ауу ми фаќа мене око за вакви месеници-печеници. Ако имаш споделено рецепт види таму цитирај ме да се најдам и овој десерт го сакам и ова го сакам и ова го сакам и ова го сакам!! Сите рецепти ги сакам! Ми отворивте апетит. Префрлете се во темата рецепти и споделувајте
За бисквит тортата Потребни состојки: 350мл млеко Половина маргарин 300гр шеќер 200гр бисквити 3,5 лажици брашно 50гр какао Се растопува маргаринот на оган. Кога ќе се растови се додава брашното и се меша убаво, потоа се додава и какаото и повторно се меша. Во меѓувреме во друго тенџере се става да зоврие млекото со шеќерот. Зовриеното млеко со шеќерот се претура во другото тенџере каде што се маргаринот, брашното и какаото. Сето тоа се меша убаво на оган, дури да згусне како пудинг. Потоа се реди еден ред бисквити, па фил, па пак бисквити и се така додека имате бисквити и фил. Се завршува со филот, а одозгора по желба можете да ставите кокос или мелени ореви. И бисквит тортата е готова, ви препорачувам да ја ставите во фрижидер и уште поубава ќе ви биде
@Poppins, веќе го има рецептот во темава. Ко, што пишав, омилени ми се. Повели. * Постот е долг, затоа што сакам прецизно напишани рецепти, но не се обесхрабрувај. Рецептот е лесен, со малку состојки и се подготвува многу брзо. *Одамна веќе не ставам суво грозје. Ако ти прави мерак, не го прескокнувај. Чекам слики во ФИ.