1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реформи

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 27 март 2023.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од сите с**ња што ги изнавидов за 21 година, мислам дека беше редно да се отвори темава.
    Ве замолувам без патетики, без коментари од типот на:
    -нема ништо да смениме
    -џабе зборите
    -било и полошо
    -не можеме ништо да напраиме
    -ај некој друг да почне
    -иам деца шо чекаат на мене, не можам
    -на работа ќе сум, не можам
    -зашто се замараме кога знаеме дека нема да се смени



    Мене, кој ме знае, ме знае, кој ме научил каква сум, ме научил. Кој не, ќе научи.
    Имено, с курца ми е више од оваа вукојебина, и од сите у нејзе. Преку глава ми е више од овој менталитет снобовски, не знам ни како да го наречам више. Толку убава држава, со толку трул народ..
    Зашо почињам од народот? Пошто, САМИ СМЕ СИ КРИВИ.
    Ова е изјава што ја трубам најмалце два пати месечно, по сите теми.
    Зашто сме си сами криви?
    1) свесни сме дека живееме у ера на: непотизам, мито, корупција, врскаџиство, моќта на посилниот, и си ќутиме со тооон изговори.
    2)најлесно ни е како нација, да си извадиме фашистички пасош, и кидавела од Македонија. Изговори ,,ама државата не ни нуди услови''. ТОЧНО, не ни нуди, ни ги зима, пошо ние им дозволивме.
    Ова го иам кажано и порано: ПОЛИТИЧАРИТЕ ИСКАЧААТ ОД НАРОДОТ. НЕ СЕ ПАДНАТИ ОД МАРС, ОНИ СЕ ЕДНИ ОД НАС И СЕ РАСТЕНИ СО ТОЈ МЕНТАЛИТЕТ СО КОЈ ШТО СМЕ СИТЕ РАСТЕНИ. КРАДИ, ЗИМАЈ, УДРИ, МАВАЈ, ДЕРИ ДУР МОЖЕШ. И секако, дур има овци за стрижење, има да нѐ стрижат до миле воље.
    Они ќе си местат тендерчиња, оп синчето 18 години, фирма за електрична енергија, оп синчето правосуден испит, а ни Правен нема завршено, оп жена со завршен Економски, отвара бизнис за струја.
    А сиротињата, ќе се пишува ко бугар, за да ринта у Германија и да нѐ третираат ко задња рупа свирала, што и сме.
    3)секој можен ден гледаме милион примери у државава, како ништо не чини, ама мајчини сме на Фејсбук и овде, ама коа ќе дое до зборот ПРОТЕСТ, тон екскјузес, партиска книшка под гз, гори работното место под гз.
    Нека гори бе, толку ли немате м**а.
    Бев на еден протест пред извесно време, и, не толку близок другар убутан у СДСМ ми рече ,,ова ти беше грешка, пошо мрчиш против власта, ве имаат на список и утреден ако сакаш да те вработам, нема да можам, а може и други проблеми да имаш''. Фала брат, не ми ни треба. Да ми се заканува некој и да ми го оспорува правото на протест, на говор на слобода? Преку мене мртва.
    За шо да работам како дипломиран економист? Дизајн на ентериер? нешо шо врска си неам? За колку да иам работа? И да треба на секој протест да им го лижам гзот и да идам со главата надоле и да избегавам свесни проблеми?

    Свесни сте дека со тоа шо ќутиме, може еден ден да ви се одбие од глава?
    Јас се нервирам пошто да, иако сум млада, цел живот е пред мене.
    Страв ми е да родам дете овде. Пошто сум од помала овде, си пратам и политики, и економии и етц етц, доволно сум свесна за мои 21, какво срање сме ние.
    Место да се замарам кај да искочам вечер, како секоја млада девојка, јас се потресувам и гледам 10 год унапред, дали утреден ќе е безбедно за моето дете? Дали ќе можам спокојно да го однесам на доктор, а да не му дадат грешна дијагноза, дали ќе може да искочи на улица, без да го удри некој со кола, и да не си сноси последици после тоа, дали ќе му вреди студирањето и целиот образовен процес, и дали ќе го работи тоа што го сака, без никакви притисоци, закани итн

