1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @IronLady Тортата ?
    @vitamina Кростотата ?
    @LivingGlam Топено сирење е мислам :?:
    Фала ви однапред женски :*
    @Kukla994 Благото со карамелите ? :P
    @theowndemon Фала ти миличка :*
    @t-sweet Фала ти мила ама веќе ги направив.Ке се пофалам во соодветната тема.Следен пат ке ги пробам твоите.Сепак фала ти.
    Феникс и јас правам иста штрудла како твојата само јаболката не ги пржам.Сега пржени ке пробам.Мислам дека ке се повкусни.:) Заразна сум со рецептиве.Извинете :$
     
    На Annath, Kukla994 и t-sweet им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady да, топено сирење е.

    Долу ставив домати (обавезно излупени), кромид и пиперка. Ако не сте пробале топено сирење со ваков додаток, препорачувам. Дава свежина и полесно е за јадење.

    Горе измешано: кашкавал, биено сирење, моцарела и горгонзола (имав и млада и зреена, па ставив од двете). Тоа што имаш стави, само бело сирење мислам дека не оди, некако ми го менува вкусот и прејако ми е. Биеното оди одозгора, затоа што тоа убаво се запекува.

    Во загреана рерна на 220 степени - 15тина минути, ќе видиш сама кога е готово.

    Имав ставено слики во спојлерот во темата, се гледа што има.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Чекам слика ако направиш. :)
     
    На Mishela, ninja35, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Да видов што има мислев дека имаш точни мерки ама ако не е проблем кажи ми само колку земјени тави излегуваат од овие намирници ? Гледам 6 има? Пиперка има зелена и црвена точно гледам нели. Кога ке го пробам ке има слики за тоа се разбира.Скоро не поминува јадење кај мене без слика.Иако ретко готвам нешто неделава дали дека дожд имам желба за тоа.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Се’ ставав од прилика. Пиперки има три - една зелена две црвени. Две мали кромитчиња, два големи домати (малку ми изгледаа, слободно стави 3). Сирењата од прилика се гледа колку. Две моцарели, од плавото сирење по 6-7 коцкички во секое. Од кашкавалот уште малку изрендав потоа, не ми стигна. 6 малечки порции. :)
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Точно, ние не сме навикнати да ги јадеме потврди, а италијанците ги сакаат баш такви, затоа обично нели не велат само паста туку pasta al dente демек да осетиш на заби дека е потврдо.

    Јас пример лазањите ми останало некоја навика, ги ставам ептен кратко во вода што врие, не дека омекнуваат нешто посебно, ама ете.
    Само треба да се пази кај нив да не се залепат кога се обаруваат, бидејќи после е речиси невозмошна мисија да се одлепат.

    @Lady Phoenix и јас така се мачев при полнењето, ама си најдов тактика- од едната страна го блокирам отворот (да речеме со парче шунка) и од другата полнам и така нема шанси да ми бега филот или да ми се створи неред.

    Инаку Винтер, јас ги имам правено класика со болоњезе и бешамел сос и одозгора кашкавал, и исто со спањак и мелено месо, со пилешко, има многу варијации. Тоа е впрочем и убавото кај тестенините, можеш да ги правиш со какви сакаш сосови и додатоци и секогаш да се изненадуваш од вкусот.

    Еве има и тема за канелони, можеш да си разгледаш некој рецепт.
    http://forum.femina.mk/threads/Канелони.10678/
     
    На Esmeralda-MD, Annath, Winter Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @Lady Phoenix да не ја полнам Фемина Инстаграм па те означив тука. Полнењето на канелоните го направив со конзервирани печурки затоа не пуштија вода и не ми се разводни смесата.
    :)
    Кажете ми што мислите доколку нареден пат ги печам во павлака за готвење? Таа е малку погуста нели, незнам како би било доколку ја разредам со малку вода, да не ми биде без вкус после... Искуство некое?
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @mims-89, е тоа е веќе друга работа. Јас не користам конзервирани, ми немаат убав вкус. Инаку, во Фемина инстаграм баш ви пишав предлог (не можам да го цитирам тука, па го ископирав):

    Еве еден предлог од мене за следен пат: Можете обратно да направите: ако некој јаде кечап или си има дома подготвено доматно пире (значи густо да биде, со што е можно помалку влага) може наместо со павлака, со доматното пире да ги поврзе состојките за филот, а одозгора да се полее со павлака за готвење (може и бешамел, ама јас не го сакам и не го јадам).

