Паа, ако имам некое списание до мене си читкам или си го прелистувам онака чисто од досада.. зашто немам што да правам во текот на тие 2 минути, 5.. зависи сега, дали е тврдоглаво или не. Или си ја земам книгата што сум ја читала пред да отидам во вц, и ќе читнам по нешто. Или пак ќе си пуштам музика од мобилниот и си уживааам. Е сега не ми се смејте ама некогаш се случува кога проклетото не сака и не сака да излезе , да си земам едно пешкирче (многу убаво ми мирисаат) и ќе си го земам и ќе си го мирисам, потоа некако полесно ми оди. А некогаш.. не правам ништо. На пример, преку година кога имам многу за учење, прав рај ми се оние моменти кога треба да одам во вц и за тие пет минути потполно се опуштам и уживам, си правам пауза од учењето.
И јас сум брза па плочки си бројам или си мислам колку ни е вецето за реновирање. Ако некогаш заглавам повеќе се користам со ВЕЦЕ-литературата на пералната што ја оставува мајка ми .
Закон е темава Првин пред да ме спотерат она ептен јако правам вежби со главата(лево-десно,кругови налево и десно),рацете(горе-долу),малку да ми се размрдаат мускулите,чучњеви,склекови,трчање неколку круга околу маса и спремна за акција,и таму се борам со тоа чудото (барем јас си мислам некое чудо големо ке излезит),а тоа да ти е ко она од козана тртувче за џабе толкави маки да се потам на шојља Спојлер Зафрканција..
Леле од 6 сабајле ја читам темава. Јас, прибирам се` што ми е по пат накај вецето, седнувам на тронот и чекам да ме крунисаат. За време на крунисувањето си ја правам оваа фацка Спојлер размислувајќи за многу битни работи од типот „доволно ли ке ми е оваа хартија?“, „леле сум испрскала на плочките од пастата“, итн или ако гледам некој каталог, си играм „гребни и мирисни“ и послеа следи мислата дека всушност тоалетот и не мириса лошо, туку парфемираните страници мирисаат предобро. Е на крај следи момент на блажена состојба и преродба, и сите жители на моето кралство се среќни.
Хахахах се изнасмеав на темава Обично вецето ми е извор на мудрости сто би се рекло. Обично од таму извираат сите мои ресенија на проблемите кои ги имам.
Со ова се сложувам! Најчесто кога ќе одам во ве-це, дури тогаш ми текнува што уствари сум требала да речам. (ако сум се карала предходно).
хахахах еве го мојот благослов од списанија,до лакирање на ноктите,до снимање како пеам ах еве го и тој дел некогаш кога знам дека ќе имам потреба од голема нужда а пред тоа сум го почнала милото ми кафе,земам тоа кафето и цигарчето и ајде да уживанции тоа ми е најубаво
Страдаат етикетите на шампоните. Тие ми се први на мета. Некогаш се чупам, а некогаш зборам на телефон хахаха. Во глобала-тоа е. Ритуал или навика, мора некако да се тепа досада хаха
Ако немам што да читам,списание или дезодоранс,шампон тогаш го анализирам вецето увек,го мерам каде што му фали,кај има пајажина и сл.или пејам! смешки..
Експресно се обавува чинот, за две - три минути максимум. Најчетно си седам и си гледам дали треба да се депилирам и уживам во миризбата.
до нуждата ке да е !!! некогаш се гледам во огледало .. па си ги стискам мозолчињата (кога имам ) ,па ако има некој нов весник да го прочитам ,ако не ке буричкам во некои продукти да си го проширам знаењето читам ! или телефонот врака и ке пеам или ке давам интервју на некого (на пр. бајнарката )
Лелее, многу сум брзаа. Додека седнам слушам само - шлап и готово. Ритуалот е завршен. Немам време за читање етикeтi и такви некои ствари.