    Баш пошо е силата у нас младите, треба да ни дадете ПОДДРШКА. Ја од вас не барам пари, не барам статуси на фб да пишувате, не барам калаши да зимате на улица.
    БАРАМ ЕДЕН ДЕН ДА ВИ Е ГАЈЛЕ ЗА Сѐ, ОД КНИШКИТЕ ШО ПОЛА ГИ ИМААТ ДОМА, ОД НОНШАЛАНТНОСТ, ОД ПОМИСЛАТА ДЕКА АКО ИСКОЧИТЕ ДЕКА ЌЕ ВЕ ИЗБРКААТ ОД РАБОТА.
    Мој POV да бев постара еве.
    ама јас сум таква за сѐ, си го калкулирам ризикот, и шо можам да изгубам, ама идам до крај
    карикирам, иам 35 години, вработена сум преку ВМРО во МЕПСО. Мене не ми се сфиѓа државава и како функционираме, така?
    е сеа, ако искочам на протест, најверојатно ќе останам без работа.
    Епа, ако искочиме ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, не можат прво да отпуштат илјадници луѓе пошо ќе се деси колапс.
    Ако искочиме ИЛЈАДНИЦИ луѓе, и искочи некој со барања од 200,000 ставки, или ја бутнеме Владава и напраиме некоја нормална, нема да ви прпа да искочите



    сакам мислења, разумни, логични, пожелно од луѓе волни за промена. Ќе почнеме од овде, ако има интерес, идеме даље. Милион и 800 илјади сме, и не можеме да се соединиме и договориме ебате.
     
    На Andrijano31, elenaa0805, Fraxinus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    нешто паметно да ви каже тетка ви Вајлд
     
    На VDT2906 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.653
    Допаѓања:
    12.101
    Кога гледам како во Франција и Германија протестираат, сфаќам дека ние имаме илјада мотиви плус за протест. Да почнеме од себеси. Не фрлај смет по улици, не давај мито, бори се за повисока плата, ако можеш да придонесеш за заедницата, придонеси. Биди љубезен со странци, посебно ако се туристи, помогни им, да не мислат дека Македонецот е дивјак. Секој задоволен турист, ќе ја препорача Македонија на друг. Ни фали организираност во општеството и тоа во секоја сфера.
     
    На _beautyy_, VDT2906, Fraxinus и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш реформи,мораш да си ја сакаш татковината. На форумов едвај да се најде позитивно мислење за оваа преубава земја, со одлична геостратешка местоположба.
    Народот е напатен, но толку е многу погрешно " трул " да го наречеш....пореметени вредности има премногу и сите со мисла да заминат, да се спасат.
    Решението не е еден ден на улица, треба системски промени и пред се сплотеност....а не да се плука по своето...
     
    На _beautyy_, Bubish26, NoirSerpentine и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    власта е олицетворение на народот.
    го иам зборено ова, ние ако не се учиме на ,,чекај да се јавам на едно место'' ,,ај пикни ме преку ред'' ,,да прашам нешто само'' ,,еве ти 50 евриќа кини казната'', нема они да нѐ дерат и крадат.
    И да, трули сме, пошо сите си гледаме за својот газ, сите сме индиферентни, иаме природни убавини, иаме плодна почва, добра геолошка положба, ние не знаеме да го користиме тоа.
    Само увоз, увоз, увоз.
    место дрва, никнуваат уште згради, за кого бе?
    ние младите си идеме, кој ќе се уселува? Чоек од Д. Дупени од 70-80 години?
    на крај ќе остане државава празна, и нема да има кој да живее у тие станови
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.974
    Допаѓања:
    38.962
    Пол:
    Машки
    Не. Власта не е олицетворение на народот. Туку власта е инструмент преку кој се става една земја во вазалска положба за да може истата системски да се уништува и краде.

    Не може народот да не чини денес, а истиот народ да чинел пред 30 год, да произведувал и да извозувал стоки и услуги, а сега да не го бива.

    Не може истиот тој народ кога ќе отиде во Швајцарија, Германија итн. итн. да биде воспитан, да почитува закони, да биде ценет и да допринесува. А, кога ќе се врати дома пак да почнува со врски, мито и корупции од најниско, до највисоко ниво.

    Реформа се прави на власта, не на народот.
    Рибата смрди од главата, не од опашката.
     
    На _beautyy_, dea.18, Bubish26 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Ова е клучот.
    Треба да се формира една партија која ќе се стреми да го обновои македонското производство.
    Не знам како се прави тоа, никогаш не сум била член на партија.....логички размислувам само....
    И се сложувам дека држава без млади не може да ја биде....
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    па е олицетворение на народот, пошо не паднале Ковачевски, Заев, Грујо, Ахмети од Марс, од народот се искочени.
    Пред 30 години и сега знаеп кој џенерејшн геп го има? И колку е сменето сѐ?
    и менталитетот, и економијата?
    пред 30 год било едно уредување, сеа друго
    па се праи, на власта
    јас тоа викам, ама треба и мозокот да си го смениме
    џабе ќе идат овие курбан, ако си продужиме со истото
    потплати си, јави се, снајди се
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.974
    Допаѓања:
    38.962
    Пол:
    Машки
    За да се обнови домашно производство треба да се заштити домашниот пазар, прво, а второ да се направи пазар каде што ќе може да се пласираат нашите продукти, затоа што ние сме премал пазар за покривање на секој сектор со домашни производи.

