Веќе никој не се залажува напротив на сите ни е јасно колку е саат. Не залажуваат тие што се потплатени за тоа, ако има некој неупатен да му перат мозок ако смениме име и некој си ти имагинарни реформи направиме одма ЕУ со раширени раце ќе не дочека. А и тие самите или гледаат да избегаат од тука или се неспособни да се интегрираат надвор од тука и да заработуваат таму некаде па гледаат да живуркаат од трошките кои им ги фрлаат тие кај кои лижат.
Се радува Козијас ,тоа е врв на грчката подлост и злоба.Но има некој Помоќен Кој ќе суди праведно,ова е невидена неправда и срамота .живела Северна Македонија
За ова што сама го пиша, ти објаснував: Точно е.. Нема да влезиме, додека не средиме и внатре и надвор. Такви реформи. Тоа треба да го направиме, без разлика на ЕУ.
За нивна употреба во нивно меѓусебно допишување така го нарекувале, ама на ништо име не смениле. Се си останало да се вика како се викало во Македонија. А не Грците зедоа се од територија на Егејска и одма променија имиња од улци до села и градови.
Освен што Скопје го прекрстиле во üsküb, Битола во Manastır, да не ги спомнувам Демир Капија, Демир Хисар, Јурумлери... а тогашните турци овдешното население го сметале воглавно за бугари и срби.
Ниту во НАТО ниту во ЕУ ќе влеземе во блиска иднина, а и да се деси нема тоа да биде поради ова. Ние променивме устав, но никој не гарантира дека и Грција ќе направи промени. Тоа е договор на слепо. А за тоа дека македонскиот народ се надева па и бара нешто добро во сева оваа трагичност јас воопшто не го обвинувам. Дури и во Р. Македонија народот не виде добар живот, ниту пак со патриотизмот се посреќивме ниту пак ќе се посреќиме. Што друго му остана освен да се надева.
Не си во право за ова тие разликувале и народ кој по говорот нит е српски нит бугарски нешто помеѓу, баш во нивните архиви прв пат ова е наведено а потоа се надоврзал на ова некој австриски историчар. Тие населението повеќе го делеле на каури и ко нив муслимани. И да прекрстиле локалното население си ги викало местата како и ден денешен оди прашај ги егејците што останале во Грција и морале да се погрчат да посведочат што им правеле ако речат Солун наместо по грчки.
Имаш измешано нешто. Руска пропаганда било да се направи македонското население бугарско и да бидеме сојуз од 2народа во една држава-мајка Б'лгарија(русите сметале таквиот сојуз дека има поголеми шанси да опстане). Аpril 6, 1878 in Salonika To the Right Honorable Austen Henry Layard "...Russian agents are busy in the country, and even here, trying to get petitions that the whole of Macedonia be included in Bulgaria... They tell the people: If you remain out, your state (and you see what it is) will be worse then it was before, while if you attach yourselves to us and our cause, you will get all the benefits accruing to a large and powerful Kingdom, under Russian protection... I remain... Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187. 1878 From the record of the Imperial Russian secret archives on the arrangement and government of the Balkan regions. ...Count Shuvalev demands that all the necessary measures for pacification of Macedonia be undertaken. For its purpose, it would be desirable to send competent agents there, and to proclaim to the Macedonians on behalf of the Governor, the Emperor, that His Highness is concerned about their fate, as much as for the other Slavs, and they will be granted the same freedom as that of the Bulgarians, now already liberated.... Dokumenti iz sekretnite arhivi na Ruskoto pravitelstvo. Sofia 1893, p.11-12. Ете како не именувале во нивните архиви, не ко бугари или срби!
@rolulika сакам да кажам дека е мит оти турците го чувале името. А за британските и други архиви, да така е, и добро е што таму постои Македонија.
Па објасни се така И во турски и австриски архиви го има(и во грчки го има, кога имало допис меѓу погрчувачите учители и попови во Македонија и нивните надредени во Грција, тао нив ги загрижувало што не успевале да го претопат тој дел од народот во грци...се пробувале и правеле, ама не се давало македонче) Спојлер Инаку тоа е зафрканција многу им било гајле на турците името да ни го чуваат, па и да се мачеле да ни го сочуваат за ваков народ не вредело, самоволно го продадоа некои од нас
А ана сана ваша Знаеш дека е така дека едини кои на Македонија не ја смениле нит географски нит било како... За време турско во Македонија се изградени најмногу цркви и манастири што е доволен доказ ...
