Додека луѓето не ги превземат нештата во свои раце (читај, лично да им пресудат на тие што ќе им згрешат) или не настане граѓанска војна, нема шанси нешто да се смени. Пред 6-7 години сите беа разгневени, преку глава им беше, беа мотивирани да протестираат, се протестираше, се зборуваше, се расправаше, се отвараа очи и умови... се смени власт... и што дека? Еве, подобро ни е. Џабе сè дур сме мирни и се жалиме овој вака направил, оној онака. На тој и оној гајле им е, кога си добиле тоа што сакале на сметка на туѓо патење. Очигледно стапот е само чаре. Па нека му ја мислат во иднина, ако не се плашат дека ќе настрадаат.
Феминке, Луксембург е "вештачка" држава каде приватните банки и корпорации ја земаат за центар, преку која работи цел тој банкарен систем во светот. Со тоа секако си иде и не плаќање на даноци, матни бизниси, перење пари итн. Како економист знаеш повеќе од мене. Природни богатства немаат, ама ич. Зошто некоја земја е успешна, или не е успешна сега, треба да се види историјата и геополитиката. Зошто Швајцарија, Сингапур и Луксембург се едни од најбогатите земји, а пример Македонија и Молдавија едни од најсиромашните, денес? Зошто во минатото овие земји (како дел од Југославија, ССР) биле солидни за живот, и луѓето биле задоволни, а денес пропаѓаат? Ние сме држава која постои поради сплет на околности кои ги искористивме во 90-те, бидејќи така им одговараше на големите сили, и од тогаш не владеат како они сакаат. И ние ништо значајно не можеме да направиме, ниту пак имаме моќ да смениме. Но, ако знаеш дека доаѓа бура. Ќе се спремиш со време да ја поминиш најдобро што можеш, и да ја искористиш во твоја корист. Ако не, ќе се удавиш. l’histoire se repète
Не мора до толку. Протести, штрајкови, претставки, жалби, тужби. Има начини, само нема кој. А Македонија каква е? 'Природна'? Да не не' квалификуваа како република во СФРЈ, никогаш сами не ќе се изборевме за самостојност.
Luxembourg owes its wealth to the discovery of iron ore in the southern area of the country called the Minett. Today, the vibrant expansion of the financial centre, the emergence of new service activities and leading-edge industrial companies characterize Luxembourg's economy. How does Luxembourg make so much money? Luxembourg is the wealthiest country in the European Union, per capita, and its citizens enjoy a high standard of living. It is a major center for large private banking, and its finance sector is the biggest contributor to its economy https://medium.datadriveninvestor.com/how-luxembourg-get-so-rich-49a3cdbe755f
Жалби и тужби кај кого? Кај истото тоа судство што е корумпирано и не го заболе за тебе? Протести против кој? Против тој што ќе замине од позиција откако искористил максимално, крадел, манипулирал, уништувал? И никому ништо? Каква порака дава тоа? Дека најмногу што ќе изгубат е работното место.
Обични и мали протести со 30 до 100 души немаат ефект. Масовни протести против власта се друго. Мирни или малце како Французите кога се ептен гневни (или нешто налик екстремот на Грците). Да се врши притисок да замине. И на улиците и на социјалните мрежи. Каква порака ќе даде? Ќе ѝ даде на наредната да не ги повтори истите грешки.
Сите познаваме луѓе кои работат во тие установи. Да ги едуцираме. * процес е. Напредок не се постигнува со револуција, туку со еволуција
Кој сакаш конкретно да замине од позиција? Кажи ги точно луѓето. И да заминат под протисок од протести, наредната ќе научи да не ги повтори истите грешки на крадење и уништување, зошто ако ги повтори, народот ќе протестира и ќе мораат да си заминат. Така е како што разбрав? Во право си, со еволуција. А еволуцијата е дооооолг спор процес. Врти-сучи, заебани сме. Може само да се надеваме дека наредните генерации ќе учат од нашите грешки и ќе сфатат колку е битно да се едуцираат како што треба за да си ја работат работата како што треба, за да може државата да тера како што треба. Како и да е, треба да се протестира, не велам не. Само дека некој таму убаво седнат у фотеља ќе ја напушти своеволно само зошто има мирни протести, малце тешко.