    Кај нас, системски се уништува домашното производство со години, од владите, кои не работат во наши интереси.

    Еве последен случај, тргнато е секакво царинење на свинско месо, со што се прави увоз од соседни земји, по пониски цени, каде што нашите кланици не можат да конкурираат поради помало производство.

    Во следниот период ќе се намали чувањето на свињи и ќе пропаднат домашните кланици затоа што не можат да бидат конкурентни со цена.

    Тогаш, доаѓа втора фаза. Кога сме увозно зависни, а пазарот е монопол, условите ги диктира увозникот. Па, цената на месото ќе се качи тродупло, без домашна конкуренција, што значи поголем профит за увозникот.

    Ова е мал пример зошто во последниве 20 години, од земја со најниски цени за храна во Европа, стигнавме до цени исти, па ако не и повисоки од оние во ЕУ.

    Едит: Еве најново како се уништува домашно стопанство. Увезуваме кромид од Албанија.
     
    Последна измена: 27 март 2023
    На _beautyy_, NoirSerpentine, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    i couldnt agree more wtih you
    од економски аспект
     
    На _beautyy_, NoirSerpentine, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Млада си Феминка, и не викам дека не си во право. Си... Многу си во право... Премногу... И јас имав некогаш 22 години, па дипломирав во рок, пресреќна и спремна да го зграпчам животот. И оп прва сопка ВРАБОТУВАЊЕ. Па после тоа разочарувања, неправди, се бориш, се буниш, скокаш, мислиш можеш да смениш се, и како старееш постепено, не се повлекуваш ама се повеќе се разочаруваш. И да. и ден денес не работам по струка , а имам 35 години. Никогаш не сум паднала толку ниско партиски да барам работа, ни јас ни никој од мојата фамилија. Ама никогаш никој нема да ми бара отчет со кои пари сум купила стан и да ми ги брои и пресметува одморите. На потешкиот начин научив како се заработува и како се трошат потешко заработените пари. Ме погоди случајот со Јана, многу... И размислував зошто луѓево не протестираат. Прво во конкретниов случај родителите мислам дека прво треба да дадат зелено светло, па некој нивни близок непоткуплив да организира. Второ тие имаат и друго дете дома, не можат да останат на улица без работа, можеби и тие се соочуваат со закани и уцени.
    Јас би излегла, па и со бебе во раце. За него. За да не се тресам утре ако се разболи кај ќе го носам. Да не се тресам ако утре и тие среќата си ја побараат надвор. Мора да смениме нешто. Ама не знам како би било тоа, а ниту една политичка партија да не извлечи корист
     
    На VDT2906, cresa-jagoda, Didajo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Машки
    Нема аир од протести од проста причина што сите протести се оркестрирани од службата одев на протести 2018та кога се менуваше името и сам увидов дека се една обична фарса. Тие што се претставуваја како народни трибуни квази интелектуалци и патриоти и ги предводеа протестите сите до еден беа удбашка испостава само да се замајува народот и да се троши народната енергија.

    Истото важи и за сите партии вклучително и оние од третиот блок. Бев член на партија до неодамна кога видов какви игри се играат веднаш напуштив.

    Нема партија ниедна од третиот блок која заслужува да им се даде доверба сите до еден се седнати во скут на калето и одработуваат странски агенди. Нема шанса да влезе у парламент некој што не е корумпиран и нема амин од повисоки центри на моќ. Партиите и политичката сцена ти се една театарска престава монти пајтон за замајуванје на народните маси.

    Протести да но треба да бидат масовни минимум 100.000 луѓе на улица непредводени од никаков политички субјект и буткање на влада и формирање на народно собрание. Нема никад да се случи бидејќи народот е поделен и голем дел се на државна цицка и зависат од државата а другиот дел чекаат вработување од партија.
     
