Ја чешлам, се мијам два пати со шампон, па ставам маска, ја измивам со вода и после во крпа ми стои 5 мин, ставам спреј за заштита од топлина и веднаш ја сушам обавезно и лето и зима, ако чекам сама да се исуши над 5 саати ќе треба
Јас морам да го споделам видеово со вас затоа што ова ми е буквално откритие. Толку евтина маска а да дава инстант ефект не сум користела до сега. Имам пробано сешто, од масла, жолчки, и искрено не сум била нешто восхитена од ефектите. Ама ова денес прв пат го пробав, и додека го нанесував ми беше страв дека ќе ми се залепи цела коса дека нема да можам да ја измијам ама не, напротив лесно се изми. Ставив рицинусово масло место кокосово, и мене не ми излезе вака бела како во видеото затоа што претпоставува американците имаат некој свој cornstarch што не е ист со нашиов густин ама јас сум презадоволна. Жал ми е што немам добра камера да ставам и слика од косата. После неа исто како да сум ставала кератин на косата, цела мазна и сјајна, без babyhair, без да ми е наелектризирана, не ми е сплесната, а имам баш тенка коса која нема волумен и имам доста нови влакна кои штрчат. И да после неа ставив само од Балеа млекото со кокос и тоа е тоа.
Миење со шампон, ставање маска. Периодов толку, порано повеќе правев, но избегнувам хемикалии поради бременоста, а и со толкав стомак ме фатила мрза сега.
Head & Shoulders. Мачкам ендаш. Плакнам. Мачкам уште еднаш. Плакнам. Некогаш ја потсушувам со фен 'од големото'