Ритуали при миење на вашата коса и грижата за неа после тоа

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear, 6 декември 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ритуали при миење на вашата коса,и грижата за неа после тоа

    Најчесто косата ја мијам два-три пати неделно. Нормална коса имам, накај сува, и сосема е доволно.
    Шампон ставам само еднаш ама затоа подолго време го масирам скалпот, додека не ми се направи мноогу пена. :D Ја плакнам со топла вода, понекогаш и жешка (лоша навика ми е) и на крај ставам маска, или регенератор, само на врвовите.
    Ја чешлам уште додека е мокра, знам дека е штетно ама така ми е полесна за обликување. После тоа ја тегнам со четка, или па само ја сушам со фен, понекогаш и без фенирање имам убава фризура. И така, ништо невообичаено. :)
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Прво да се каже дека ја мијам секој ден, освен некогаш кога не треба да излегувам никаде, гледам да ја одморам.
    Поради тоа што ја мијам секој ден не ја оптеретувам со два пати ставање на шампон. Го масирам скалпот, ама не тријам пресилно бидејќи морам да внимавам на бем(н)ки што имам на глава.
    Од како ќе исплакнам, ставам или маска или регенератор, зависи што ми е при рака.
    Фен употребувам секогаш, бидејќи ако не ја исушам со фен ептен е грда и сплескана и делува неизмиено..
    Порано ставав и серум за фарбана коса, ама веќе не, гледам да намалам со хемикалии.

    И тоа е целата филозофија.
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    6.771
    Ја мијам на секои два дена со шампон и регенератор што ги купив заедно , во пакет одеа.
    Овие да не ги зарекнам не ми прават првут во косата ,а јас порано со тоа си имав проблем .
    Остана да го пробам уште шампонот од татко ми што е за растење на косата :rofl:
    Tријам убаво , дури да падни црното :lol:
    :) Не тријам многу оти ми е страв пак д ане си направам првут , мојот вечен непријател :wasntme:
    После се фенирам со новиот фен мноогу ми е убав. Да си бидиме реални затоа и се капам од што ми е кеф да се фенирам .
    Ја пеглам скоро секој ден , ја виткам за викенд и сите пропратни работи :wasntme:
     
    На crazylady и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  4. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    Кога ја мијам косата, ја мијам со млака вода и со послаб млаз. Ја тријам пополека, и што е најважно не ја фенирам, не ја сушам, не ја пеглам, не ја виткам :)
    Освен за некои специјални прилики :D
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас негде имам прочитано/слушнато демек 2 пати било најдобро косата да се шампонира, со тоа што со првото ги отстрануваш сите мртви клетки, маснотијата и остонати нечистотии, а второто шампонирање е за да дејствува шампонот на чиста коса, и демек вториов пат треба шампонот да го оставиш неколку минути.

    Е сега јас ја мијам косава на неколку дена, значи 2 пати неделно. Понекогаш, значи не секогаш знам да нашлапам некое си масло, дали Ореово, дали Чичково, дали Бадемово, што ми дојде при рака тоа. Го оставам најмалку половина час, а знам и нешто да почнам да си чачкам низ дома па да си постои и по неколку часа.
    Потоа започнува процес на миење, со поприлично топла/жешка вода. Пре би рекла дека е топла, зошто со жешка го мијам телото а скоро секогаш сум жар црвена, ама јас уживам под млаз топла вода.
    И како што кажав 2 пати ја шампонирам, добро ја цедам и и ставам маска. Згора-напреку ја „рашчешлувам“ со прсти и потоа преминувам на бањање на телото.

    Откако ќе завршам со сето тоа во последно време ми стана навика ако не и ставам масло пред миење, откако ќе завршам со миењето ја посипувам со чај од коприва и камилица.
    Од чајов добива некој прекрасен златест сјај.

