Убаво кажа Ѓорчев: „Оставете ни ги таблите, во подрум, на таван. Ќе ни затребаат еден ден“. Со сиот ум мислат дека ќе ги асимилираат Македонците? Историјата покажала дека и во состојба кога Македонија била избришана од картата, опстојал македонскиот народ. Сега под некаква северна творевина ќе не збришат? Она што со сила е сторено, сигурно ќе си дојде еден ден пред лицето на правдата. Нека менуваат идентитет, табли, историја... Нема да им успее. Не дека сега не е болно, боли да те избришат, ама не е прв пат. Не како идеал, туку како реланост, знам дека ќе се сруши целава неублоза како кула од карти. Максимум рок кој го давам, е 50 години. Светот секојдневно се менува, а драстично ќе биде поинаков ако светската политика продолжи во овој правец. Македонија како таква северна или како и да ја шминкаат, нема да биде изолирана од влијанието на овие политички бранови. На краткорочен план, очекувам негативните импликации да се почувствуваат во многу скоро време. А ќе ги има, допрва ќе произлегуваат. Сатисфакција кај македонскиот народ, верувам дека ќе биде кога северџаниве ќе бидат изнесени пред лицето на правдата. А нема да ги избегне, ќе си дојде правдата на свое место. Ниедна асимилаторска политика не останала скриена, на акција, следи и реакција. Севернава не ја чувствувам како своја татковина, имам само една, Македонија.
Ајде со среќа Република Северна Македонија,да се работи сериозно на реформите, во тие министерства каде ке има сериозни скандали да се понесе одговорност, ако сакаме да почнеме преговори.
Нас и да не ни дојде, на "високиве" им дојде. Во ден на жалост, покрај вестите за несреќата, главна вест беше промената на името и почеток на неговата масовна употреба во пракса.
Предност е тоа што со пасошот на кој стои Република Северна Македонија можеш полесно и побрзо да си отидеш од државава. Така барем нема потреба да чекаме бугарски пасоши.
Да, пишува дека ние сме грагани на Северна Македонија и даваат налепници. Доколку немаш печат и налепница ти серат на грчка граница зошто немаш, одма да залепиш..
Врз која основа го споредуваш пасошот на Северна Македонија со бугарскиот, Северна Македонија е во ЕУ?
Ти си во морално право и се согласувам, но да знаеш дека оваа кафана, тековно, нема кој да им ја наплати.
Точно така, ова нема да им трае долго. Плус, егејскиот дел кај и да е ќе побара отцепување од хелас. Ќе биде интересно.
Постои (постоеше одамна) начин со македонски пасош да заминеш од државава: диплома од факултет и Б1 курс од јазикот на новата дестинација.