Фала ти. Јас правев по ова видео: Го правев во многу големо плехче, затоа излезе потенок + додадов кандиран портокал и кора од лимон, за мирис.
Види го прикачениот фајл 412132 @iloveyou29 рецепт за тесто за пица Овој рецепт ми од една скопска пицерија... #1541 Инаку, понекогаш правам пица со „обично“ тесто... Брашно, квасец, шекер, сол, малку маслинов зејтин и млака вода... Се ставам „од око“, ништо не мерам. „Задачата“ е да добијам убаво меко тесто кое потоа лесно се обликува
@ceca-1 да палачинки.Рецепт од око.2 јајца малку шекер малку сол матам со миксер малку после ставам чаша млеко околу 200мл е и исто толку брашно после додадов уште малку млеко оти беше мн густо и 1 пециво.уште малку со миксер како да нема грутчиња. (Ги мачкав со мармалад и крем,прв пат тестото ми излезе толку добро)
Има пилешко во доматен сос печено. ориз, златна мешавина, пржен модар со тиквички и кромид и боранија.
Грашаков изгледа толку вкусно шо ми се чини дека ќе почнам да го јадам од шо е личен. Не дека не јадам ама баш зрно по зрно, со сила. Морам некогаш ова да пробам само без домат во средина. Со шо го зачинваш стекот?
Мене па само така, чист обарен грашак или златна мешавина ми се најубава храна на свет Стекот го зачинувам со сол и црн бибер, ова (содржи: оригано, темјан, рузмарин, мајоран и жалфија), и ова (содржи: црвен пипер, коријандер, сенф, целер, лук, шеќер, црн бибер и мускатно оревче). Овие двеве што се микс од зачини ги купувам од кам маркетите Инаку можеш да го зачиниш со што сакаш ти, макар само сол, а за полнење можеш да пробаш со свежи ливчиња нане или копар, и парчиња моцарела наместо кашкавал (лично моцарелата ми е поубава). И за да ти остане бело и да ги задржи соковите, печи го во алуминиумска фолија завиткано
Каде има џакфрут и како на друг начин го приготвуваш? Те цитирам ама прв пат слушам за ова растение, ниту сум видела во маркет.
Еве го рецептот. Кромид со моркови се пржат на малку масло додека да стане кромидот проѕирен, после тоа се додаваат неколку чешниња лук. По 4-5 мин на ниска накај средна температура, се додаваат исечкани домати и зачини. Од зачини користев турмерик, црн бибер, паприка, гарам масала и thyme. Се става малку вода, колку да не загори и се промешува секоја минута додека доматите целосно омекнат. По ова се става предходно подготвен зелен џакфрут со малку вода и се остава 10 мин да се пржи заедно, за да џакфрутот ги впие зачините. После се додаваат брокули, сол и магдонос и се покрива со капак и се исклучува оганот. За неколку минути брокулите ќе омекнат и готово е. Спојлер: Џакфрут Може да се набави свеж или во конзерва, ама не знам дали го увезуваат во Мк. Зелен џакфрут се користи во солени јадења, има интересен вкус и лесно впива разни зачини, што и да ставиш убаво ќе излезе.
Рецепт- 1 л. млеко се вари со 300 гр. шеќер и се додаваат 2 пудинзи од ванила измешани со 2-3 лаж. брашно. Настрана 1 маргарин се размешува со миксер и лажица по лажица се додава од изладениот пудинг. Се дели на два дела филот и во едниот се става кокос , а во другиот растопена чоколада. На табака или плехче се редат мини чоколадни ролатчиња ( Винчини моите беа) исечени на средина. Над нив се става еден дел од чоколадниот фил и над него се редат чајни колачиња ( потопени во сок) и над нив остатокот од филот. Следно се реди банани исечени на кругови и над нив другиот фил. Се разматува шлаг- крем и на крај растопена чоколада. Лесна торта, посебен вкус има од бананите . На ќерка ми и личела на монте и се накани да проба со прстот.
@NarCis@ повели рецепт за палачинките. Од оваа количина ми испаднаа 10 мали палачинки. 3 лажици брашно од наут, малку сол, четвртина чајна лажица куркума и пола од тоа црн бибер. Се става малку вода и се промешува. Треба да се добие убава густа течност, не мерам точно колку вода ставам, ама таа е консистенцијата која треба да се постигне. После се додава варен грашок, одприлика една чаша, јас користев сушен грашок кој што го сварив предходно само во вода, без зачини и се гмечи со лажица колку да се соедини подобро со смесата од наут. Потоа се пржи на среден оган. Откако ќе ги превртиш на другата страна притисни ги со лажица одозгоре за да се израмнат и еднакво да се испржат.
Ќе се проба ова Само мене ми оди памет, леќа да ставам место грашок. А може и двете комбинации да ги пробам