Поклон ми е за свадба, ништо не се става во него, само вода, без масло, без зачини ама многу е вкусна храната на пареа. Не знам колку пари е,од тука е купен, сигурно го има во Нептун или Техномаркет.
Чизкејк. Го правев по овој рецепт, ама со безглутенски бисквити, вакви Бидејќи овие бисквити се посуви и многу тврди, количината путер за кората не беше доволна. Ставив уште 1-2 лажици путер и мааалку млеко за да се направи кората. И со маскарпоне сирење, ама од кремот направив половина мера - со 500 грама сирење. Затоа вака сиромашно изгледа, ама прескапо е сирењето и тоа е. Многу, многу вкусно излезе. Едит - го имав згрешено линкот за рецептот. Сега е точниот
Може, секако. Повели Еве ја и сликата тука нека ја има плус Тесто: - 4 јајца - 2-3 големи лажици шеќер/стевиа (зависи колку благо сакате) - 1 филџан масло - 1 филџан млеко - 5 големи лажици брашно ( јас го користам тоа на Schar, што го знаете сите од темава ) - пола кесиче пециво - 2 големи лажици какао Прво се матат јајцата, па се додава се друго. И се меша се заедно додека убаво се соедини. И се става да се пече околу 30 минути.. од прилика ( не броев ). Од горе се декорира по желба ако сакате нешто. Јас ставив јагоди и парчиња чоколадо со стевиа. Чоколадото го ставив од горе кршено на мали коцки, пред да го извадам тестото за да се стопи убаво. Јагодите ги ставив на оган малце, и после ги измешав со желатин едно кесиче и неколку лажички стевиа. И ја ставив смесава од горе и оставив да се лади. Али желатинов нешто не ми фати баш... Ама нема везе, супер излезе. Мене ми се допадна Спојлер: Чоколадо Ова чоколадо го користев иначе.
https://forum.femina.mk/threads/Храна-без-глутен.18456/page-7 пишав и овде, ккако им се движат цените на производите?
Ем безглутенски,ем посен Колач со тиква и пудинг со газоза *Предизвик ми беше баш поради газозата. Каков шмек дава мммм
Рецепт https://moirecepti.mk/post/посен-колач-со-тиква П.С Јас направив мали измени- употребив 500 гр.пченкарно брашно, само 100 мл. масло, мелени бадеми и околу 600 гр. рендана тиква. И тава бр.28
о је . не од моја желба. Пред скоро 5 год ми се случи нетолеранција на глутен. Што сега преоѓа накај хронична нормално од непазење. решив да припазам периодов. печам леб па ќе пишам рецепт. Имам правено и крофни и палачинки ...
2 јајца 1 чаша к млеко пола пециво 1 шоља брашно од ориз 1 од хелда зејтин сол и вода. посеАно со лен чиа и сусам.
Добро бе дај кажете ми точно рецепт за леб ама да испадне убав за јадење. Умрев за леб никако не можам да го погодам. Ама се по ред, прво состојки па печење.
На шпански се рецептите, нема на англиски. Лилит ме услужи со рецепт, за денес имам уште малкуцка од вчера и утре домачица ќе будем.
Моите дв обиди за безглутенски леб беа тотална утка Оној од хељда ми беше премногу густ и многу тежок, ни малце вкусен, успеав со живи маки да го изедам, вчера правев од пченкарно по рецепт од интернет и беше толку тврд, камен буквално, го фрлив, а одев се детални по рецепт од интернет, ни малку не личеше како тој од сликата. Денес ќе пробам некој од овие рецепти, а ќе одам и до тинекс да видам за брашно. Очајна сум да си каснам со хумус и закиселен кромид
Солени мафини Пола шоља бг брашно Пола шоља овесно брашно Пола шоља брашно од просо 1 пециво 150 грама козјо сирење, ма да може шо сакате, маслинки, сушени домати, спанаќ итн Сол по вкус Две лажици маслиново Гранулиран лук ако сакате лук Се пече на 200 степени 5 мин и уште 5 на 300, ама зависи од рерната. Благи мафини Истите брашна во исти количини Ванила течна пола шишенце 1 пециво Еритритол по вкус блажина, јас ставив пола шољичка за кафе - не ГМО да потенцирам! 1 мерица протеин (мојот беше солен карамел) Една лажица путер Може да се додадат овошја по желба или чоколадни мрвици Ги намачкав и калапите со путер. *путер спаѓа во здрава храна И бејглс направив, само во мафин стил од чисто бг брашно, таман испаднаа за по едно на доручек. Ги посолив горе со крупна сол, црно семе, сушен кромид и лен.