Извини ама забега од темава ептен,те молам не ме цитирај повеќе со вакви работи те молам. Јас се одјавувам од темава,продолжете ја дискусијата. Поздрав
Нема нација која е 'чиста'. Луѓето мигрирале и се мешале, откако постои човештвото. Ако прочиташ за ДНК анализи на Митокондријал ДНК и ХаплоГрупи, ќе видиш, дека сите нации се со измешани гени.
Со тоа што тврдиш дека Македонците се стока, ги оспоруваш нивните основни човекови права. Јас разбирам дека можеби имаш критика кон општочовечката природа, но ти сама се фати за етникум. Пошто не обмисли убаво.
Турците биле мудри војсководци, освојувачи и владетели. Тие во освоените територии сакале мирно владение и знаеле дека прв проблем ќе си направат ако почнат да менуваат имиња, чуда, шти и да е. Тие ги делеле покорените народи само според верска припадност. Модел кој се покажал како најуспешен 5века. Е сега што нив ги изеде тоа што не беа во чекор со брзата индустријализација на остатокот од тогашните земји во Европа тоа ги уништи и нас како балканска земја не доведе во незавидна позиција за да историјата ни ја кројат Черчил и компанија а со тоа и името да ни го кројат, за да секогаш им бидат задоволени желбите на нивните најверни грци. ( принцот на кралицата маж и има потекло од Крф, па кај има сила таму нема правда ни правдина) Само со упорност и труд можевме да задржиме се што имавме, сега е веќе доцна кога 27години не успеавме.
Мислам малце дека претеравме. Никој никого не оспорува и не се работи овде за чисти нации и шарени. Ова е за да дадеме мислење за новото име на нашата држава
Токму така. Се дигна притисок за изборите демек за ЕУ гласаме со скриена намера промена на име. Затоа и не гласав и не ме засега ништо. А ниту пак бг пасош ќе вадам. Нека си ископаат очи јер на протестите само пензионери им отидоа. Тие најмногу си лапнаа од залакот.
Уште имам надеж... 40 години имам.. Од 13 години (кога станавме независни), сеуште имам надеж, дека 'ќе не биди'
Во ред, се извинувам, ете, ти дадов фер шанса, во тој случај имаш обмислено убаво и навистина мислиш дека групата на луѓе во која што и јас припаѓам е стока. Жалам што тоа е твоето лично мислење...
Ете сменивме и име. И сега криминал, корупција и мито ќе нема? Ќе имаме високи плати? - Тешко нели? Се додека имаме вакви политичари (важи за двете страни) се викале Северна, Јужна или како и да е животот на луѓето ќе биде ист. Не е проблемот во ЕУ, НАТО, име или што и да е. Проблемот е во лошите политичари поради кои се отсели пола народ.
Извини јас не сакав да те навредам тебе ниту твоите другари нека им е лека земјата. Но не сакам погрешно да ме сфатиш но неможеме сега сите ние заради нив да си ја ставиме главата на лачката.
Пa и нее мaтер oф oпиниoн, еднo е кaкo се чуствувaш a другo е штo си, ти викaш јaс ќе се деклaрирaм Мaкедoнец... Нo јaс не сум сaмo деклaрaтивнo Мaкедoнец јaс сум Мaкедoнец. Брaнкo Мaнoилoвски мoже дa се чуствувa Албaнец aмa Албaнец ли е ? Тaкa дa ние ќе бидеме истo кaкo Југoслoвени или Швaјцaрци не пoстoиме oти сме деклaрaтивнo Мaкедoнци. Кaкo oвa не гo рaзбирaте незнaм. Oспoренo ни е пoтеклoтo идентитетoт.
Јас многу убаво те разбирам на што укажуваш. Тое е се така на ниво на генетика. Во политиката работите не се гледаат така. Ако е така тие Дојчите зошто не се означуваа во државјанствата германци од Западна или Источна Германија на пр. државјанство/ граѓанин од Западна(или Источна Германија)? Зар пад на еден ѕид им смени нешто а? Не се озналувале така бидејќи ако почнело тоа следен чекор е поделба на Германија. Зошто државата ја чинат народот и територијата, а за да уништиш една држава прво и основно е да смениш име, народот губи идентитет и национална припадност, потоа исполнуваш желби на етникусот(конкретно на Беса) и потоа правиш пат за цепење на државата и така покрај народот отвараш пат и територијално да ја загрозиш државата. А народот го мамиш со ветувања дека ќе протече мед и млеко. Ти текнува?
Не ме навреди,туку сакам да кажам како идните војници,полицајци би служеле на државата во која се нема прво доверба,суверенитет, идеологија? Утре ако пак не нападнат терористи (УЧК,а биди сихурна дека ќе има такви акции)како во случајот во Куманово кој ќе не брани?Зошто да загине?За да едни обични профитери политичари играат кур-ташак со државата и ја ставаат на распродажба?Никој нема да сака во оган да влага. Ама тогаш нема да ги пуштаат нивните во акции,нашите пак ќе гинат.