    Слободно можеш да ги правиш со павлака за готвење (од друго искуство, од фетучините во бел сос што ги правам), со тоа што ќе ја зачиниш прво: стави малку сол, мешан зачин, бибер, босилек/оригано, тоа што користиш и што ти е кеиф. Можеш малку вода да и' додадеш, па ќе испари во текот на готвењето. Еве како идеја, може и маслинки одозгора да нафрлаш. А инаку, јас и томателото/доматниот сос го зачинувам, бидејќи горе редам печурки, па да не биде без вкус. ;) Повторно можеш некое парче едамер/гауда при крајот да додадеш и voila! - имаш пица-канелони. :)

    @sesilija, кога јадам од другиве тестенини, да, сакам да се ал денте, не ги сакам преварени и на граница на кашавење, ама овие дека подебели и некој страв ме фаќа да не бидат како дрво, па си ги ставам прво во вода што врие. :lol: Инаку, канелониве ги полнам прво од една страна, па од друга страна, а за тоа време, наместо со шунка, го блокирам едниот отвор со дланка. :D

    Јас канелониве вака си ги правам, по рецептот што го пишав, знам дека класика е со болоњезе полнење или спанаќ и сирење/урда, ама тоа ми е некако повеќе за други тестенини.

    И така, женски... Мило ми е што споделивте и други идеи и искуства со мене. :)
     
    На Esmeralda-MD, Annath и galapce им се допаѓа ова.
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Еј Винтерка, сега видов дека си барала рецепт, не ми стигна нотификација затоа.
    Иначе рецептот го имам пишано во темата Торти што не се печат. Види таму, нее tешко да го најдеш бидејќи нема многу испишани страни. Ако неможеш да се снајдеш пиши ми ке ти пратам линк :)
    @Winter Lady
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Слободно печи ги без да ги обариш. Јас никогаш не ги обарувам канелоните, оти тешко се полнат после. И секогаш гледам да има доволно течност за да се сварат. Дали ќе биде доматно пире, или павлака за готвење, тоа е до вкус и рецепт. Исто и лазањите, веќе не ги обарувам, само ги редам така, ама бешамелот го правам малку потечен, исто и останатиот фил. Гледајте да има малку повеќе течност, оти при печењето голем дел впиваат тестенините.
    А што се однесува до самите тестенини - мене лично најдобри ми се лазањите од Стокомак. Порано ги сакав од КАМ, ама кога ги открив овие од Стокомак, само такви купувам. На Барила не ми се погодуваат некако. А за канелони и останатите тестенини - сеедно кои.
     
    На Giovanna, Esmeralda-MD, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Анат јас прв пат правев канелони и на другата страна имам пишано дека ке ги обарам за да не се поживи.Ама морам да признаам дека иако ги обарив не ги држев ни точно две минути во зовриена вода тие малку ја загубија формата а за полнење да потешко се полнат јас ја ставав канелоната вертикално и ја полнев одозгора, потоа ја свртував од другата страна и така некои ги полнев директно во раце.А да и кога се обарени се пораширени и собираат повеќе фил.И многу ми беше филот.Необарени помалку ке соберат.Јас лично секогаш сакам повеќе тестенина да јадам отколку повеќе сос.Јас правев со канелоните на Дивела.Супер беа инаку.Следен пат лазањи ке правам ама со многу спанаќ го обожавам.Имам гледано неколку рецепти, ама ако прави некој не би било лошо да сподели.Инаку Сесилија ја видов темата ама многу малку рецепти има.
    @vitamina Рецепт за кростотата ?
    @IronLady Тортата ?
    Се извинувам по втор пат што ви досадувам, може првиот пат не ви стигнала нотификација.:D
     
  11. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    Ќе ти ја напишам рецептата, кога ќе суѓ во можност да седнам од лап топ.
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Кростата со овошје.

    Тесто:
    300гр. Брашно
    100гр. Шеќер
    20гр. Путер
    70мл. Масло
    50мл. Млеко
    1 јајце + 1 жолчка
    Сосема малку квасец
    1 ванила

    Крем:
    400мл. Млеко
    1 кеса шлаг пена или крем
    100мл. Млеко
    8 жолчки
    150гр. Шеќер
    40гр. Пченкарно брашно
    1 ванила

    Декорација:
    Овошје по желба посипано со желатин за поинтересен "шмек" или матен шлаг од останатите 8 белки.

