Што и да јаде тој на никого нема да даде, лаком си е во душа и за гладот на другите не сака да слуша. Ама ќе му се врати еден ден, не треба да е глупав ко клен, она што го има нема да му трае ниту до зима.
Си реков, најверојатно нема душа ама, барем знае да ме слуша Не чепка кај што не му е место оти и на носот му станува тесно. Туку, го залепил во тесто, велам јас не му е баш лесно.. Ој ти, песно, престани да шармираш, ( ) оти се глупираш. Од кај почна за нос па стигна до кос. Мислев на коса, а сега дури си останав и боса.
И додека трчаше низ тревата, потполно боса, го почувствува мирисот на утринската роса, си стави цветче на црната коса. И продолжи да трча брзо, брзо, се додека не стигна до камчето прво, се лупна право в дрво, и од јаболкото го истресе црвот!
И додека трчаше боса низ зелената трева, одеднаш се зачу силна врева. Се затрча да види каква е оваа култура и сорта и оп се најде пред ТРИУМФАЛНА ПОРТА. Секој беше излезен на својата тераса па и стана јасно дека тоа е ГОЦЕВАТА РАСА
Не успеа да стигне до топка па му стави сопка, овој го фати за коса, ја собу копачката па го удри по нос со нога боса. Оној од спроти кога тоа го виде на помош му отиде, лактот го наостри добро, доволно плунка собра, и со лактот во ребра го брцна, а вилицата му крцна и шлајм во чело му жбрцна.
Тогаш чудна мисла в глава му крцна, па реши да трча, да го фати, и двојно повеќе да му врати, кога овој другиот сфати, реши маките да му ги скрати, застана на патот, си го сврти вратот, и повторно го плукна, овој, братот...
И тогаш го зеде апаратот реши да почне да слика наместо да дреме пред компјутер и сајтови да клика, зошто да не тоа е добра прилика :geek: Ја направи првата фотка но не на цреша туку на црвена јаготка, немаше потреба од преработка, и така ја доби својата прва стотка која воедно беше и негова прва заработка и понатаму му отвори врати и добра соработка, па на крај се почасти со една вотка
Цела стотка за една вотка?? Многу се каеше, и за стотката жалеше. Се сети, и извикна силно, а потоа раката во џебот ја пикна милно. Му текна дека има уште една стотка, уште од неговата предпоследна заработка.
Таа на физичко остана предпоследна па затоа наставникот на клупата ја седна, седна до неа другарка една, која беше премногу вредна, таа беше многу изморена, па на нејзините колена таа си легна.
Детето седи и коцки реди. Па затоа бабата по цел ден плети и на моменти дворот го мети. Аахахахаххахаха
Мене не ме бива за рима, а некој пак за римување талент има. Ја сум девојка,што за ништо не ја бива, девојка чија талентирана страна е секогаш црна,сива. Има секакви таленти, уметност,свирење,поезија и проза, од секој талент ми треба по една доза. И ете така се изглупирав нешто, мада по форумов можете да видите сешто.
Сешто?! Па и тоа сешто, ако е напишано вешто ќе вреди нешто, нели? Сонувам за денови бели, во ноќи црни, мигови и контраст, звук од контрабас, да најдеш мир и за себе спас.
Колку да има? Па ќе имаш време за повеќе, ќе дојде зима. А зимата распуст значи, а тогаш нема ништо да не мачи. И знам, глупости напишав, но барем од никаде не препишав.