Компир манџа со се' што ми се најде дома Запржувам малку кромид и морков, додавам исецкан компир на парчиња, малку грашок, боранија, пценка и зацин по вкус. При крај додавам 2 лажици брашно, 1 лажица црвен пипер, вода и го оставам да се крчка или го ставам во фурна додека омекне компирот. Не знам овде дали имам ставено месо, може да ставиш и месо само претходно да биде малку обарено.
@Acka22 повели За тестото: 2 шолји интегрално брашно 1 шолја јогурт 1/2 шолја маслиново масло 1 пециво Сé ова со лажица се меша и по потреба се додава брашно доколку е потечно, па се става во плех. За филот: Една рендана тиквичка (може и повеќе доколку сакаме да е повисоко) 100 гр. рендан кашкавал 100 гр. сирење 100 гр. сецкани печурки 1-2 лажици кечап 3-4 јајца Мешани семиња по желба Сол, исто по вкус Се мешаат состојките заедно и се редат над тестото. Се посипуваат со семиња и се печат во рерна.
Пилешкото се сече на коцки и се пржи на загреано масло. Потоа се вади и во истото масло се става кромид ситно исецкан и печурки, се пржат тие па се додава 2 големи лажици доматно пире, 1 чаша од 250мл пиво и 2 големи лажици кисела павлака, се динста 2,3 мин па се враќа пилешкото и се зачинува .Јас ставив куркума, вегета и црн пипер. Се става одозгоре кашкавал и се пече околу пола час на 220 степени. Прв пат го правев и импровизирав со состојките. Печурките следен пат ќе ги исецкам на крупно, ставив маринирани ама со свежи мислам поубаво би било. Исто и кашкавалот на крај може да биде цели парчиња, а не ситно сецкано како што ставив. Можеш да ставеш и повеќе пиво во зависност од количината на месото и дали сакаш повеќе сос.
Најнајобичен сладолед го матиш и делиш. Во ванилата на паковање рендам цело чоколадо, во јаготката сецкам јаготки ситно и ги редам едно врз друго. Од горе немав веќе јаготки па за декорација свртив на вишни и ред чоколадо. Интересно иди шарено, да се смени од секојдневно најобично.
Купечки имам и јас купувано ама по малечок е и во онакво пластично тавченце нели? Помислив дека нели во "домашно" тавче и вака скоцкан убаво и исечен би требало дома да е реден и печен по тавче ...
Кадаифот е купен, јас го приготвив само шербетот и попарив. Кило вода, кило шербет се става да зоврие едно 15-20 минути, додека не згусне малку. При крајот додадов путер, лимонов сок и ванила. Се остава да излади малце т.е да стане млак и се попарува. По желба може и ореви, лешници, суво грозје.
Доста големо ми изгледа тавчето или така е сликано , до сега начекував малечки тавченца печен кадаиф ама ова доста поубаво ми изгледа , кажи ми од кој Тинекс го купи или во сите Тинекс маркети го има овој кадаиф?
Една банана се гмечи и се меша со две јајца дур се соедини добро. Третина чаша овес се блендира да се иситни добро и пишеше четвртина лајче цимет, ама јас ставив малку поќе, и пола ред чоколадо изрендав внатре.
420693 Проја Рецепт... Се е по три 3 јајца, 3 шољи пченкарно брашно, 3 шољи бело брашно, 3 шољи млеко, 3 шољи зејтин (јас ставам 2), 1 пециво, 1 лажичка сол. Се убаво се меша и се додава сирење, шунка, спанаќ, праз... Се пече во тава претходно намастена и посипана со брашно . 420694 Зебра колач Рецепт и постапка #20... Рецептот е класичен, за „мрсна“ торта. Со истиот рецепт правам „Кокос коцки“ „Овошен колач“ и „Зебра колач“. Во овој црно - бел колач рендам плус кора од лимон... Изматеното тесто, пола го сипувам во тава за печење, а во останатата половина додавам 3 лажици какао и 5 лажици кокос, промешувам и го додавам врз жолтото тесто, па печам.