Па не баш, не ни знаев дека се прави од синап сенф, туку мислев баш на сенф во прав. Дали знаеш каде може да се најде во таква форма?
Ви се чудам и завидувам на нервите што ги имате за сите овие процеси при секое миење на косата. Пред бањање ја чешлам косата бидејќи секогаш некои прамени успеваат да се заплеткаат, ставам кокосово масло (на секое второ-трето миење) и чекам околу 20тина минути до половина час. Потоа косата ја мијам два пати со шампон (Head & Shoulders или Schauma, ма да во последно време го земам првиот шампон што е на промоција), нанесувам регенератор (Loreal за оштетени врвови) и плакнам. После нормално следи уште половина час седење со пешкирот на глава и наканување да ја исушам косата, ја пеглам и нанесувам силиконско масло. Ме интересира како е правилно да се нанесува силиконското масло за заштита од топлина? Пред/по фенирање, пеглање....??
Имам виткана коса па еве: 1.Мојата омилена маска од мајонез.Знам звучи чудно и не би ја пробале.Јас не би ја препорачала на нормална и масна коса но на сува мм.Ја ставам маската односно само мајонезот на косата и оставам да отстои 5 до 10 мин.После измивам па еднаш со сјај па после ставам регенератор и гледам да си ги одвојам локните за да ми се оформат убаво.Кога излегувам ја сушам прво со блуза со движења горе долу а не со насилно струѓање.После ја сушам притоа цело време со раката како девојката И тоа е тоа
Шампон и регенератор. Ништо повеќе, ништо помалку. Косата ја мијам секој ден или најдоцна, секој втор. Ја дувам со фенот, ја чешлам и тоа е тоа. Не ми е оштетена, а ја фарбам. Среќа што имам цврсто влакно и густа, јака коса. Не правам ништо посебно, генетски ми е мислам дека, повеќето во фамилијата имаат ваков тип на коса.
Мојот начин на одржување на косата. 1. Миење. Ја мијам со Афродита шампон од лук. Ставам два пати и плакнам. Spoiler Потоа ставам регенератор со бадемово масло и д-пантенол на Данаи. Не можам да најдам слика, евтин е 500мл за 60тина денари по маркетиве. Плакнам. На крај ставам маска за коса Калос кавиар. Од калос имам користено и милк и кератин маска. Сите им се добри. Оставам 2-3 минути и плакнам. Spoiler 2. Сушење Откако ќе ја измијам, пред да почнам да ја сушам, ја прскам со Глис hair repair, па потоа ја дувам со фен. Spoiler 3. Пеглање Пред пеглање, ја прскам со Балеа спреј за заштита од топлина. Од кога го користам ова поретко одам на фризер, не ми се оштетува многу брзо. Еве го спрејот. Spoiler Пеглам и толку. Целава постапка ја повторувам три пати неделно.
Ја мијам со шампон од коприва. Два пати шампонирам и потоа плакнам. После тоа ја сушам и ја пеглам, но поретко кога ќе имам повеќе време. И тоа е тоа.
2 пати ја шампонирам и ја мијам, па и ставам маска и пак ја мијам маската само со вода. После и ставам млеко за коса од Балеа на врвовите, со мирис на кокос е, многу ми се свиѓа, ептен убаво мириса косата плус и врвовите изгледаат здраво и свежо. Потоа кога ја фенирам и ставам од Taft спреј за волумен на косата. Толку
Јас ја мијам со топла вода. Да, знам дека е погрешно, но мразам ладна вода и млака. Бррр ми студи. И да ја мијам со млака другиот ден ќе легнам болна. Ставам шампон на Hair Evolution Aqua Booster После плакнење ставам маска на Органик Шоп со арган и амла Ја оставам да отстои малку 5- 10 минути и ја плакнам, ја мотам во пешкир и ја бришам, па нанесувам од кремата за локни ( овде ми се витка сама од времето ). После ја сушам со фен и ја чешлам.