    Ја оставам некоја минута да се цеди од чајот, и потоа и прскам од Глис-тотал рипеир спрејчето, а сега треба некое друго да си земам, тоа олошот од косава го ишишав минатата недела.
    Правам умешен турбан, облакам бањарка, цигарата во уста и се излежавам едно добри саат време пред ПЦ или ТВ.
    Потоа ја ослободувам косата од турбанот, и ја оставам барем сама од себе да се исцеди, кога неможе да се исуши.

    Ја сушам со фен онака кај сум стигнала кај не, потоа ја расчешлувам, и ако планирам да ја пеглам ја зафенирувам набрзина.
    А во последно време избегавам пегла, па откако ќе ја исчешлам добро ја досушувам и тоа.

    А кога ќе ја пеглам на врвовите кои претходно ми беа екстремно суви и испукани им ставав силиконски капки, или 2-3 капки чичково масло.
    Сега немам потреба од тоа, ставам по една капка од силиконските, малце лак, од што е можно подалеку ќе ја исчешлам и вози Мишко.
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Секогаш ја мијам со млака вода ,не поради тоа што таквата температура е идеална за косата ,туку оти главчето ми е многу осетливо :lol:
    И ја мијам со наведната глава ,инаку ме нервира да ми тече шампон по тело.

    Ставам шампон (не премногу) ,го нанесувам прво на корените и убаво го масирам скалпот ,со умерен интензитет ,во времетраење од 5-6 минути.

    Ја плакнам косата ,ставам крпа да се впие водата и ја оставам така исто неколку минути ,протривам со крпата по краевите (знам дека на овој начин се оштетува косата ,ама не можам да чекам со саати додека да се исцеди природно ) ,нанесувам регенератор со втривање во влакното ,оставам да стои околу 5 минути ,ја расчешлувам косата и ја мијам.

    Потоа си правам турбан ,поседувам извесно време со него ,го вадам ,ја расчешлувам косата ,ставам капки и ја сушам ( кога е ладно или кога се брзам ја сушам со фен ,инаку ја оставам природно да ми се исуши).


    Тоа е мојот ритуал ,кој деновиве треба да го збогатам и со третман со маска. :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Косата ја шампонирам еднаш или два пати, зависно од тоа колку време не сум ја измила (во лето скоро секогаш ја шампонирам два пати, бидејќи од езерската вода ми се лепи цела). Го масирам внимателно скалпот и внимавам секое мое немирно влакненце да биде со шампонче.
    Првиот пат кога ја шампонирам, плакнам веднаш. Вториот пат оставам малце да отстои.
    Користам или шампон и регенератор одделно, или од шампоните 2во1 што се, за полесно да можам да ја исчешлам.
    Откако добро ќе ја исплакнам (што вели баба ми: Косата е добро исплакнета кога ќе почне да чкрипи под прсти.) со топла, не жешка, вода, ја наведнувам главата надолу, слушалката од тушот и чешелот ги ставам од двете страни на косата и чешлам/корнам/тегнам-туркам/кубам надолу и се‘ така прамен по прамен од едната и од другата страна на косата, се‘ дури не се исчешла како што треба. Ова со така ладничка вода.
    Излегувам од туш-кабина и косата ја замотувам некое време дал во крпа, дал во капуљачата од бањарката, да се подисцеди. Потоа ја отпуштам и зависно од температурата надвор ја дувнувам со фен, колку да не тече вода по мене (на лето сушењето на косата со фен ми е потполно исфрлено). За крај, земам малце хидратантен (никако мрсен) крем за лице, размачкувам на рацете и го втријувам на врвовите од косата.
    Е после тоа следи процес на долготрајно сушење при кој косата драстично го зголемува својот волумен.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    некој посебен ритуал немам. Ја мијам косава 2-3 пати неделно, со многу млака вода. Врела не можам да поднесам ни на глава ни на тело.
    Моментално користам Sulfare медицински шампон за против првут, па не сакам да мијам толку често.
    Инаку ја шампонирам 2 пати, и на крај регенатор или маска. Убаво ја плавам, ја мотам во крпа и чекам да ми се впие, дека полесно ми е сушењето. Многу би сакала да ја сушам косава на природен начин, ама не можам :( ако ја оставам така, наредниот ден нема да можам да се завртам од вратот. Ќе бидам како робокап :rofl:
    Кога ја испеглам, обавезно ставам силиконски капки.
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Јас си ја мијам косата секое сабајле (некогаш и навечер, зависи каков период ќе ме фати).
    Цело време ми е така, и маката ме натера да научам да си ја средувам брзо.
    Ја мијам два пати со шампон, ја тријам убаво, и по тоа регнератор да отстои две три минути, па ја плакнам. Грешка ми е што се бањам со топла вода, но неможам ни со млака, имам пробано.. :(
    Додека се облечам ми стои во пешкир, па после пешкирот или на парно или надвор да се исуши за утредента да ми готов и сув... :)
    Ја мачкам со нешто (тоа нешто е секогаш различно, конкретно сега имам Nivea strait balm) и ја подзасушувам кај коренот околу една минута, ја делам на делови и почнувам да се фенирам... Па можам да кажам дека тип-топ исфенирана коса имам за нецели десет минути (не ми е долга).
    Потоа ставам силиконски капки, моментално ги имам Semi di lino од кои многу сум задоволна и спремна сум да излезам.
    И така утредента пак... се додека не дојде период истово да го правам навечер.
     
