Темава ја отворам за рецепти САМО за slow cooker (кај нас познат и како крчко). За мулти-готвачи има посебна тема https://forum.femina.mk/threads/Рецепти-за-Мулти-готвач-multi-cooker.31085/ Сега, јас скоро купив бавен готвач, искрено мене многу ми се допадна се' што направив во него - до сега алфредо тестенини, компир манџа, полнети пиперки, но сакам да научам и други рецепти, како и tips&tricks за максимум да го користам. Проблемот е што тешко наоѓам рецепти, т.е. се наоѓаат прелесно ама амерички, а тие или не сакам да ги правам бидејќи се' е од конзерва, или пак има состојки кои не ни можам да ги најдам во нашите маркети. Најуспешно до сега ми беше алфредото, го правев по овој рецепт https://www.delish.com/cooking/recipe-ideas/recipes/a55419/slow-cooker-chicken-alfredo-recipe/ Со тоа што малку го изменив, бидејќи ми беше течно, додадов уште 250мл павлака за готвење и пред сам крај два кремсира, излезе фантастично Од друга страна, компир манџата иако испадна успешна, кромидот не ми беше доварен и после 5 саати на high. Ако имате рецепти споделете. Ако немате, сама cookbook ќе си напишам овде
Рецепти не знам, ама сакам да прашам дали е економски исплатлив, т.е дали штеди струја или троши отповеќе? Ако штеди, да го активирам мојот.
Крчко кај нас се купи пред пет - шест години од прилика. Задоволна сум од резултатите, ама искрено, јас не гледам посебен бенефит во готвењето на пареа. Можеби единствена предност е што не мора постојано да се ангажираш околу јадењето, да додаваш работи или да мешаш на секои пет минути. Во него најчесто се вари сарма и е стварно океј. Предност е што на пример - оризот го вади цел, не смачкан, каков што би испаднал доколку се готви на рингла како 'пилав'. Сепак, и покрај тоа има една маана. Тоа е што нема опција за печење, зошто јас преферирам листот на сармата и сланината од страна како прилог да се убаво испечени - да крцкаат. Ама добро, тоа е некоја моја преференца, што нема везе со квалитетот на cooker-от кој е наменет претежно за варива и да готви исклучиво на пареа. Инаку, сума сумарум, сега веќе ретко го употребуваме, и често си стои така како неискористена инвестиција. Впрочем мислам дека и со експрес лонец се постигнува сличен или идентичен ефект, дури и време заштедува, а плус е поевтина варијанта од крчкото. Значи, како што веќе кажав, јас повеќе сакам печени јадења отколку варени, и затоа можеби не сум импресионирана од овој начин на готвење, плус немам готвено многу во континуитет. Ама еве токму темава ќе ми биде мотивација. На чело со Камелија што ми даде одлична идеја понатака да направам тестенини со павлака за готвење и бело месо или сос болоњезе. Мислам дека не би било комплицирано, бидејќи одеднаш би ги додала состојките - пелатето, макароните, морковот, меленото месо, кромидот, лукот, путерот и би поклопила. Сигурна сум дека би испаднало супер, и ако ми текне обавезно ќе ви ставам слики. Кромидот ќе го сецкаш на многу ситно следен пат, како и морковот. Значи на ептен мали коцкички.
Денес го правев овој рецепт https://www.delish.com/cooking/recipe-ideas/recipes/a50007/slow-cooker-loaded-potatoes/ Морам да кажам дека испадна фантазија На алу фолијата ставив малку зејтин, потоа наредив исецкани на така, поситни коцки компири, кај мене испадна во еден ред. Од зачини ставив сув лук (не ставив свеж), црвена пиперка, вегета, сол и бибер. Млад кромид немав, затоа не ставив. Потоа ја ставив претходно испржената сланина, а најгоре кашкавалот. Кашкавал ставив мешан, но мислам дека ќе е подобро со 100% кравји кашкавал, моцарела или чедар, зависи од вкус. Го завиткав во алу фолијата, и го оставив на high 3 ипол саати. Ги јадевме со павлака, ама не ги посипував, него директно во тањир. Фантазија Едит: иако во оргиналниот рецепт нема, јас ставив и околу 80-100мл вода, и немаше течност на крај сепак мислам дека им треба на компирите барем малку вода за убаво да се сварат. Меленото месо секако испржи го пред да го ставиш Јас нели полнети пиперки правев, месото си го испржив, оризот го сварив, ги наполнив пиперките и си легнав да спијам Иначе ако сакав да ги потпечам, тој што е керамичкиот дел може да се стави на крај во рерна 10-20 мин, на 200 степени
Yup. Јас на пример во последно време сите меса ги пржам без масло со претходно карамелиризан кромид. Постојано мешам без престан, и во моето кулинарско искуство можам да кажам дека ова е дефинитивно најдобриот начин на пржење. На крај само додавам путер кога целото јадење ќе биде скрос готово, ама и него го избегнувам сега. Инаку... Оризот не го вари Камс. Пропржи го само онака малкуцка со вегета, вода, зејтин и кромитче. На старински начин. Ептен, ама ептен дава шмек на полнетите пиперки кога е така благо пропржен на рингла. Не го вари многу, само ептен благо омекни го и додади му црвен пипер или чили. Така е 100x пати подобар. Ако го усовршиш - на коњ си.