Згрозена сум од предавството кое ни се случи.Да,предавство.Прво,правото на самоопределувње е повредено,да не речам згазено.Пазете,тоа право е наднационално,признато од цела меѓународна заедница,со многу поширок концепт од ЕУ.Се вбројува во т.н. jus cogens норми,и за чие кршење има одговорност на држави,па дури и кривична одговорност.Да бидам искрена,грците сакаат промена на име,затоашто се плашат од одговорноста која ги терети за нашата територија,уште од 1913 година.Она што тие го правеле,е злосторства против човештвото,па потоа геноцид,етноцид.Некој ќе рече сега,колку се моќни тие,од нас ли ќе се плашат...Ама самиот факт што кога беше извесно дека Македонија ќе се отцепи од СФРЈ(всушност беше извесно дека СФРЈ ќе се распадне),тие си ја прекрстија Егејска Македонија(до тогаш нели „северна грција“),во Македонија.И знаат дека во тој регион мнозинството е се уште македонско,и дека доселените карамани,едноставно им го побиваат фактот за „грчкиот“ карактер на Македонија.Потоа тука е и стравот дека меѓународната зедница би ја поддржала Македонија,во тоа време,да си ги бара окупираните териотии назад.Затоа се ставени амандман 1 и 2 во Уставот,и сепак само формално го затвориле тоа прашање.Тие се големи националисти,играат на таа карта,за да ја сочуваат заграбената територија.Доколку се покрене спор пред меѓународен суд,за нивните злосторства,ќе се соочат со многу проблеми.Од санкции,до најголемата за нив казна,признавање на вината и јавно извинување.Големите сили,па нив ги штитат оти тие им ја направиле државата.А Македонија е само колатерална штета во нивната игра,заради својата геостратешка положба.Ова како увертира,зошто целиот овој проблем толку долго се провлекува. Самото тоа што како народ дозволуваме да ни се прави ова,говори за нивото на политичка култура.Не обвнинуваат за национализам,кој патем не е лоша работа се додека не е хард кор(нема ништо лошо во тоа да си ја сакаш земјата),ама еве се гледа кој е настроен кон фашизам,би рекла повеќе.Да се случеше ова во Албанија,Бугарија,Србија,ќе ги запалеа живи.Ама кај нас молчат луѓево од што изгубие верба во се.Во ваква состојба на аномија,како што не зафатила,научно е докажано дека бројот на самоубиствата е зголемен.Ама држава да се самоубие,е тоа прв пат го гледам.Како што кажав,политичката култура е овде парохијална,не е веќе ни поданичка.Едноствано изгубија луѓето сенс за припадност.И ако на некој му е ок дека сме го смениле името и сме го продале идентитетот,за мене не е.Ако не било важно кој си и што си,немало да постои национална историја.Некој ќе рече,да го оставиме минатото.Ама за лаик можеби и не е важно.Но за политичар,правник,историчар,лидер,власт,држава,и тоа како е.Историското искуство ни ја трасира иднината,колку и тоа да не изгледа на прв поглед така.Една држава не може да опстои без психолошкиот момент на национална гордост и припадност.Вака обезличена како Македонија,не би одела долго време.Еден ден ќе ја преземе некој друг.Да бидам поконкретна,решение можеше да се бара на друг начин.Најприфатливо,двојна формула,без чепкање во идентитетското прашање,кое и онака недозволиво.Ама тоа што не се купува со пари,се купува со многу пари.Продавање евтина пропагнда за ЕУ(затоашто на тој поим скокаат нашиве,а не се свесни дека за влез треба да се отворат 33 поглавја,а ние не го исполнуваме основниот услов-владеење на правото),манипулација и демагогија,во секој поглед.И се разбира,фрагилни политичари т.е. пратеници кои се слика на фрагилното цивилно општество.На крај,тргнаа против Уставниот поредок,т.е. го срушија.Менуваат по втор пат преамбула,за која добро знаат дека се менува само кога се носи нов устав.Албанците искористија најмногу,и тоа оние кои во 2001 правеа пустош.Америка доби исто,ќе влеземе во НАТО,оп нови бази на оваа територија заради геостратешката положба.И во грција ќе го ратификуваат,иако сега си прават глума пред нивното население дека се против,факт е дека тоа е фарса.Ете затоа е цела претстава,не дека некој мисли на овој народ.Никаква подобра иднина нема со продавањето на националното достинство и лижењето на чевлите на Големите сили.Северџаните сега со новите „еу“пасоши,патот под нозе.Од друга страна ова е историска шанса да се реши македонското прашање еднаш засекогаш,се разбира ако се знае да се искористи ветрот кој дува во нашиот грб.Македонците,ќе се борат допрва за ова парче земја.Со сите правни средства,со се што постои на располагање.Тука има и интелектуална фела,и обични граѓани.Верувам дека ќе се отстрани неправдата.Инаку Договорот е подготвен од адвокатска канцеларија во Вашингтон,со грчко лоби.Во тој „историски“ договор,никаде не се споменува предсудата од Хаг,тоа доволно говори колку е тој „поволен“ за нас.Јас т.н. „Република Северна Македонија“ не ја идентификувам како своја,јас имам само една татковина,Република Македонија.
