Ја знам дека сме многу пасивни коа нѐ толчат од секаде ама... Дај бе малце олабавете со тоа дека сме си криви. Не треба јас да го терам докторот да ме лечи, не треба јас да му кажам дека една состојба е поопасна од друга и бара итна реакција. Не треба јас да му кажам на механичарот дали автобусот што ќе превезува 50 луѓе е исправен или што треба да се поправи. Лаик сум за возила. Или на некој таму да му се бутам да ме вработи. Ќе одам ќе се понудам. Понатаму не можам. Ако не сака да ме вработи, со сила не бива. И докторот и механичарот треба совеста да ги води прво, после казната и правдата. Оти па кога им кажуваме и на доктори и на остали тогаш е види македонче мора за све да се прави експерт. Класичен пример беше короната. Излезе скандалот со Жан, пак "ние бевме криви". Народ уз пандемија пишуваше дека блиските им умираат од сомнителни причини ама нема обдукција и не може ништо да се докаже. И тогаш што се велеше? Ќути бе, све е тоа компликација, не сте доктори, верувате у теории на заговор. Е кога излегоа све тоа вистини, пак народ крив беше. Истиот народ што отвораше очи две години и вака и така беше крив.
https://babambitola.mk/правда-за-јана-битолчани-се-органи/ Ајде феминки да го поддржиме семејството и сите претходни жртви на здравството. Ова веќе не е борба за вработување, туку борба за живот буквално
За земјоделско производство, да, Македонија има капацитет, ама се помалку има луѓе кои тоа ќе го работат. Моите покојни баби садеа афион, памук, слануток, сончоглед, па за сончоглед добиваа дел пари, а дел зејтин. За памукот не сум видела со очи, а на берба на афион ме носеа и слануток имаа по дома, на тоа се сеќавам. Народот нема да се врати на нивите. Тогаш работа во странство имаше само ако некој градежник го викнеа во Ирак, Либија, а еден мој денес веќе покоен роднина одеше на печалба и во Бурма, денешен Мјанмар. Откако ги укинаа визите за македонските граѓани, откако Хрватска, Малта, Германија бараат работници, нивите се испустија и допрва ќе се испустат. Да имам моќ да одлучувам, би направила администрација како во Словенија, 60.000, ништо повеќе. Лице кое ќе злоупотреби службена положба во државно, отказ и никогаш повеќе во јавен сектор. Би ги затворила сите дуќанчиња кои немаат ни каса, ни фирма, ништо. Би субвенционирала редовен автобуски превоз таму каде фали. Комуналните редари и инспектори, да почнат да казнуваат по улици за фрлање на отпушоци, ќе светне Македонија. Дури, број на советници, пратеници, па и министри, тоа може да се намали. Што ќе ни е министер без ресор? И сите социјалци би ги терала да одат на акции за пошумување и на некоја општо корисна работа. Најдобрите студенти уште пред да дипломираат, да им се понуди работа. Уффф, ова како партиска програма.
Па треба да зимаме примери од други, мали земји, а успешни. Луксембург се плунка земја, ама најбогати со години со БДП пер капита. Ама работат, произведуваат, користат природни богатства
Јас сум најмногу разочаран најмногу од менталитетот општо од луѓето. Сите гледаат со забушавање, крадење, лажење да се добие нешто плус. Пошто нели тоа е снаодливост. Според мене не не ебе системот, ако не сме и ние гнаси по природа. И да се смени власта, исти курац пак некои слични како нив ќе дојдат. Јас живеам во некој мој идеален свет и си викам дека некогаш че го дочекам денот ко че формираме ние ова парче земја некоја влада од странство и таа да не управува нас, оти сами и не можиме да се снајдиме.
Ние сме убиени во поим и тоа системски разнебитени и што е најлошо ние Македонците дојдовме до состојба на апатија. И тоа ова беше поткрепено со научно истражување од пред неколку години. Значи не сме среќни во никој случај, но не сме ни депресивни туку сме апатични. Потполна отапеност на чувствата, безволие и рамнодушност. Човек кога е среќен има желба за живот, кога е депресивен нема и сака пеколот што побрзо да заврши, а ние во апатија сме како во една бескрајна агонија, ни живи ни умрени. -Ќе ве колеме! -Колете не'. -Децата ќе ви ги убиеме! -Убијте ги. -Домовите ќе ви ги земеме! -Земете ги... Еве, вакви сме. Се' ни е апсолутно небитно. А кој придонел за тоа? Кој е виновен? Веројатно многу фактори се во прашање ама и самиот нарав на овдешниот народ игра голема улога. А ако самите не излеземе и не станеме сами за себе, кој очекуваме да го направи тоа? Никаква сплотеност, поделени до коска и себични. Со кој и да почнеш да правиш муабет на оваа тема, ти вели ,,а бе гајле ми е, битно јас да се снајдам лично". Сите гледаме дека тонеме од ден на ден се' повеќе и повеќе и никој ништо не преземаме. Жал ми е, но очигледно не сакаме да се избориме сами за себе. Не дека не можеме. Не сакаме.