Пред миење на малце навлажнета коса ставам масло (кокосово или арганово) да ми отстои минимум еден час а кога сум во можност оставам и преку ноќ, мијам со шампон од Бабушка, ставам маска од банана на Гарниер, спреј за расчешлување Глис или од Уртрекам, сега кога е поладно времево ја сушам со фен и на крај ставам по 2-3 капки арганово масло на врвовите.
Јас практикувам да ја чешлам пред и после миење косата, во миење редам шампон и регенератор дека косата ми беше многу заплеткана пред да ја чешлам на два пати, односно ја чешлав само после миењето. Не користам ништо специјално во миењето дека и немам потреба. И после ја сушам, ставам спреј за волумен и серум за коса. Ја чешлам убаво и тоа е тоа.
Ја мијам 2 пати со шампон. Веќе некое време користам Pantene шампон, или тој класичниот или оној со бамбус. На секое второ или трето миење ставам маска, немам потреба од маска на секое миење. Моментално ја користам на Pantene со роза, си ја врши работата, ми ја отплеткува и омекнува косата. Ја чешлам после миење. Поголемиот дел од годината не ја сушам со фен, оставам сама да се осуши. Периодов кога заладува, ја сушам, инаку само убаво ја бришам со пешкир и тоа е тоа.
Пред миење порано си ставав од терапииве за коса на lush , но сега немам толку време за вакво нешто да правам Ја мијам два пати косата со шампон, моментално го користам овој против опаѓање Потоа ја држам во пешкир 5 минути колку да се ицеди од претходната вода па нанесувам маска или регенератор , моментално оваа ја користам. Ја држам 5 минути и ја плакнам. Пред сушење , за заштита од топлина ставам од ова Или ова Ја сушам со фен и толку
Пред миење 30/20мин ставам рицинусово масло на целата коса и ја собирам со шнола. Ја мијам со руски шампон во кој ставам неколку капки шампон од лавера за зајакнување и волумен ја измивам. Уште еднаш од двата шампона и ми стои некој 3/4мин. Ја плакнам и ставам регенератор исто некој руски од ушите надолу. И тој ми стое неколку минути. Јас морам да ја мијам косата со топла вода за да не добијам главоболка. На крај со млака ладна па топла вода ја плакнам и у крпа. Може некој 20мин па спрејчето од балеа и морам со фен. 3капки од јојоба и утредента ја чешлам, освен ако не треба истиот ден да излезам од дома.
Јас најпрво ја чешлам косата. Потоа ја воденам со топла вода, ставам шампон, па ја измивам. Потоа уште еднаш ставам шампон, па пак ја мијам. После шампонот следува маска за коса или регенератор.Го оставам да стои 3-4 минути, па го плакнам. Потоа со крпа ја цедам косата и ѝ ставам крема за виткана коса, а понекогаш и арганово масло. Ако евентуално не ми се добро оформени локните, ставам пена за коса. Ама ова поретко се дешава.
Ја чешлам, 2 пати со шампон, ставам или маска или регенератор, мијам, потоа на полусува ставам силиконски капки и спреј за заштита, не ја сушам со фен, и понекогаш кога сум за излегвање знам да ја испеглам. Многу ретко користам фен и пегла. Максимално пазам да не ја горам
Најновиот ритуал: пред бањање ставам чичково на коренот, убаво масирам секаде.Држам 1 час.После, во чашка ставам 2 прста оцет и 1вода, ама ова два пати сум го применила досега.И ставам на коренит врз маслото, и тријам тријам.Мокрам косата, ставам шампон-Елвиве клеј користам, шампонирам два пати, убаво цедам, ставам маска на врвовите.И седи дур го мијам телото, па на крај ја плакнам. После седи косата во пешкир некои 10минути, ја фротирам со крпата, ја челшам поделена по патецот, ставам спреј за заштита од топлина-Балеа црвениот, ставам на врвовите Балеа маслото со златно и сушам.И тадаа А преку лето, прскам сепак од спрејот, ама не сушам со фен освен кога не брзам или ептен споро се суши.Ама на 35+ не сушам.