Инстинктот ми вели дека ова не е добро. Грците не се глупи да прифатат нешто што не им одговара. Штетите ќе ги видиме допрва. Требаше кога ќе истечат документи да менуваме, еве сега велат 2024 година најдоцна да се смени. Имам пасош кој ќе важи 10 години, ама сега со ова нема да важи. Значи предвреме ќе морам да менувам. Првично не кажаа така.
На Америка не и е битно ние да влеземе во НАТО за да користи бази и ние не влезени во НАТО насекади им дозволивме да имаат бази, цело прислушкување е нивно дело. На Американците им е важно да направат тампон зона и спречат продор на руското влијание и тоа делумно го остварија преку влез на Бг во НАТО/ЕУ, следни сме ние за НАТО, а за ЕУ ќе почекаме. Така да Американците беа свесни дека кога тогаш ќе мора да им удоволат на Грците(на Грците не им е толку битно името колку да се отвори уставот и направат промените во амандман 1 и 2 ) Дека името ФИР-Македонија или Северна-Македонија е исто во нивни очи што е разликата ништо. Ова се беше претстава за да се осигураат дека ќе се отвори устав и промени вистината и нас да не направат дека имаме иредентистички намери. А и на албанците им беше во прилог отварање на устав за да добијат тоа за што се борат од 2001ва и нив Американците со притискање на Македонија да смени име(а со тоа да се отвори устав) им удоволи. Американците ја притиснаа Македонија да смени име само за да се отвори уставот. Заев продаде убава приказна дека мед и млеко ќе тече и платите 500евра ќе бидат за да создаде свои поддржувачи, ама знае и сам да има утре избори ќе гине, албанците пак ќе добијат. Заев имаШЕ поддршка од албанците до овој момент, добија што бараа, задоволни се. Заев во македонскиот блок губи, освен кај некој неупатени или потплатени да раскажуваат приказни наоколу. Убаво пиша @Д.Чобанова како им е во Бугарија откако се во ЕУ. Бетер не чека.
Таквите реформи не значат промена на името. Ни требаат асални луѓе што ќе ја водат државата, што ќе се трудат да направат промени во образование, здраство, администрација и другите области, а не криминалци што само си гледаат лични интереси и воопшто не им е грижа за државата, ниту пак за волјата на народот.
Сашо Ивановски го навреди Стоилов што си го зачувал името Македонија и сторил дело во кое не се чувствувал како Северњак. Дали тоа значи дека сите ние сме националистички кучиња и кучки што сме задржела име за себе. Овој да се погледне у себе кога прави интервју или дава изјава бидејќи вакви навреди не упатува само кон Стоилов туку кон сите кои сме неутрални во поглед на партијата. И да си даде оставка бидејќи само прост човек може да се служи со такви одвратни зборови.
Жaлнa и тaжнa е иднинaтa aкo не терaaт дa живееме вo oвaa држaвa, тaкa беше сo рaмкoвниoт сегa е бетер и уште пoлoшo ќе биде, oвa е сaмo пoчетoк... Oвoјпaт мoрa дa и гo свртиме грбoт нa еврoпa и зaпaдoт и пo зaкaнa нa вoјнa, пoдoбрo пушкa дa нoсaм и дa зaгинaм негo мoите децa дa ги кaзнaм дa живеaт кaкo бездoмници.
Најверојатно студираш на правен, добро сестро златна, до факултет си стигнала а не си научила основни правописни правила?