Убава тема и се супер, ама за жал на зборови само. Не е негативен коментар, напротив, само реалноста. Можело да биде поинаку, ама сега e a little bit too late. Зошто? 1. “Македонецот” нема да го смениш. Тетка вработена на времето во јавна администрација, со едвај завршено средно, 20илјади плата, клати врата-зимај плата, нема да ти искочи на протест. Она во тој што ја вработил гледа како во Бог. Да не бил он ќе била чистачка или касиерка, а вака е “госпожа” со канцеларија. Отвори на фејсбук било кој профил на политичар, читај коментари. Ќе ти стане јасно. Не можеме да искочиме од “ќути има полошо” менталитетот уште мноогу долго. 2. Да речеме сме искочиле и теткава искача на протест. Државата е во толку многу долгови, во очајна финансика состојба, и нема начин како да искочиме без странското фрлање на “трошки”. А за тие трошки дебело ќе ни наплатат и наплаќаат. Значи пак- без да слушаме што ќе ни кажат од надвор, со прст не можеме да мрднеме. Ни Заев, ни Ковачевски, ни Груевски немаат моќ сами да одлучат за ништо. 3. Еве да речеме и тоа го надминеме магично. Ќе бидат потребни промени за да се смени ситуацијата. Мислиш дека теткава од администрација ќе сака на нејзино место да влезе некој посоодветен, или да ја избркаат зошто не работи ништо и е само терет? Такви како теткава се 80% во државата. За да бараш правдина и фер првично ти треба фер да имаш стигнато до твојата позиција. Кај нас најголем дел од вработувањата одат партиски или роднински. 4. Ајде да речеме и теткава и таквите како неа кој ги ебе. Сериозно ли мислиш дека албанциве(со почит) ќе дозволат фејк дипломите да им се одземат, криминалните групи да им се приведат, да ги тргнеш од позиции, струја да им се наплати на Арачиновци? Па војна ќе избие. Реалноста е дека се посилни од нас. И посилна поддршка имаат. Еве вака народски опишана ситуацијата. За жал, на очајот во државата и нема крај. Со протест ништо нема да се реши. Можеби моментално да не “поткупат” за да се смират страсти. А за повеќе и искрено да сакаат немаат. Тонеме и ќе тонеме допрва.
@Feminka22 се знаеме одамна на форумов и знам дека со овој коментар нема да сум во прилог на темата, само едно мое лично размислување, што ти ги немам годините и бунтовничкиот дух кој верувам дека и во реалност го имаш, па да летнам некаде далеку по бели свети и ни за миг не би погледнала назад.
На сила ги тераа да одат на работа со години, без плата и без платени придонеси? Деца мали знаат дека не е логично, тие не знајеа? Тоа е еден од условите за влез во ЕУ. Всушност, утврдено е, потпишано е, само треба да се спроведе... еве веќе 30 години од осамостојувањето чекаме... чекан не мана по гла
Абе ајде... 2 милиони сме, не можиме/не знаеме да се организираме. Туку тегни секој во без веза правец. Националноста... името... и нормално, дневни препирки меѓу актуелните лидери на партии. Место да си ја чукниме глата сите, дека проблемите за сите се исти: -Сите може да умриме во болница -На сите децата ни се за никаде академски (според истражувањата) Тие се проблемите, не дали се викал тој таму Љутви, или Трпе.
Која националност, кое име.. го пребродевме тоа одамна. Туку како да преживееме во државата е проблемот. Не можеш да очекуваш желба за промена од народ што е во комфорт зона и среќен што е вработен државно. Не можеш да очекуваш да рипне против мито, корупција и врски народ што е партиски вработен, со платена диплома и врски фаќа за оценка во основно школо на детето. Има исклучоци, ама генерално сите се(сме) хронични неработници, врски бркаме за најмала работа( зошто иначе нема шанси да завршиш работа), сите сѐ знаеме, додека не дојде моментот да мрднеме со газот. И да, има врска, ако Љутви тера по свое и е со просек 10.00 и за него не важи закон, а Трпе со труд има 7.00 просек, Љутви ќе му го земе лебот на Трпе, па Трпе може да протестира после до утре.(или обратно)
Апсолутно се согласувам. Ни една институција не функционира регуларно и затоа луѓето 'бркаат работа' преку врски. Место да се побунат кога ќе видат дека некој не си ја работи работата, прва мисла им е: “Кој го знај, да го фатам за пријател?“
Нека се смаоорганизираат. Ете, баш за тоа е темата. А и муабет шо го вртам отко се имам зачленето и се' шо добив од колегиумот е: “Ти живееш во утопија“, “Ти се занесваш“ ... и нормално на секој пост мајтап оти сум 'фантазирала'. Може и сум будала шо фантазирам дека еден ден ќе ни текни дека сите, колективно, сме во исто говно.
Е ај нека се самоорганизираат.. до кога да ги чекаме само.. За да имаат воља за работа, треба мотивација, за мотивација треба убава работна атмосфера и пари, а пари нема…. И се во круг од кој излез нема. И секогаш некој друг ни е крив.
Еве 45 години чекам. Некои чекаат по 90, некои не дочекаа... Не знам искрено... Во еден животен век, не верувам дека ќе се смени.
Тоа па тоа... Истите муабети, истите заклучци, истите решенија, се исто, исто... Doing the same thing over and over again and expecting different results is the definition of insanity. Тоа е вистинскиот проблем, не(само) апатијата, не корумпраноста (на водсвото), туку тоа што свеста на народот е еднаква (да не речам иста) со онаа на корумпираното водство. Се додека е така ќе си биде и вака во зачаран круг, за тие пари толку што би се рекло. Викнете ме кога тоа ќе се смени. До тогаш... Doing the same thing over and over and expecting different results is the definition of insanity... #игрибезграници #вотралалаленд
Ееее, ова го коментираме деновиве по дома. Погледни какви плати има Луксембург, па какви имаат Русија и Венецуела, земји со нафта или Азербејџан, земја која има гас. Значи и со ресурси и голема територија може една држава да биде беда, но и едно мало парче како Луксембург може да биде рај. И во право се дека сме народ неработници, фалбаџии, фантазери, па и себични. Порано сретнував професионалци, луѓе кои навистина работат одлично, скоро совршено, ама сега поретко запознавам такви. Кадар немаме.