    На NoirSerpentine, Касија и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    без партии бе
    тоа зборам
    остајте еден ден книшките дома
    пример, шириме масовно збор и праиме перење на умови како ова не чини, како акос е собереме многу души ќе се промени

    реков горе, не може да отпуштаат илјадници души
    ако у карикирам Зара, од 50 вработени, 45 се со врски или било каков ненормален и нерегуларен начин, нема сите 45 да ги отпуштат сигурно. Ама ако сфатат дека они 45 и уште други такви ко нив, сите искочат, дека ќе е успешно
    не знам дали ме сфаќате шо сакам да кажам
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.897
    Допаѓања:
    85.793
    Пол:
    Женски
    Кој ке протестира?
    ај генерации 30+ протестираат само поради партиски активности или НВО агенди.
    ама кај вас младите па ич нема интерес за протести,последни големи студентски протести беа 1997.
    Протестиравте за оброкот,стипендиите? Не.
    Пасивен народ сме и тоа е факт.
    За да има промени треба да има паметни луѓе во партии и во граѓански сектор,невладини организ.и сл.
    Ама нема, само профитери.
     
    Последна измена: 27 март 2023
    На VDT2906, Tanjamm и malerozna им се допаѓа ова.
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Машки
    Проблемот е тоа е што без партии не може да се собери толку народ на улица 2018та протестите беа углавном без партии Левица и Вмро не учествуваја протестите беа организирани од интелектуалци и професори академици а на улица едвај се собраја 5000 луѓе и тоа беше само еден ден откако се потпиша договорот во Нивици а кога беа уставните измени немаше повеќе од 500 души и тоа мнозинството доаѓавме со автобуси од другите градови скопјани беа многу пасивни.

    И сега кога би се организирале протести не би бил многу различен скорот од проста причина што голем број од луѓето им се во скут на партиите или се вработени преку партија или чекаат вработување а другите се пичкици и ќе се разбегаат при првиот јаден солзавец.

    Ти го поштовам оптимизмот но на терен работите се далеку од оптимистични. За протести од калибар да се бутка власт треба висока национална свест и храброст макар и по цена да се загуби живот а ние тоа го немаме не сме по природа воинствен народ за жал до тој степен не згазија овие 30 години што немаме повеќе ни морал ни волја да се бориме.
     
    Последна измена: 27 март 2023
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.909
    Сега младите имаат избор. Сега е идеално време за протести, патлиџани мавање, палење, плукање, јавно "линчување"... Младите сега во Мк немаат што да изгубат. Порано беше Мк нешто налик Северна Кореја па ако заебеш дома, си се заебал за цел живот. Граници затворени, визи скоро невозможно, каде на мајка ти ако збориш против власта? Затоа ќутеа и ведеа глави. Сега молат секаде низ Европа за работа, денес можеш да се спакуваш и со малку истражување на нет или неколку тел повици и да заминеш.
    Сега ако не, никогаш. Нема никаков изговор да се трпат истите срања почнати од пред 40 години.
     
    На oblace1, elenaa0805, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.756
    Допаѓања:
    122.155
    Пол:
    Женски
    Прво...
    Во воведот ви пишува без патетики и негативни коментари со изговори. Не пишувајте такви оти ќе ви бидат пријавени како офтопици.
    Второ...
    Дајте да збориме што и како да се прави.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    40 години немаше никаков изговор, ама ете, никој не мрдна со прст.

    “Ние ја посравме, вие младите попрајте ја“


    *
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    19.072
    Пол:
    Женски
    Друга работа...
    Знам за село каде им биле убивани свињи наводно ради чумата што беше. Ама нема друго село околу од неколку километри. А правилото беше се убиваат само ако во радиус од 3 км има случај на чума. Да не зборам како па голем дел не им исплатија штети.
    Имам и блиска што работи во таа сфера и сама ми кажува дека на тепка ги усмртуваат свињите, не оти стварно СЕГДЕ имало чума. И дека не се исплаќаат штети по кг свиња, иако им е ветено.
     
    На NoirSerpentine, Feminka22, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.897
    Допаѓања:
    85.793
    Пол:
    Женски
    Имаше причина, а не изговор.
    Прво со комунизмот и црвените книшки никој не смееше да писне.
    Привилегиите се добиваа со книшка.
    Потоа во транзицијата исто, секој погрешен чекор вмро/сдсм казнуваше и не смееше никој со своја глава туку што ке рече партијата, и тоа трае до ден денс з атие што се робови на партиите и вработени од нив, доживотно мора да бидат активни.
    Сега многу малку млади се забудалени по партии бар од околинава што гледам.
    Колку ги има по унии на млади сили и слично , многу малку.
    И тоа е голема предност.
    Ама младината е екстремно пасивна.
    Ниту за свои права се бори ниту за друштвени.
    А попаметни се од нас, од тоа што сме биле.
     
    Последна измена: 27 март 2023
    На Tanjamm и malerozna им се допаѓа ова.