Јас обично жив си го пикав во полнетите пиперки, секако се вареше во нив нели во рерна. Ама сегде онлајн пишуваше пред да го ставам во слоу кукер да е сварен. И ај... секако купив апарат за ориз, шанса немам да го сварам во тенџере, 100 пати го заебав. За полнети пиперки класични, заедно пржам месо, кромид, морков, на крај соединувам со жив ориз, а тогаш додавам зачини, вегета, црвена пиперка, лук, биберче... не ми текнало да го пропржам оризот ама ќе пробам и така. Иначе луто не јадам ич, па чили е ноу-ноу
За ориз немаш гајле. Грав и уште некоја мешунка беше што мораше да се вари пред крчко, зошто содржи некоја материја што мора баш на висока температура да се третира.
Па не знам уште колку ќе бидам задоволна, јас ја купив најефтината опција во моментот за проба. Во Веро имаше акција со купони, фирмата е Camry (Adler) и е баш најобичен, 3000 денари го платив Ако испадне да го користам, за некоја година ќе се апгрејднам
За компир манџата би ти препорачала на 8 саати на low. Јас така ја правам, имам класичен slow cooker (crock pot) не со опции за на пареа. Само мене што ми сметаше на почеток ама го решив и тоа е што многу на вода ми доаѓање и ретка нели научени на запршки, така што откако ќе се свари во кукерот дел од манџата ставам во нутрибулет да се избледна убаво и враќам назад во манџата фантазија доаѓа, згусната. Манџа било каква можеш. Исецкај месо на кокци, додади зеленчук ( морков, компир, златна мешавина, тиквици, модар патлиџан ) само немој броула и карфиол сум пробала не испаѓа добро. Се стави во кукерот додади вода колку да ги покрие намирниците, зачини со што сакаш и остави цела вечер на low. 5 минути работа е. А имаш домакински ручек. Месо многу убаво се пече особено ребра. Значи ќе го намачкаш кукерот со масло или свинска маст, убаво и од страните за да не се залепи местото. Местото претходно го зачинувам со сол, бибер, ѓумбир, мед и барбику сос дополнително можеш и други зачини зависно кој како милува. Го ставаш месото во кукерот и се додава еден прст вода. Се готви на low 8 саати. Нема потреба од превртување. Месото мозок, коските од ребрата сами паѓаат. Кокошка исто можеш да испечеш. Процедурата за кукерот исто мачкаш со масло. Јас ставам цела кокошка претходно зачинета и обично ја мачкам со сос од грчки јогурт, сенф и кари. Од страна додавам компири сечени на коцки. Ги зачинувам со сол и ги попрскувам со маслиново масло. На крај исто еден прст вода колку долу на дното да не се залепи кокошката. 8 саати на low. Обично се правам навечер и оставам цела ноќ да работи сабајле го исклучувам.
Јас порано го користев скоро само за варење на јунешко месо, но деновиве скоро све готвам во лонецот за бавно готвење: месо, грав, печам ребро или пиле цело Сите сме задоволни. Но сепак голем ми е, мојот е од 3.5 л но мислам дека за некој работи сосема доволно би вило сад од 1,5 л или 2 л, но овде не сум бидела нигде, ако некој знае, кажете!
Дури и торти почнав да правам! Многу економично, 1,5 сати вкупно беше уклучен !Тортичето фантастично!
Може некој да ми пушти линк или фотка од некое вакво ,,кое веројатно би ми било како неискористена инвестиција"