Почесно е да знаеш, моме да би дала отколку на младост ти да би крала грев на душа со крадење немој да носиш а со давање само со насмевка ќе косиш. Ако сега ми спомна нешто за мирис згоден во петок на мени гравот е неопходен. Запржен, незапржен, во тавче или тенџере Ќе те следи убавина, да не затвориш пенџере.
Не затварај никако пенџере, оти ми загоре млекото во тенџере. До комшии отидов,се занесов прости Ама како баш сега кога ќе ни дојдат гости.
Паметни се знај, не се тие прости Ако те чуе шефот има да те скости Ќе се исплашиш од изгледот на киклоп Со еден замав ќе те сплеска тип-топ. Не ме пцуј дете, нека ти е јасно Да не станеш глувче, па да биде касно Имај малку бон тон, со постар разговараш Учи ти принципи и немој да оговараш. :geek:
Не е оговара, туку озборува, - не туку соли памет, манџичето ти загорува. Ти глеј си ја мори косата, немиена и со вошка - не какај мори, ќе ти фрлам во увото трошка.
Голема колку вошка ти падна трошка Наведни се поткрени ја на врабецот подај му ја Сит до неба ќе е тој вечно ќе ти пее сакам уште oј ооој Знај, сржавец да си не е лесно постојано можеш да се најдеш во тесно И за тоа херојства треба да се изведуваат и туѓите потреби на минимум да се сведуваат. Свести се, животот ќе те клоцне подај рака ил прсте, хуманоста нек те боцне. *Пример за иронија :geek:
ми ја искасапија левата рака и тоа се случи еве вака си одев по патот јас така и се правев п**ка јака видов едно куче како се кака и многу мене ми падна мака сакав да ја исчистам неговата кака но кога мајка ми ме виде ми стегна една шљака ме однесе во нашата барака таму ме обесе на квака и ја искасапи мојата лева рака.
Сакаше да се обесе зашто глупак ја занесе. Немој моме будалче не вреди тоа мангупче. Сози си мома избриша и гордо за себе запиша: -Играва е интересна и како песна лесна а тоа момче вредеше што на неа не штедеше. Сега и јас знам и на образ и се појави плам. Ќе вратам со мера иста и дур тогаш ќе сме на чиста. Тргна си моме в чаршија а дома сите се вџашија.... *Can you imagine the rest of the story Шо инспирација ќе беше ова денес
Што да правам јас сега со каишов што ме стега. Убав си беше досега. Ќе му го дадам на еден колега, кој од полицијата избега зашто по дрога посега. Ми кажа мрсна шега откако му дадов нега, и почна да ме напрега. Ќе види тој од сега што му прилега гагу гага гега каишов ме стега.
И мене каишот ме стега иако не признавам , сепак од вистината не се бега Така заедно ќе се бориме или ќе победиме или ќе гориме Со кока кола во едната рака Поубаво него птицата сврака Со љубов во другата рака Ќе ја уништиме нашата мака Заедно ќе успееме и низ цела Македонија ќе пееме
ке пееме и ке се смееме , ко луге ке живееме. нашата младост ке блика, и ке имаме добра прилика. животот ке ни биде песна, ке не следи работа лесна.
Ќе ни заигра и оваа наша патика десна и ќе ни и улицата тесна . Ќе компонирам таква песна која ќе стане хит за љубоморните можи тоа ќе биде мит
Легенда е чуј ме, не е тоа мит Да ти вратам бокс, да бидеме квит Ќе дознаеш работи низ поинаква призма Нервниот систем ќе ти доживее катаклизма. Рапувам јас брате, со специфична рима Не го можеш тоа ти, умот не ти штима Знаеш само дрн-дрн јариња од коза Ти требаат часови културна проза.
Ме воодушевува твојата проза не можам јас без нејзината дневна доза. Не можам ни без другарот Влатко кој кафето секогаш го пие слатко. И знам дека во тие два - три реда се крие посвета за таа која сега ја гледа. Ама скришно ќе ја читам и јас а за тоа ти нема да чуеш ни глас. Да и кажам или не кажи нешто, мене ќе ми значи се.
Митра ќе се мажи ако не се премисли и не се откажи, па да рече дека не се важи, како после болката ќе ја ублажи? Ќе треба да презакажи, и сите да ги растажи, ама итра е таа, некако ќе прелажи и ќе сврти многу мажи.
Да вртиш многу мажи, уметност не е Треба само малку да си посветиш време Летаат сите тие по среден женски задник Без мака и труд ги правиш сите мазник.
Празник! Имаш кај нас триста. Ден ли е ноќ ли е, има ли смисла. Не работиш, седи дома и уживај. Пари ти требаат ли? Ма дај кулирај Јо-јо
Како во ништо нема мака кога не може без забот да жвака? На рамо ми заплака кога и текна дека може да јаде само павлака. Ми рече дека многу се шлака и да јаде нешто друго сака. И дадов препорака за кај двајца стручњака да и стават навлака за да може да јаде што ќе посака и веќе да не ми кокодака. Ќе видиме што ќе се случи понатака.