Не знам дали знаете ама во Србија жените одат во пензија на 63.5 години, а мажите на 65 години. Им се пролонгира границата постепено за да подмират стари долгови. Имам роднини таму, па деновиве ја начнавме темата. Значи Србите се бетер од Французите, ама Србите молчат, а Французите се бунтуваат за 62 години за жени и 64 за мажи. Ние сме постојано мирни, си премолчуваме и затоа живееме како што живееме, а и Македонецот се води од личен интерес, по девизата „абе мене да ми е добро, за другите ми е гајле“.
Па овие во државно не сакаат пензија. Пролонгираат до крај, дур се може. Кој кај нас бил среќен што оди во пензија? Никој. Тие што се на нога доработуваат хонорарно, на црно... Тешко на оние кои ќе паднат физички и не можат да работат, а цел живот р'мбале за некое си платиче. Пензијата после за лекарства не им стига
Викаш? На протестите против францускиот договор со Бугарија имаше нешто околу 50к луѓе. Ништо не се смени.
Не беа толку. А, за такви крупни прашања на улици треба да е речиси целото население во државата (освен оние кои од оправдани причини не би можеле како мали деца и лица со потешки заболувања). Плус, потребна е и онлајн активност.
Помасовен протест со спонтано собирање и без паричен надоместок или сендвич никогаш сме немале. Ниеден протест не носи резултат бидејќи сме крими вазал, не е целта тука ситуацијата да се подобри и не е замислено да работи уставот и законот еднакво за сите. Не сакам да пишувам кое е моето реално мислење бидејќи не верувам во слободата на говор на овој форум.
Како може во други држави да излезе народ и да покаже незадоволство од власта, а кај нас не? Секаде може, не е никаква филозофија да се турне од власт тој што народот го избрал, или пак да се излезе за одземање лиценца на доктор или било кој друг работник што работел несовесно и што предизвикал некаква несреќа. Или за некој што треба да одговара пред судот и правдата. Народот во свои раце има се'. Ама ако нема волја, нема ништо. А народов е страшно пасивен. Како што пишаа поназад, тотална апатија. Мене смачено ми е секој ден да слушам само црна хроника и беда, не сум од партија на работа и не ми е страв дека нешто ќе изгубам и некако ќе ми влијае ако излезам на протест, ама протест онака се' да се блокира, се' да се бојкотира, додека не се постигне целта. Е само така ќе смениме нешто.
@Feminka22 како прво едно огромно браво за темава, како второ, многу ме радува што еден млад човек размислува вака и да ти кажам искрено ми даде надеж дека можеби не е сѐ изгубено, се надевам и очајно посакувам да има што повеќе млади луѓе со вакво размислување. Факт е дека сѐ е до народот, но овој народ е толку одроден, толку погазен,што нема национална свест. А сето тоа е тактички работено години и години наназад, со никакво образование, со сиромаштија, угнетување итн итн. Еве на пример јас кога учев основно школо ние учевме колку овци има Австралија и такви слични небитнини а за Македонија и македонската историја учевме многу малку што не е пример за околните земји. Сакам да кажам дека со неписмен народ многу лесно се манипулира. На народов не му е битна историјата на Македонија а тоа е уствари основата зошто сме денес дојдени до тука, историјата е коренот, а дрво без корен не бива. Многу им е по лесно да извадат фашистички пасош и да избегаат од тука него да земат да се борат за тоа што е нивно. Живеат по белиот свет како робови, одвоени од своето и замисли сето тоа им е по лесно од борба за своето. Факт е дека системот ни е трул и треба рестарт, почнување од почеток, треба сѐ од корен да се смени и тоа не е воопшто лесно со оглед на тоа што политичарите ги наполнивме со пари и моќ. Овој народ е научен само СДСМ и ДПМНЕ и канцерот на Македонија ДУИ, или се едните или другите а третите се секогаш тука пошто се канцер а канцер тешко или никогаш не се лечи. Треба прво свеста на народот да проработи а после сѐ од почеток. Јас бев на сите протести и да ти кажам искрено се разочарав од народот, се приметува на протестите кој човек е дојден од што го боли душата за Македонија а кој е дојден партиски за еден сендвич и поен плус.
Замисли го ова сега, пари за учебници нема ама затоа има за двојазични униформи, за апанажа за пратениците, за патни трошоци , за ручеци, за дресирање магариња... И народот си ќути и си вика добро е има и бетер.
Факт е дека образованието не ни го бива, али не е само тоа. Не е ни до народот. До целиот систем е. И со протести нема да се смени кој знае што. Потребно е рестарт на целиот систем.