Не претерувајте со кутерид , бетаметазон, кортикостероидите можат да предизвикаат нарушување на оската хипоталамус-хипофиза.... и јас имам лишаи на челото од минатата пролет, ми рекоа дека најверојатно ми е наследно... но како што забележав сите што напишале тука дека имаат лишаи имаат сува кожа, и јас имам премногууу сува кожа. Мојот дератолог ми рече само во пролет па и лето да користам крема за лице кој има висок заштитен фактор.... леле зар некој сеуште користи Лала...оф
^хлорафениколот додатно ја суши кожата иако е добар за мозолчиња, а павличевата да и дава влажност. Некој период не го користи хлорафениколот, постојано влажни го лишајот со павличевата, а според тоа јас што се не ставав на лишаите и џабе, додека сам не помине ништо не му помага.
^ Абе кај мене одма поминуваат лишаите од оваа маста Бетаметазон. Ноќе ја ставам и утрето немам. Кај мене се јавуваат од пудрата. Не ја претерувам маста, само по потреба ја користам. А Лала кремот не бил воопшто убав (не знам кој ја спомнал) дека содрже жива внатре, исто како и пудрата на Макс Фактор. Не е препорачлива оваа крема.
Кога студирав мене лишаи ми се правеа на образите, а имам комбинирана кожа. Единствен крем кој ми помогна е овој и ден-денес си го користам кога ќе имам потреба, и не само за лишаи, туку општо за сува кожа, но и после депилација за да не ми се појавува црвенило и поткожни влакна. Одличен ми е, а на пазарче е само 80 ден. Толку додуша беше кога купив последно.
а што ако кожен лекар ги препишува овие креми како терапија? и кои се симптомите од нарушена хипофиза доколку почне маста да делува подлабоко.
Ќе се потрудам да ти објаснам ... Од надбубрежните жлезди се излачуваат гликокортикостероидите, но активноста на надбурежните жлезди зависи од оската хипоталамус- хипофиза. Кога во организмот нема доволно гликокортикоиди хипоталамусот и дава"наредба" на хипофизата да лачи ACTH. АCTH е хормон кој ја регулира функцијата на надбубрежните жлезди, посебно зоната од каде се лачат гликокортикостероидите. Така да овој хормон иницира создавање на кортикостероидите.Така се воспоставува рамнотежа на оската хипоталамус хипофиза надбубрежни жлезди. Е сега кога преку кожата ќе се внесат кортикостероиди, во поголема количина, нема да има информација хипоталамусот дека нема гликокортикостероиди , нема "наредба" на хипоталамусот ни на надбубрежни жлезди....Ако се користи многу кутеридот на овој начин ќе се наруши рамнотежата на оваа оска и веќе нема да се лачат кортикостероиди и кога ќе престанете да ја користите кремата кога веќе нема да внесувате кортикостероиди настанува конфузија,и хипоталамусот веќе нема да дава информација дека во организмот нема кортикостероиди , а кога нив ги нема настануваат други промени на други хормони, и на синтеза на ензими.... Сега малку е комплицирано, но не е ни битно...најважно не ја користете кремата многу долго, правете паузи .....знам дека малку е збунувачко ова, ама не знам како поинаку да ви објаснам што се случува, и не знам како не ве предупредиле лекарите дека не треба да се користи премногу оваа крема .... извините за должината на постов ама ова беше најкратко... ...позз девојки
кога ја купив кремата по обичај го прочитав и упатството сватив дека кремата не смее да се користи долго, но сите ме убедуваат дека кога се нанесува локално нема никакво внатрешно дејство, наводно и на деца се препишувала, гледам ти си упатена и кажи ми дали е така? и дали се забележани нуспојави кај луѓе што ја користеле? бидејќи во упатството пишува дека може да настанат вртоглавици и повраќања, јас откако ја користам приметив ми се зачестија вртоглавици и гадење, има ли некаква врска ова или јас нешто сум се умислила? фала многу на објаснувањето.
