1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рехабилитација на скршена рака

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kamikazus, 11 септември 2011.

  1. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Здраво,

    Јас ја скршив раката под рамото и ми правеа операција затоа што мораа да стават плочка за да ги сврзат коските. Е сега ме интересира дали некој имал такво искуство и дали знае колку трае процесот на рехабилитација додека раката се врати во нормална функција а и ако некој знае да ми препорача добро место за физикална терапија за истата...
     
  2. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    вака.. јас учам за физиотерапевт .. и знаам некои работи што понекогаш на докторите им е мака да ги кажат а камоли да ги препорачаат за кај нив ..
    значи за да ја вратиш раката во нормала треба да правиш вежби ..доколку не можеш самата да ги правиш .. физиотерапевтот треба да ти помага или во почетокот тој да работи на твојата рака .. тој треба да ти препорача вежби бидејќи најдобро знае кои вежби можат да помогнат во твојот случај .. можеби ќе ти препорача и парафинска терапија или ДД . (дио динамик) .. сега најмногу ти треба вежбање и витамини (калциум) .. значи одењево кај добар физиотерапевт ти е единственото решение и тоа мораш да го направиш најбрзо што можеш .. бидејќи може да настанат компликации..
    посети физиотерапевт (некој така подобар.. што му се работи) тој си ја знае работата. :)
    па кажи што ќе направиш ;) :)
     
    На Brave.Girl му/ѝ се допаѓа ова.