и ајт надвор у бели свет :^) .Јас ќе ви платам карта во еден правец (fingers)
    Јас постирам нивни слики бидејќи ги величам како херои,и благодарејќи на нив ние "засега слободно" живиме.Тука и ти се вбројуваш патем
     
    На SeaMermaid, Tanjamm и carangigia им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Не ми беше поентата шта би било кад би било. Ами маестралната, математички (не) прецизна глума на Мицко.

    Сдсм не ги ни коментирам. Нема потреба. Се што сум кажала за нив, потврдиле со дело.

    Ама сум стоела зад Вмро, сум гласала за нив.

    Среќа па малку останаа од оние кои не ја гледаат реалната слика.

    Останаа уште двајца, тројца, па дури и на форумов, да го бранат најголемото зло кое и се случило на државава. Сдсм и Вмро.
     
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  15. MsBoo

    MsBoo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Обично не коментирам и не пратам политика но тука морам да кажам збор-два.
    Го сменија што го сменија името,ама дали знаете колку ќе треба да чекаме воопшто за влез во нато и еу(намерно со мали букви)...првин треба да се заврши се со Црна Гора,па потоа ние идеме на ред АКО грција го ратификува договорот и случајно некоја друга држава не ни тупне вето :rofl:
    Инаку да имаше нашето напатено државиче саглам политичари на нас немаше да ни треба еу и нато,ние лежиме на такви природни богатства што немате ни сами претстава колку вредат и сигурен сум дека ќе бевме на исто ниво со развиените држави...ама се додека има амеби политичари и овци народ ќе си тапкаме во место.

    СУМ ПРОТИВ северна затоашто сум 100% сигурен дека ќе стигнаме како Бугарија - масовно иселување,само старци останати(иако и сега е така) но со разлика што на нас ќе ни тупнат мигранти од блиски исток :?:

    Али ајде,живи били па видили
     
    На shiro, SeaMermaid, Shmizla94 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.787
    Допаѓања:
    274.545
    Јас не спомнав партија никаква.
    Прашав од каде ви право да кажувате дали ќе гласале за Северна Македонија?

    Прво - специјалци се, убиени се на задача, значи некој им наредил да работат нешто, не отишле по свое лично убедување.
    Второ - мртви се, така што не си земај за право да зборуваш во нивно име и со нивно име да си правдаш свои ставови.
    Едноставно не знаеш што би мислеле за името.
     
    На Yowannty, buba4e89, violetblue и 4 други им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Добро, биди си патриот за навек, ама биди вистински патриот! Еве примери за вистински патриотизам:

    Сите сити

    Србија забрани додавање шеќер во соковите

    Каква врска има ова? Голема! Така се покажува почит кон солуѓето, граѓаните, државата. Здрави и нахранети граѓани ќе можат да градат и здрава иднина!
     
  18. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Не се мртви туку ХЕРОЈСКИ ПОГИНАТИ А ЖИВИ.
     
    На shiro, zuto, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Се дур се делиме на ВМРО и СДСМ ќе ни е**ваат матер аман.
    Доста глумите лажен патриотизам и се величате овде.Кога се обични анонимуси.Мислите гајле му е на некој дали сте поголем патриот од него или не?НЕ.
    Сите си гледаме за себе.Името е сменето и тоа е тоа.Останува да видиме дали ќе има некаков напредок.
     
    На The_boy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Не е сменето.
     
    На Feminka22 и nadja.d им се допаѓа ова.