  10. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Препорачајте ми некое средство за обликување после миењето ве молам? :?: Хобито е на мојата коса ужас, нешто друго, било што...
     
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Секогаш ја мијам косата со топла вода, никако млака или ладна.Еднаш пробав со ладна, демек така ќе имала повеќе сјај, ама тоа немаше врска.Ни сјај видов, ни ништо, само ми смрзна главата :lol:
    Ставам шампон само еднаш, и тоа многу, за миењето користам и нокти и прсти се додека не ја поминам цела глава.После тоа, убаво ја плакнам косата и пазам да не остане шампон, зашто фризерката кај што редовно одам на шишање, ми рече дека ако не е доволно исплакната косата, ќе ми се мрси побрзо.Регенератор ретко ставам зашто имам чувство дека ми ја слепува и домрсува косата.
    По миењето нежно ја бришам со пешкир и додека уште е водена, ставам пена што истовремено ја штити од топлината на фенот, пеглата, фигарото и и дава волумен на косата.Нанесувам по цела коса освен на коренот.Ја сушам со фен, а потоа, ја расчешлувам со четка, никако со чешел :^)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Ја мијам на 2-3 дена. Секогаш ја шампонирам два пати. Првиот пат за да ја измијам нечистотијата и мртвите клетки, а вториот за шампонот да дејствува. Вториот пат ја оставам неколку минути.
    После ја плакнам и и ставам маска по целата должина, па така стои некои 2-3 минути.
    Грешно или не, ја мијам со топла вода. Накај жешка.
    Кога ја мијам маската, се трудам да ја мијам со поладна вода т.е. млака.
    После миењето некогаш ја виткам во пешкир некогаш само ја стискам водата и ја бришам.
    Никогаш не ја чешлам водена. И не ја сушам со фен.
    Само ја тресам за да не капи вода, ја прскам во спреј за коса и ја оставам сама да си се суши.
    Знам дека тоа е грешка, ама не можам целосно да ја сушам со фен.
    Ако треба брзо да излезам или да си легнам, ќе ја дувнам на кратко, ама инаку не.
    Откако ќе се исуши ја чешлам и тоа е тоа.
     
