Хахаххаха е се изнасмеав. А што е со оние кои какаат клечејќи? А насабајле и мене од кафе ми се брза до wc тоа е затоа што кафето ја забрзува дефекацијата. Инаку јас понекогаш знам да гледам наоколу дали фатило некаде паужина во некое ќоше. Најчесто играм игрички на телефон или како повеќето ги препрочитувам насловите од некој детергент, шампон и сл.
И јас се приклучувам кон брзите какачи Само што седнувам на шолја за неколку секудни слушам Спојлер Шљуп и детс ит ис А сестра ми ја квалификувам во бавните какачи . Пола саат и имам броено. Смрт ми беше кога договорени бевме да одиме некаде заедно и кога ќе ми речеше :-Чекај само уште да појдам во WC и одиме Малку е офф ова ама незнам во која тема би го споделила Пред неколку години имавме роднини од Аустралија ,девојки по 20 години . На село кај баба ми бевме и му се приоди во вц и ги носам во полскиот -бидејки нема друг и влегува и одма излегува едната и ми вика: I don't know how И викам клекни де . И повторно I Don'n know how... и и демонстрирам како и влезе некако да се проба. Излегува и ја гледам си го испомочала фустанот. Да незнаеш да клечиш еј
Аууу не знаеш кој филинг е да го читаш Шелдон во Weseli Centar. Милина една невидена. Али весници у WC ми се фетиш. Ааааааа без тоа не може. Па не е тоа тоа без весник или книга.
Ииии како ви завидувам на вас брзите Гонзалевци Јас сум од бавните можеби и желката побрзо ќе се искачи на ридот одошто нешто ќе излезе од мене Инат невиден е. Јас такви створови во живот немам сретнато, па од многу поодамна укапирав што им било маката... им требало бре мотивација за да запливаат во „белиот“ свет. Па секое е различно, со свој карактер. Некое има потреба од будење на креативнио дух, па тогаш пристапувам кон цртање. Изложба можеме да си направиме. Некое е невидена бубалица уште пред да се роди, па сака учење.... а богами и јас имам заприметено дека прилично добра е концентрацијата на зборовите, макар биле куп бројки, а од друга страна те дефокусираат од срамежливкото кој се мисли дал да се појави ил да си остане скриен до наредно лансирање Друго некое си го влечат зборовите, па ко мало дете се упијачува во крстозбори. Дур не погоди неколку вертикали и хоризонтали не излегува, сакаш со зурли и тапани барај го. Има и од оние фешн манијачки. Е овие љубат да се исчита едно цело списание, па потоа со лесно му се фрлаат на светот. А, оние помалку мотивираните, мрзливите, џаболебарите... е за нив само упатства и содржина на парфеми, креми, прашоци омекшувачи,, боите за коса на мама УХУУУУУ за се си знаеме што има до најмал детаљ дур да си се наканиме. Некогаш просто доволно им е и да ги преброиме редовите и бројот на плочки во секој ред од ѕидот спроти нашата клек позиција, па да продолжиме со формите да бараме облачиња, сонциња, цвеќиња, срцена итн. Некогаш и остануваме без оној дел па-па г*мце. Ама што да правиш, не умеам на секое да му го направам кејфот
Е јас сум од тие бавните и ретките, затоа ритуалите ми се почесни Секогаш најпрво ја разгледувам бањата дали е чиста, дали ќе треба тој ден да чистам. Потоа обавезно си ставам маска на лицето пошто едно полаа саат сигурно ја топлам вц школката па така да бидам функционална ем прочистена ем со меко лиценце. Немам ритуал да читам етикети
И јас сум од спорите. Минимум 15 мин. Се напнувам, црвенеам и ништо. Си сака бавна работа цревото мое. А бидејќи знам дека многу ќе се задржам, земам материјал за учење (1-2 страни ги поминувам), или некоја добра книга што ја читам во меѓувреме. А ако ништо од тоа немам при рака, го фаќам мобилниот и играм змија. Иначе не сум од тие што читаат декларации. Кратки ми се многу , за времето што го поминувам таму каде што И КРАЛОТ ОДИ САМ (како што татко ми љуби да го нарекува wc-то) едит: Спојлер http://www.smile.mk/devojka-vo-toalet/
Брза сум многу! и секој ден мора по 3-4 пати да отидам у вц,ако не се барем 3 е тогаш имаме проблем брзо завршувам работа,чекам да ми дојде "јајцето на газот" за да тргнам кон вц
Kога како! некад брзо, седнувам, давам гас и оппп локомотива!!! некогаш, со лаптопот ќе си седнам музиче ово оно, да ми заигра Спојлер гомцето малце ! весељак моменат ми е тој! Cо песна те повикувам јас... Hекад на старински начин, со весникот во рака, читаш-какаш, какаш-читаш и така правиш додека не се олесниш! Tие се моите вообичаени ритуали при извршување на голема нужда, која патем, еве ја доаѓа уз пат е! едит--------- Hајмерачкиот ритуал Mераk ритуал ми е цигара и кафица оф оф оф, каде има поубаво?
