Кој да ти отвори врати? Тие што ги бива и имаат волја, одамна киднаа. Плус каде и да одиш, исто како нас и ти си на раб да останеш без татковина. Исто ти се фаќа. Може ќе нема кај да се вратиш. И да одиш може ќе се вратиш во Федерација или нешто полошо.
А зoштo не инфoрмирaш ? Кaј сaкaш oди, нo не се врaќaј ние не седиме тукa зa дa јa брaниме зa ти вo пензиoнерски денoви дa се врaтиш. Кукaвичлук сo бирaње нa пoлесен пaт ни вo менувaње име ни вo зaминувaње не е нештo зa фaлење, кaкo и зa тебе тaкa и зa зaев, и oн се прaви хрaбaр a всушнoст е кукaвицa и предaвник.
Па ако заборави народот кој е, само заради тоа што името му го сменале, тогаш ич не ни треба да има држава!
Ух јас кога прочитав прееска дека стоки се си реков абе и стока заслужува држава да има, ама сега кога ме просветли дека на народ што подзаборава не му треба држава, срце на место ми дојде, сега разбрав зошто немаме држава А во пети ми беше до прееска да знаеш
Сега ич не ни треба држава или сепак имаме држава ама не чини како ни ја водат политичарите на кои длабоко им се наклонуваме а тие се одзади удри со стапот по газот на народот а? Многу контрадикторни мислења едно по друго, се збркав
Народот не чини. Сто пати го имам пишано то. Политичарите не растат на дрво! Кои 'ние'? Јас ли барав да смениме име?
Eдинствено нешто што ме разочара е кандидатот на СДСМ за претседател, Зекири. Реков дека повеќе не излегувам на никакви избори, али на претседателските најверојатно ќе гласам за вмро. Преку глава ми е од албанците веќе. Мада што чисто сумњам дека нема да наместат..
На темава си пишуваме за Северна Македонија и тука сто пати не си пишала бар не досега А политичари не растеле на дрво, народот не чини, македонците се стока и финиширање со ако народот заборава ич не треба да има држава и шлаг на финиш сепак имало држава, за мене е премногу контрадикторни информаци наеднаш
Е како не сум знаела? Пораснав со тој муабет, младоста ми помина со тој муабет за името, преку таквоето ми е! 30 години не мојме да мрдниме од место! Па сега.. ако не разбра.. не сум јас крива...
А кога реков дека не знаев? Оти вака од ум трескате работи шо не рекол никој? Јас не кријам дека сакав да се смени името. Ој читај ми мислења, ќе видиш.
Знаев јас. И ? Плукам по нив за ствари за кои заслужуваат да бидат плукани, името ич не е релевантно битно во целава каша во која е државата. Ова е само мала жртва на денешницата за подобро утре за генерациите кои допрва доаѓаат. Не припаѓајте од патетики ај. Ќе гинеле за името оф леле..
Толку контрадикторности за толку кратко време мојов македонски мозок, мозок на стока што заборава плус не може ни да разбере нит да го прифати како здраво разумско. Од ова патиме македонче на македонче криви дрини му разјаснува и оправа а третиот албанчето користи со такви ''мудри'' политичари кои народов го одведоа каде што е, во пропаст. Ај се те разбрав само не биди ти крива
За шо ќе гинат и мене не ми е јасно?? Пола држава се иссели, доктори има.. трчај-трчај-сопни се.. Уште малку врачеви ќе не лечат... Образовниот систем ни е на најниско ниво во Европа... А да.. заборајв.. остај сега шо или ќе умриш или ќе се исселиш... Ацо шо напрајл пред 2000 години!! Еееј!!
Така. Ни еден не рече ќе изгинеме ако треба ама економијата ќе ја оправиме. Ќе изгинеме ако треба здравството нека заличи на здравство. Ќе изгинеме ако треба митото и корупцијата ќе ги дотераме на нула. Ќе изгинеме ако треба ама образованите и стручните ќе ги задржиме тука со нас. Ќе изгинеме ако треба ама ниту еден Македонец повеќе нема да мора да се нарече себе Бугарин. Ниеден, никогаш. А за името ќе гинеле. Така лесно се гинело пред тастатура. Идите гините, што да ви кажам, уатевер.