прво се наведнувам надоле ја чешлам убаво косата ,ја плакнам со млака вода 2пати ставам шампон(head&shoulders) убаво тријам и на крај ја плакнам со млака вода и после тоа со скроз ладна вода оти имам читано дека сјај и дава на косата а и има ефекти кај мене ..и некогаш ако не ме мрзи ставам маска на planet spa ама ретко ставам оти пишува одкако ќе се нанесе да се чека 10 мин и да се исплакне .. а јас 3 мин највеќе и плакнам
Најпрво ја наквасувам убаво со млака вода, потоа ставам повеќе шампон и го тријам скалпот па ја плакнам, после тоа уште еднаш шампон па понежно го тријам скалпот,повторно ја плакнам, следува маска за коса и расчешлување(косата мора да ја чешлам мокра, препорака од мојата фризерка бидејќи кога ми е сува се заплеткува многу и е невозможно да ја исчешлаш) уште еднаш ја плакнам и готово. После миењето ја држам завиена во голема крпа за да се впие водата и ја пуштам природно да ми се исуши за да се оформат кадриците убаво. Толку.
Најпрвин го масирам скалпот со бадемово масло и го оставам да отстои еден час. Потоа ја мијам косата со благ шампон, најчесто Бекутан. Убаво го тријам скалпот, па измивам. Шампонирам по втор пат со Пантен во кој имам ставено б-комплекс витамини. Оставам да отстои, измивам, па нанесувам маска. Откако убаво ќе ја измијам косата со млака вода, поминувам со еден млаз ладна. На крај пред да ја исфенирам и ставам силиконски капки на врвовите. Цели ритуали...
Еднаш во 2,3 месеца ставам масло инаку брза сум. Се чешлам пред да ја измијам, се мијам со многу топла вода, со главата наведната надолу. Првиот пат ставам повеќе шампон,а вториот помалку. Кога ќе почне да ми шкрпи косата тогаш знам дека е чиста. Ја виткам во пешкир и ставам Хоби и или застанувам до шпорет, греалка или вклучувам фен ама фен поретко. Кога ја сушам со фен ја сушам наведната надолу.
По некогаш пред да ја мијам косата ставам рицинусово и чичково масло заедно двете,и оставам така да стои по час два некогаш и повеќе потоа ја шампонирам два пати најчесто ги користам шампоните на Gliss и Dove и на крај последниот млаз вода гледам да биде што поладен,затоа што така се спречува бро мрсење и се добива по сјајна коса и обавезно ставам регенератор најчесто на Shauma или Gliss,а поретко некоја маска.Пред да ја сушам со фенот напрскувам на врвовите спреј за коса исто така или на Shauma или на Gliss,и на крај ја фенирам.
Најпрвин ставам чичкино масло на корените, масирам и така оставам ода одстои најмалку еден час. Потоа мијам двапати со шампон за убаво да се измие маслото, најчесто се мијам со Рецепт шампон и сум презадоволна, потоа ставам маска за коса на Генера и јас измивам, ја виткам во крпа. Ја оставам така некое време потоа ја пуштам и ставам силиконски капки и ја чешлам. Многу ретко ја сушам со фен едино само ако брзам за излегување.
Прво без ништо нанесување ја плакнам косата да се натопи убаво цела. Потоа нанесувам од шампонот на целата коса убаво ставам поголема количина од шампонот за да фати насекаде да ми ја исчисти целата коса и + зошто користам шампон со ампули за побрз раст и го масирам скалпот и убаво ја тријам целата коса од коренот кон врвовите да бидам сигурна дека шампонот е нанесен насекаде. Потоа убаво темелно ја плакнам косата, ја цедам водата од неа и нанесувам од регенераторот или маска, зависи кога-како иако претежно регенератор и ставам и оставам да постои 2-3 минути, се досадувам тоа време. И потоа ја плакнам уште еднаш, ја цедам до раце, ќе ја замотам еднаш во пешкирот и веднаш го тргам зошто знам дека тоа не е здраво за косата. И потоа дека ми е мека како свила и лесно се расчешлува ја чешлам за да не ми се плетка потоа. Сега зимно време само некои 2-3 минутки од далеку ја засушувам со фен, а обично не. Тоа е мојот ритуал.