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ја мијам на секои два дена.
    Ја шампонирам по два пати и тријам како којзнае колку да ми е гнасна. Тријам едно добри 5 минути (х2). Ја плакнам со млака вода, никако преладна или претопла. Ставам маска (2-3 пати во месецот).
    Потоа ја виткам во крпа, ја оставам така 1-2 минути. После ја прскам со спреј, ја чешлам. Ја оставам да се засуши сама, па после подолжувам со фен. Ја фенирам, ја пеглам, и ја прскам со силиконски капки.
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ја мијам претежно преку ден или евентуално секој трет ден. Многу внимание посветувам на косата со оглед на тоа што ми е бааги долга и си сака одржување. Преку миење нанесувам масло на косата, пред да ја мијам на сува коса и чекам да отстои иако треба еден час, кога имам време го оставам и повеќе.
    Потоа ја мијам , нанесувам шампон ептен многу ставам, навика пуста.. еднаш или двапати ставам шампон кога како.
    Ја плакнам убаво, ја истиснувам водата и потоа нанесувам маска. Чекам маската да отстои одредено време, а паралелно се тинтрам со пилинзи и слични ствари.
    После ја плакнам маската, ја виткам во крпа и ја оставам крпата да стои околу 15мин. Потоа ја вадам крпата, прскам Глис, па чешлам додека ми е влажна оти после тешко иде. Ја оставам така да се исуши, ептен ако треба да одам негде може фен да користам ама тоа многу ретко ми се дешава.

    Ја пеглам по потреба, ама во последно време и тоа го избегнувам кажав предизвик без топлина. Сакам ептен да ја пораснам, да имам многууу долга коса :wasntme:

    Ова и јас почнав да го практикувам и да ти кажам право стварно и мене не ми е косата океј во последно време, се забележува разлика во негативна смисла. Можеби до тоа ќе е .


    Имам доста читано за правилна нега на коса и ова го тврдат повеќето експерти ама колку е точно друго прашање.

    Сто потези со четката пред спиење ќе ја направи вашата коса поздрава. Четкањето на косата го стимулира скалпот што доведува до подобра циркулација и поради тоа косата расте побрзо.

    Со конзумирање на желатин се зајакнуваат косата и ноктите. Желатинот е богат со протеини кои ќе ја направат косата појака и поздрава.

    Миењето на косата со млака (наместо со жешка) вода ќе ја направи посјајна.

    На местото на секое искубено влакно ќе пораснат две. Тоа не е вистина, но кога еднаш ќе почнете ви се чини дека е така.

    Редовното стрижење на косата ќе го забрза/забави растот. Ниедно од тврдењата не е точно.

    Испуканите врвови можат да се поправат без стрижење. Тоа не е точно. За жал, единствен начин на кој можете да се борите против оштетената коса се ножиците. Некои производи можат да ја направат глатка и да изгледа здраво, но тоа ќе трае само до следното миење.

    Секојдневното миење ви ја суши косата. Тоа е само делумно вистинито. Ако користите шампон кој навистина му одговара на вашиот тип на коса можете да и дадете потребна влага и да ја направите посјајна и поздрава. Клучот е во тоа да го пронајдете својот идеален шампон.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Мојава коса не трпи многу :wasntme: Довонло и е мачењето секој месец со фарби, па затоа не ја гњавам со разни препарати, само онолку колку што е потребно да ми биде свежа и лелеава. Првиот пат кога ставам шампон ставам поголема количина, тријам, и ја бушавам за да ја измие секаде, ја плакнам и ставам втор пат сосем малце, значи една капка шампон, и ако ми се направи убаво пена значи косата ми е чиста. Од баба ми памет ова :D Ја мијам со топла вода, значи за мене топла е ако на телото ми е ладна на главата ми е таман, зашто сум чула дека жешката вода ги дразни жлездите па повеќе се мрси. Регенератори и маски, ставам на три миења еднаш, и тоа само на врвовите заради полесно расчешлување. Е да, пред миење убаво ја чешлам, и полесно се справувам со водената коса. Масла пред миење ставам еднаш на десет дена, некогаш и повеќе, рицинусово, чичково, бадемово, што ми падне в раце во моментот, и си седам цел ден ко ќелава :D После миење ја виткам ко сарма со крпа и може да се случи да ја оставам така едно два саати :wasntme: па после се караме ради кршени праменчиња. Фен ееептен ретко, во последно време откако природно ќе ми се потсуши си ставам широки витлери и така со нив се досушува па ми е фризурата таман по желба. Воглавно тоа, едно време многу ја мачев, сега ја баталив, зашто сфатив дека природна нега одвреме навреме е сосем доволна, и побрзо расте и помалце се мрси :)
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Мојата коса е доста голема и густа па морам да ја мијам секои 3 дена |(
    Прво ја чешлам косата,потоа ја мијам со млакава вода,бидејки ако ја мијам со врела вода ќе ми биде од мрсна по мрсна :tmi: Потоа ставам шампон...Е сега прво мислев дека треба со ноктите добро да се истрие за да немам првут ама цело време сум се лажела :!:
    Со тоа уште повеќе се ствара првут.Значи ставам шампон и со кружни движења ја тријам косата...Потоа ставам уште една тура шампон и истата постапка.Измивам и сега ако имам време и балсам или регенератор ставам ако не не :) Ја истискувам косата и ја ставам во крпа...Ја истискувам со крпата,потоа сушам со фен на ниска температура(бидејки е зима,инаку летото излегувам надвор и природно ја сушам).Ништо не ставам,ни лакови,ни спрејови,ни капки...Откако ќе ја исушам сум како був :lol: Наредниот ден ми е сплескана :tmi: и секако веќе третиот ден се мрси и се појавуват знаци на првут :@