Јас решавам судоку, ем ментална гимнастика, ем од напорот побрзо ќе се онади онаквото. Ретко одам по голема нужда, таков ми е метаболизмот, и обично имам фантом гомце, нема никакви траги од него, па гледам двапати во шоља да се уверам дека е таму. И нормално, кога Марфи ќе вмеша прсти, поспоро ми оди работата кога сум на гости (или немаат судоку), па малку повеќе се задржувам, ама и тогаш се дешава тефлон гомце, не се лепи ни на шоља ни на газ.
Моиве гомца се од брзите. Си седнувам и летаат како Хирошима и Нагасаки Ама секогаш си се забавѕвам со читање етикети, сите ги проучив кај мене. Исто така ептен ми е забавно кога мачката моја ќе реши да ме дружи, вечен дует сме. Абе мераци, мислиш ме гледа и ми се гази од смеење. А кога идам во други вециња обавезно се проучувам од седечка (жабја) перспектива. Шампони, пасти, четки, сапуни, улошки и се разбира вид на тоалет. Еј не сфаќам како луѓе користат од оној розевиот како картон што е. Јас си сакам повеќе слоен, со шаричка и задолжителна арома. Не за друго да го зарадувам Спојлер газенцево
Ааааа, креативност, морам да признаам. Кога имам време, па одењето во вц ми е како целосен ритуал, со сите нишани и третмани за целосно опуштање. Си земам книги, весници, мобилниот, уште еден коктел ми фали и наочари за сонце, да се сунчам на сијалицана. Седнувам фино лепо и нема брзање, не не... Ако исчитам се што сум донела, тогаш преминувам на игрички. Е, тоа кога ќе ми здосади си разгледувам упатства. Многу е забавно да гледате како некој се обидувал со сликички да објасни како се ставаат влошки. Додуша, во последно време се побрза и побрза сум оти немам многу време. Најјако ми е кога решавам тестови по матура во вц. Си седам и си мозгам, што значи Црна Арапина. Па ми текнува, еее не виделе тие каков црн арап ќе испуштам, што значел Црна Арапина, ХА. Еднаш и есеј пишував по англиски, па ми дојде инспирација и морав. Не ми текнало, ако ми снема тојлет пејпер пап со тестот. НАААА, они нас матура ќе ни даваат да полагаме. Исто, летно време, ако ме фане некој запек затоа што јадам сува храна, се напнувам, пцујам се живо и диво и поцрвенувам. Ма исто како во сауна да сум, жешко, капки пот ми се лизгаат а на крај уште нешто ќе се лизне. На крај, точно е тоа што рече кејт д грејт, странците ретко знаат да користат чучавци. Прилично забавно е да ги гледаш како се згрозени и ужаснати. ,, Јел ја морам ич у ту дупку ? А шта ако изаџе нешто и поједе ме за гузицу ??? ,,
Во WC имам едно купче со Свет, Скандал, и друга литература "на ниво". Па си седнуваш, листаш жута штампа и уживаш
Освен што читам декларации од шампони, прашоци, омекшивачи и сл. читам и весник кога ќе се најде некој, секогаш пејам. Немам одредени композиции, што ќе ми дојде - тоа. Еднаш го одвлечкав и радиото во ВеЦе. И секогаш, ама секогаш ми успева кога учам во Ве Це. Знам дека нема кај да бегам и во што да се загледувам и само така вадам петки.
малце офф топик за пеењево зашто вајлд го спомна Tатко ми кога се бања, хахахахахаха, оноа се преобразува во оперски певач нешто завива, ама оноа ново компоновани народњачки песни! сиротитот гарант си мисли дека од тушот т.е од водата не се слуша и што е најтрагично по 1 саат се бања, толку е распеан што начисто заборава за KPAJ! а при ритуал на голема нужда го немам слушнато да пее, ама со цигарата кафето и весникот е увек извинете на оф
Леле мори мајко!!! Јас си повторувам анатомија. Зависи што сум учела претходно, седнувам и си ги повторувам и коските, мускулите, вените и артериите и нервите на крај Анатомијата на мускулите на стомакот во ВеЦе ја научив, најозбилно. Гледав под притисок како се згрчуваат мускулите и така си учев Подобра пракса од тоа здравје А инаку во летен период си имам една играчка, кош што ми го поклонија кога бев прво одделение, си го лепам и си фрлам со малецко топче во него. Значи кој нуб сум, сум нашла анатомијата и кошарката и во ВеЦе да си ги вклучам. Иначе чекам Најтвокер да ги види коментариве, ако се бунеше во темана за прдежите, се думам овде што ќе прокоментира. Срце ќе го фати
Затоа што мојата серка е краткотрајна, немам време за никакви ритуали, едукација, разубавување, размислување...
Ме изнасмеавте, многу луди теми има на ова форумов Инаку јас лично, од омекнувачот за алишта претурувам во капачето па пак во него па пак во капачето, си барам занимација да не ми биде досадно. Обично тоа ми одзема мнооооооогу време
Си земам книга (ако читам некоја), весниче или пак учебник. Седнувам на столчето наречено шолја и почнувам во какање! Си читам и се заборавам! А ако не земам ништо за читање си чепкам на фб преку мобилен, но ми се случува и лап топ да си земам за „таму“...
Хахаха....Читам весник, шо прво ќе се фати на рака, читам декларации на шампони, купки, прашоци, омекнувачи....