@Nalutena1 Redish biskviti eden red (po zhelba i vo zavisnost od tavcheto) znam deka mene mi se 3*6 tolku mi sobirashe. Pa red chokoladen puding, pa pak biskviti pak puding i ushte ednash istoto i zavrshuvash so red biskviti i odma vo frizhider za da stegne. Jas napraviv dva pudinga zoshto eden e malku a dva mi bea mnogu ama bidna, si go isrkav toj shto ostana haha i utredenta pravish chokoladna glazura. Jas napraviv so 200gr mlechno chokolado (deka mi e povkusno taka a mozhesh i so chokolado za gotvenje), malku puter i 100ml mleko. Rastopiv puter vo mlekoto vo mikrobranova, go izvadiv i iskrshiv chokoladoto vnatre i meshav dodeka se stopi Potoa ja polivash tortata i pak vednash vo frizhider
Буреков со готови кори може да ми кажеш како го правиш? На колку кори се става масло и фил? Пробав еднаш неуспешно. Ми рекоа дека можело да растворам квасец и да напрскам меѓу кори ама и тоа не знам како. Може помош?
Јас ставам прво две кори вертикално и две хоризонтално (незнам да објаснам поубаво ) со тоа што краевите им висат надвор од тавата.Секоја ја мачкам со мешавина од вода масло и пола пецививо.(пола филџан вода пола масло).Врз тие четири кори иде една згужвана премачкана па фил(овој е со пица фил).Уште еднаш истата постапка со четири премачкани кори,една згужвама па фил.На крај се затвара бурекот со краевите што виселе надвор и тие се премачкуваат.Го оставам 15 мин да отстои и печам на 200 степени. Јас од јутуб го гледв рецептот Пиши домачи пица бурек,авторката е потпишана со шерпица.За да можеш и сликовито да видиш. Не нараснуваат и кај мене убаво корите.Крцкав е и убав ама би сакала да се помеки а подебели корите
@Mariangel цедиш два лимони, настрана сецкаш две поголеми јагоди на поедри парчиња-тие се за украс во чашата. Другите 5-10-15 јагоди(во зависност од тоа каков сакаш да ти е вкусот на лимонадата, дали повеќе на јагоди или повеќе на лимон), јас ставив 10, ги блендираш да стане кашеста смеса.Прво во чашата го ставаш цедениот лимон, па кисела вода, па изблендираните јагоди и чекаш малце да се измеша и стивне смесата.Па украсните јагоди, неколку коцки мраз и неколку ливчиња нане.Поукрасно ќе беше и лимон на полумесечинки да ставам ќе беше баш баш лимонада ама страв ми беше ради кората. Ти благодарам што ме праша.
@joy1 Повели рецептите. Brownies кои не се печаат За колачот ти требаат околу 1 чаша лешници, 20 свежи урми и 2 лажици какао. Прво ги ставаш лешниците во блендер за да се раскршаат, па го додаваш какаото, промешуваш и постепено почнуваш да ги додаваш урмите се додека не добиеш леплива смеса. Смесата ја истураш врз хартија за печење, ја размесуваш смесата за да се соедини убаво, и одзгора ставаш уште еден лист хартија за печење и со сукало ја расукуваш смесата во форма на правоаголник. Ја оставаш во фриждер 1-2 саати за да се стврдне, или за побрзо во замрзнувач. Во меѓувреме го спремаш чоколадниот прелив за кој ти требаат 3 лажици мед, 2 лажици кокосово масло, 2 лажици какао, 1 лажичка ванилен екстракт, 1-2 лажици вода и прстофат сол. Во сад го растопуваш кокосовото масло на слабо. Ако медот не е во течна состојба го растопуваш и него со маслото, и кога се растопени ги додаваш другите состојки и само мешаш додека не се соедини се добро. Го вадиме колачот од фриждерот и го расечуваме на коцки и одзгора прелеваме со чоколадниот прелив. Имај во предвид дека ако колачите ги ставеш во фриждер медот и коксовото масло ќе се стврднаат, па по желба можеш да го разредеш преливот повеќе, иако јас не би ти препорачала. Доволно е 10 мин пред да јадеш да ги извадеш на собна температура. Хумус Потребни ти се 1ипол чаша сварен нохут, 3/4 чаша од водата во која се варел нохутот, 2 чешниња лук, сок од 1 лимон,1ипол лажица тахини( или 5 лажици сусам), сол, црн пипер и црвен пипер по вкус. Најпрво ги ставаш сокот од лимон и лукот во блендер и блендираш, па го додаваш нохутот и блендираш, па ги додаваш сите други состојки и пак блендираш се додека не го добиеш хумусот. Ако го сакаш потечен ќе додадеш повеќе од водата во која се варел, ако го сакаш погуст ќе скратеш од водата. Си го правеш по вкус. Јас вака го направев ко што пишав, но количините може да се прилагодат според вкусот.
@Rubiii ако мислиш на колачињата се од око ставив. Оригиналниот рецепт е: 250 гр. интегрално брашно, 250 гр. бело брашно, едно пециво, 250 мл. зејтин, 250 мл. вода, 200 гр. непечен сончоглед, 100 гр. сусам, 100 гр. ленено семе, 1 пакетче ким, 2 мали лажички сол. Се меси и веднаш се расукува и се формира по желба. Бидејќи немав се, јас го правев од око околу половина килограм бело брашно, од око ким, сусам, ленено семе и афион, масло околу 200 мл. и вода по потреба. Пециво и две лажички сол. Вкусни се ама афионот не ми се допадна многу, нареден пат ќе го следам оригиналниот рецепт.
https://forum.femina.mk/threads/Рецепти-без-глутен.25536/page-3#post-3411002 Еве го тука рецептот за безглутенските колачиња, ако мислиш на нив
За пандишпан: 4 јајца 5 финџали шеќер 4 финџали млеко 2 финџали масло 6-7 финџали брашно 1 пециво Кора од лимон Се матат јајцата и шеќерот па се додаваат другите состојки. Се турива во плех и се пече. Фил: Се топат 4 коцки чоколадо и се додава 300гр. шеќер, потоа 2 финџали млеко и 200 гр путер. Се се вари на тивок оган. Пандишпанот се сече на коцки,се премачкува секоја коцка со филот и сe декорира со кокос. Ова е рецептот. Прв пат го правев за да ја изненадам мајка ми, но филот не излезе како што очекував мислев дека ќе е погуст. Беше доста течен како вода, не знам зошто, дали јас направив грешка или така треба. Како и да е, на крај наместо да ги мачкав коцките јас ги потопував во "филот" . Вкусни се но искрено не би ги правела пак, не вредат за нервозата