    Инаку да прашам дали помагаат маслата(воглавно сите) за одржување на косата?
    Какво дејство имат?
    Бидејки гледам неколку од вас користат масла а јас до сега немам употребувано па си прашувам :wasntme:
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.953
    Пери - носи.

    Обичен шампон, најчесто детски или некој од извиканиве имиња, но не ми прави некоја разлика.

    Куса и остра коса имам, само си ја бањкам, ја сушам природно и чао журим.

    Никогаш не сум и посветувала некое внимание, зошто ја мијам редовно, ставам маска од јајце и маслиново масло двапати во месецот и бидејќи е кратка, никогаш не доживувам метилави врвови, расцветаности и слични маки.
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ништо посебно, шампон моментално црниот на Глис( не ми одговара изгледа на косава), маска исто од Глис розовата, силиконски капки и пред некој ден си купив спреј за заштита на косата од топлина. Ја мијам косата на секои 2-3 дена, многу ретко ја пеглам и се трудам колку што можам да избегнувам фен, ама зимава тешко оди тоа :)
    Најнов ритуал, поточно измена, престанав да ја мијам косата со жешка вода, ја мијам сега со млака кон ладна веќе 2 недели.
    И тоа.
     
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Мојата коса е долга и фарбана. Се мрси брзо, така што ја мијам секој 3ти ден. Шампон користам од Гарниер за многу сува и оштетена коса од авокадо и шеа путер и задоволна сум од него. Потоа користам регенератор од Глис за кафена коса-одличен е. Маска за коса сега брзо ја купив онаа црната од Глис, и на неа пишува дека може да се користи 2-3 пати неделно. Сега за сега се покажа ок. Со фен многу ретко ја сушам, преку лето никогаш. сега морам само ако веднаш си легнам и нанесувам силиконски капки на врвовите оние Клас, и толку. Сега брзо го добив и оној спрејот за заштита на косата од топлина, па ке видиме како ке се покаже.
     
  20. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Пери- Носи како што пиша некоја феминка погоре
    Ја мијам со head & shoulders ja шампонирам 2 пати ја истикувам косата и ставам субрина ( генера мислам беше имаше две врсти во продавница праска и камилица) ја чешлам ја факам со штипка додека се тинтарам ја плакнам со млака вода накај топла и тоа е тоа а и некогаш ставам силиконски капки од докторс фен,пегла,пени,гелови не користам ништо од тоа ставав од глис спрејот по должината ама ми ја мрсеше многу косата како немиена да ми беше немаше никаков ефект кај нене демек спречувало да не цвета косата како да не :^)