    Тесто:
    Брашното со наросената ванила го ставаме во сад, правиме бунар за да го ставиме јајцето и жолчката внатре заедно со квасецот и шеќерот. Тестото пополека убаво го вмесуваме додавајки го млекото, путерот и маслото. Добро вмесеното тесто се прави во топка се обвива со најлонска фолија и се става во фрижидер најмалку 30 мин.

    Крем:
    Во сад ги матиме жолчките со шеќерот во густ крем, па го додаваме пченкарното брашно, соединуваме и оставаме на страна. Во друг сад на оган го ставаме млекото со шлаг пената се додека не зовријат, потоа ги тргаме од оган и ја полеваме топлата течност врз жолчките, не мешаме, туку ставаме на оган повторно да зоврие млекото и да се разлие одозгора врз кремот од жолчки, кога млекото ќе зоврие одозгора, мешаме 20 секунди за да добиеме кремаст нежен фил, оладуваме, прикриваме со најлонска фолија и ставаме во фрижидер 30 мин.

    Подготовка и соединување:
    Го расплеслуваме тестото во плех бр.24, и го набоцкуваме со вилушка насекаде, па го прикриваме со алуминиумска фолија и го печеме во рерна околу 20 мин. На 200 степени. Вадиме од рерна и го оставаме да излади добро, па ја нанесуваме крамата одозгора врз ладното тесто и за крај декорираме по желба.

    20151010_114328.jpg
    Навидум сето ова изгледа комплицирано, но воопшто не е. А вкусот е неверојатен и вреди да се проба :) .
     
    На Giovanna, Annath, IronLady и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @vitamina прекрасно ^_^
    Знам што ќе правам викендов!:sun:
     
    На simoncelicius и vitamina им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Нема да погрешиш, економична работа а и премногу вкусна богами, ќе пробаш и ќе видиш ;) .
    Ако нешто не ти е јасно прашај ме слободно или пак изгуглај некое видео за да не утнеш. Навидум вака изгледа комплицирано, но воопшто не е.
    Повлечи ги со вилушка страните од тестото на нагоре (како на сликата) , за да филот "се смести" во крошната од тесто.

    Совет:
    Превкусна е со овошје (по вкус) одозгора, и за да го добиеш оној "шмек" светкав како на сликата посипи ги овошките со желатин, изгледа магично :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Нема да пробам јас, само ќе мирисам. :D :( ;( Ама ќе направам некого среќен. :l:

    Да видам како ќе помине, па вториот пат ќе пробам тестото да го направам со безглутенско брашно, да видиме што ќе излезе. Ако бидне нешто ќе пишам во соодветната тема адаптација на рецептот.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Се препорачува брашно тип 00.
    Јас го правев со такво, инаку сите состојки се исти само по себе, не верувам дека ќе се утне во нешто :)
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @vitamina кој тип брашно? Да не фали една бројка?

    Обично кога се става безглутенско брашно соодносот не останува ист, затоа треба прво да пробам со обично за да ја осетам структурата на тестото. Па од безглутенското ќе ставам од прилика.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Точен ѝ е бројот, го нема ова кај нас (барем така мислам), 00, а тоа се користи и за тестото за пица.

    Кога веќе пишувам за брашна, имам еден рецепт за крофни и во него пишува брашно за кревање на тестото, дали сте виделе такво кај нас- се мислам како супститут да го употребам ова, најблиску ми изгледа.[​IMG]
     
    На vitamina и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за такво брашно, затоа чудно ми беше. Видиш, секој ден по нешто ново се учи. :)
    Ова од Данибус ми е познато, го имам видено некаде. Може да е соодветно и за во ова благо а? Ако не, со обично па ќе држам среќа да го биде.

    Да си се редактирам, сама се сетив дека за скроз поинаков рецепт зборуваш. Ќе пробам со обично.

    Ај да си легнам сега, не го бива веќе.
     
    Последна измена: 13 октомври 2015
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Го има во Тинекс, цена не знам, отприлика околу 40 денари за 1кг.

    И мене благото ми фати окце, само би ја зголемила дозата, стално окото на големо ми гледа кога готвам, сакам сите да пробаат и да остане и веднаш се мислам колку треба да се зголеми за да биде таман за големата тава од шпоретот, веројатно оваа доза помножена со 4.
     
    На vitamina и LivingGlam им се допаѓа ова.