Најголемиот орган на човечкиот организам е кожата , не ја потценувајте... и преку неа можат да се случат многу промени во организмот, кажи му на твојот дерматолог за вртоглавиците, како и да е најмногу може да се користи една до две недели, ништо повќе од тоа.... и јас имам лишаи на челото знам најдобро како ти е .... ама тоа е еве пролет иде и знам дека ќе се појават, јас ги имам од сонцето позз
Ми се појавија на вратот и долниот дел од лицето, бев на кожен лекар, прво ми рече со течна пудра за сипаници да се мачкам, ама таа не да болешеее...и ми даде Антифунгол, то е како канестен нешто, сеа тоа го мачкам, ама проширено е и не ме чеша само ако имам крем на него а без него ме чеша.Да не му се има на некој ова случено, и ако знае некој третман подобар бидејќи неможам ни со пудра да ги покријам а иди Нова година
јас имам лишаи и не е исто суви делови на кожата со лишаи,едно е да имаш лишаи а друго е сува кожа,треба да се третира со БЕЛОСАЛИЦ и ставам маст од невен и еуцерин за осетлива кожа,без белосалиц џабе е се,тоа само се проширува и по цело лице,прво консултација со стручно лице секако
Општи прашања Луѓенца, денес почнаа да ми се појавуваат малечки лишаи во делот кај очите, многу ме печат! Од што може да ми излезат? Поминуваат бргу? Сериозна појава се? Што да им ставам?
Општи прашања Ставај ладни облоги со чај од камилица и избегнувај козметика, шминка додека не се повлечат. Не знам од што се појавуваат, сум ги имала и јас, малку се незгодни.
Неретко се појавуваат од лоша козметика. Но не мора да значи. Сепак дерматолог може попрецизно да одговори бидејќи кај секого е различно. И да, намачкај се со добар и мрсен крем за почеток. И како што веќе напиша Mishela, не користи декоративна козметика во тој дел додека ги имаш и 2-3 дена откако ќе ти поминат. За понатаму, најдобро да се консултираш со дерматолог.
Ми треба ссовет. Имам сува кожа, како мало девојче имав многу лишаи, но со тек на време се поретко се појавуваа. Страшно многу посветувам внимание на лицето. Пред неколку дена забележав дека околу коренот на косата, па и внатре во главата, имам лишаи. Кога се туширам стануваат црвени и многу иритирани. Имам и првут, па се плашам дека ако ставам некој посилен шампон, лишаите на челото ќе ми се влошат. Help!!!
јас мислам да пробаш со маслиново масло и за лицето и за косата на косата можеш да го нанесеш на коренот и до врвовите ако сакаш ако ти се оштетени и убаво пишала феминката над мене со бебешко шампонче изми се после тоа, пошо тие се по благи а за лицето и мене ми беше суво и од време на време знаеа и лишаи да ми искачаат и сега си правам еднаш неделно пред спиење како пилинг со 3 лажици маслиново масло, 2 лажици мед и шеќер ама шеќерот на око го ставам до кога ќе стане густо така на чисто лице го ставам и тријам една минутка и се мие. и после тоа ако сакаш можеш да си ставиш и крема јас лично ставам зошто сакам пред спиење да ми поприми кожата што повеќе хидратација иначе ова кога ќе го направиш имаш за повеќе пати да правиш, чувај си го во некое кутивче
срцка несакам да те плашам ама тие лишаи во главата можно е да е псоријаза ДА НЕДАДЕ БОГ има тема и за тоа zdravstveni-problemi/psorijaza-t4141/ дали те чешаат тие места во главата полсе миење? Мораш да одиш на кожен лекар еве сликички како изгледа еве да видиш и други слики http://www.google.com/search?gs_rn=15&g ... nZOor3gbAE
Не не се такви. Обични лишаи на челото до каде што почнува косата и мал дел внатре, кај свиоците, не знам како да ги наречам, значи скрос на почеток на косата. Не ме чеша, само ми се иритираат после капење, се вцрвенуваат :/ Ќе одам..Во аптека фармацевтот ми рече дека е можеби габичка...