Косата ја мијам два пати со шампон, а после тоа и нанесувам маска за коса - 3 minutes Repair од Garnier, ја мијам уште еднаш и толку. Со фен ја сушам многу ретко, вака кога е ладно да A регенератор оддамна не користам, затоа што многу паѓа косата од него
Косата ја мијам 2 до 3 пати во неделата. Пред да ја мијам косата, ставам маслиново масло на врвовите да ми отстои што подолго време, а ако ептен брзам или ме мрзи да чекам оставам да ми стои 1 час. Бидејќи имам фарбана коса, морам повеќе да ја тинтрам. Го користам новиот шампони и регенераторот на Syoss за фарбана коса, нанесувам два пати шампон и убаво мијам па потоа нанесувам од регенераторот и воедно чешлам со чешел со подебели запци. Ја плакнам косата со средна вода, жешка воопшто не сакам ниту на телото а пак камоли на косата Оставам малку да ми отстои во пешкир, не подолго од 5-10 минути. Потоа меѓу прсти ги одвојувам прамените па горе доле со главата да ми дојде се на свое место Не ја сушам никогаш со фен било лето било зима, оставам да ми се исуши по природен пат Додека ми е сеуште мокра, прскам со спрејот на Gliss за фарбана коса и ми се суши така. Откако ќе ми се исуши косата ставам серум на врвовите за фарбана коса, тие се нешто неверојатно убави. Не ставам на коса ниту лак, гел, преса, пегла, фигаро, фен и ред други работи па можеби затоа ми е свиленкаста Косата не ја правам нешто wow, ја носам со патец на страна и еден прамен го носам наназад, го подигнувам па фаќам со мало штипче
Mалце шампон, ја тријам галавата убаво, само 1 ставам шампон, повеќе не, не ми ја прави косата убаво Jа бришам со пешкир, ќе ја расчешлам, ја сушам природно, и чао пријатно Hемам јас живци за вакви работи
Ја мијам секогаш 2 пати со шампон, некогаш исти некогаш ставам два различни, еден благ и еден појак. Па ставам балсам и после некоја минута го мијам. Ја чувам некое време ви крпата, па потоа нанесувам силиконски капки, ја чешлам и ја сушам.
Два пати со шампон. И потоа одма во крпа. Ни регенератор, ни маска, ни силиконски капки, ништо. И сега кога ќе се стопли и природно ќе ја оставам да ми се суши. И никакви ритуали, освен редовно потскратување. И да, задоволна сум премногу од изгледот на мојата коса.
Ја мијам 2 пати со шампон , па ставам маска за коса ја држам околу 2 минути и ја исплакнувам. Кога е зима ја сушам со фен , а кога е топло времето се суши самата
Ставам шампон, масирам, оставам 2-3 минутки да дејствува шампонот и го одмивам! Потоа ставам маска, чекам едно 6-7 минути, меанвајл се рибам со сунѓерот по телото , и нејзе ја одмивам! Ја ставам косата во крпа, ептен лабаво, да не ми се оштети! Чекам малце да се упие водата и и ставам серум силки смут од пантен и тоа е тоа! Ни фен ни пегла...
Ја мијам,си ставам шампон,почекувам да отстои 2 мин.потоа повторно ставам шампон ја плакнам.И ја виткам со крпа.Потоа ја чешлам и ја сушам
Јас прво со шампон си ја мијам, па ставам регенератор, па си продужувам со туширањето а ова м стои, и пред крај си ја измивам косата од регенераторот, и на крај уште мокра си ја прскам со Gliss А некад ставам од Нивеа за волуменот она плавото мало што е ...
Ја мијам два пати со шампон(вториот пат го оставам додека еднаш го капам телото) па се случува да ставам и регенератор(го оставам додека повторно го измијам телото) ама откако го користам сајос немам потреба од него... Малце фен и здрава како дрен немам потреба ни од силиконски капки, ни од пеглање за да ми била нон стоп права(како со пегла е мојата пеглана постојано)
Jас не би ти го препорачала Cијос сајос, или како и да е. Oдма ја мрси косата, утре дента зејтин. Cигурна сум дека беше од шампонот
Најпрво ја мијам со шампон,но само еднаш бидејќи со два шампона ми е многу разлетана.Потоа и ставам маска и ја оставам да одстои 10 минути.На крај пред сушењето на косата и ставам силиконски капки