Јас со години имам проблеми што укажуваат на нетолеранција на глутен и никогаш до сега не ми текнало да си напраам еден тест,и да не јадам одреден период тоа што ми смета Со диети се лажев,али тогаш за тогаш и пак почнува. Пред да седнам да јадам стомакот ми е во најнормално издание,се најадам ли-ко 3ти месец трудна. Цврст и отечен стомак,и постојани гасови. Срамови. Ќе пробам месец дена да бидам gluten free, иако мислам тешко ќе ми оди.
Еве два производи без глутен. Посебно им се израдував на тестенините, македонско производство се и мило ми е што и кај нас се произведува безглутенска храна. 500 гр. е околу 50 денари. Освен производите на ПИКВрбовец кои одамна ги знам, еве и Неопланта има безглутенски сувомеснати производи. Можеби би било убаво да имаме посебна тема која ќе ни служи како каталог за безглутенски производи.
Убави се тестенините? Има и од Дивела чисто пченкарни, ама не се нешто посебно. Засега најубави ми се Le Veneziane И шпагетите и макароните се супер.
Што знам, убави се, не се лоши, поентата повеке ми беше дека се македонски, тоа ме импресионираше Ги знам оние стандардните на безглутенските полици во маркетите, а инаку мене сите ми се исти, некако не обрнувам внимание на разлика во вкусот. Овие беа ставени каj стандардните тестенини и баш се поефтини. Овоj облик на тестенини ми е омилен.
53 ден веќе сум на ваков тип исхрана, за жал не по моја волја, исфрлив глутен, млеко и млечни производи. Од месо јадам исклучиво говедско и мисиркино. За овие 53 дена намалив скоро 14 кг или од 85 се симнав на 71 кг. Настрана симнувањето вишокот килограми, проблемите со мозочињата исчезнаа буквално. Тенот ми се изедначи, пудра не лупам како порано. Лошата страна - скапо е за наш стандард. Има одредени производи што се достапни за сечиј џеб, но останатото е стварно изгор. Од стокомак на она што сум нашла, а е поевтино се следните производи: 1. MK флипс со кикирики - Hello - 23 денари; 2. Прелив за салати - Mautner Marknof - 500 ml - 100 денари; 3. Виршли Вуди од мисиркино месо - 6 парчиња - 70 денари.
Ги пробавте крекерите на Виталија? Конечно нешто што потсеќа на Бејк Ролс. Има и барсови со бадем и малина, ама не ми се допаднаа. И бисквиткиве, долго време ги меркав и вчера конечно купив. Мнооогу се убави.
Бисквитиве? Во Тинекс ги купив (Охрид). Уште 2-3 пакетчиња имаше и се’ си мислам дека ќе престанат да ги носат, зашто тестенините од овој бренд веќе не ги гледам.
Вајда не им се трошат, зошто оваа фирма сега ми текнува дека во супер тинекс во Ск ја имам гледано...
И тие од кокос пробај ги За Виталија многу се радувам, преубави ми се крекерите, особено тие со чили, а и баровите ми се вкусни. Најмногу се израдував што почнале да произведуваат и мусли, три вида има, ова што го земав е превкусно и полно со јаткасти плодови
Еееј, овие не сум ги видела. Други вкусови има? Јаткасти со јогурт не ми одат, а млеко не пијам. Веб страната не им е ажурирана, да не речеш дека на готово чекам инфо. Си проверив прво.
Имаше уште два вкуса ама не обрнав внимание какви, ми светнаа очиве кога ги видов овие со бадем и чоколатце Jac ги купив од штандот на Виталиja во Сити Мол, не знам дали почнале да ги носат по маркети.
http://www.vitalia.com.mk/cornflakes-en-ns_article-go-nutri-cornflakes-with-no-added-sugar.nspx Znaete dali ovie se gluten free?ne pisuva na niv no isto taka ne pisuva gluten vo sostojki.gi imate li probano?
Провери дали има јачменов слад во состојките. Обично сите корнфлекси имаат. Тој на Нестле ти е глутен фри.
https://forum.femina.mk/threads/Рецепти-без-глутен.25536/ како им се движат цените на производите? Сакам да се обидам бар една недела
Здраво Феминки, Веќе месец и нешто имам страшна подуеност на стомакот, дури и болки на почетокот, гасови и сл. нередовна столица, започна и чешање на телото поточно стомакот и вратот повеќето.. Бев на доктор направив ехо, се беше во ред освен подуеност на цревата и ми даде апчиња за гасови и подуеност, но некако не ми помагаат како пред 2-3 години кога првпат ми се појави ова.. искрено и не ни знаев што ми е со до денес дури не ве прочитав.. Мислам дека и јас го имам истото.. се плашам и за чешањево и црвенилово.. вторник заминувам надвор од државава и ќе бидам подолго време отсутна со што немам прилика да го испитам сето ова.. направив крвна слика се е во ред, гинеколошки исто.. со што ми останува да го испитам и ова.. Накачив и на килограми малку, па докторот ми рече диета обавезно.. делувам подуено, а претходно не сум имала алергиска реакција на било какви храни.. така што ми е чудно. Докторот сега ми рече да земам лоратидин да попијам за чешањево, за да се смири.. дали сте имало ваков сл проблем и како сте го решиле.. Искрено и не сум мн запознаена што можам да јадам што не.. дали смеам риба, пилешко, кои овошја и зеленчуци.. многу би ви била благодарна.. Извинете на долгиот пост..