Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ритуали при миење на вашата коса и грижата за неа после тоа

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear, 6 декември 2011.

  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Па вака,прво ја мијам два пати со шампон темелно,па ставам маска за коса,па спреј за оштетена коса и на крај силиконски капки. :) Инаку се мијам со млака вода.
     
  2. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    therapy(портокалевиот) :) многу ми е убав... Кога ќе го потрошам сакам boost(розевиот) или protect(црвениот) да го пробам...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sanela94

    Sanela94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Прво ја мијам косата со Orzene шампонот...Од него забележав дека многу брзо расти косата...После плакнам, па ставам балзам и регенератор за коса од авон и плакнам..После 10 минути ставам третман за коса од авон исто, сиво со сино шо е..И косата многу ми е мека така и ко ќе ја пеглам не ми запира пеглата на оштетените делови..пробајте обавезно..позз
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Косата си ја мијам 3 пати во неделата и тоа секогаш во недела, среда и петок :D Мојата коса никогаш не се мрси, а обично си ја носам собрана па затоа издржува поретко миење.
    Пред да ја мијам косата ја чешлам, затоа што ми се прават суканици и ми се плетка. Ја мијам наведната надолу со многу жешка вода, неможам никако со млака или ладна па дури ни во лето. ја измивам еднаш со шампон, потоа ја плакнам и ја цедам малце со раце, нанесувам маска за коса која треба да отстои 2-3 минути, пота ја плакнам убаво и ја цедам со раце, си ја виткам онака додека не се исцеди убаво. Косата никогаш не ја сушам со фен, оставам сама да се исуши, затоа што фенот ми ја прави косата разлетана и локните не ми се формираат убаво. Со фен се сушам само во екстремни ситуации. Одкако малце ќе ми се подзасуши косата ставам силиконски капки на врвовите и толку. Фризура како штотуку излезена од салон :emo: :lol:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу ја тинтрам косата, бидејќи ја растам, а склона ми е кон пукање на врвовите и морам да ѝ посветувам повеќе внимание. А рака на срце, сакам кога изгледа здраво и сјајно. :)

    Ја мијам 2 до 3 пати неделно, зависи кога колку имам потреба, но најчесто настојувам тоа да биде два пати неделно.
    Има периоди кога ја чувствувам сува - посебно кон преминот зима-пролет и лето-есен, па тогаш неизбежно ми е на секое миење да ги мачкам коренот и врвовите со чичково масло.
    Го оставам да дејствува најмногу до 45 минути и почнувам со миење.
    Ако сум расположена за права коса без пеглање, шампонирам 3 пати со Орзен за масна коса, а доколку сакам бујна и брановита коса си користам Бекутанче со камилица и пантенол (покрут е некако и поубаво ми ги обликува кадриците). Секогаш шампонирам најмалку 3 пати, бидејќи ме фаќа шубе дека маслото не ми е добро исчистено, па за секој случај.
    Маска за коса уште немам одберено, па не ставам. Користам регенератор на секое второ или трето миење, зависи кога како - ако ги чувствувам врвовите суви и испокасапени, ставам и при секое миење - значи зависи од периодот.
    Ја цедам убаво, ја замотувам во крпа и ја чувам така 10-15 минутки.

    Прскам од жолтиот Глисс против испукани врвови и ја бушавам косата. Потоа ставам малку пена, па следува фенирањето (ја оставам да ми се исуши природно само во лето), на крај го наоѓам патецот, ставам пена уште малку доколку е потребно и готова сум. 8)
    Делот со пената го избегнувам, ако сум решена косата да ми остане права. :)
     
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Уф таа моја коса,никако да и го најдам чарето,иако :!: во последно време ми е МНОГУ подобрена од порано,ама ептен многу.
    Значи имам долга,ама ај што е долга него и ПРЕГУСТА коса, природно средно виткана,плус фарбана и шатирана.Па сега вие замислете ја состојбата :D .

    Што се тиче ритуаливе прилично вака се одвива целата работа,сега за сега.
    Косата ја мијам што можам поретко,така да испаѓа околу два пати неделно.Порано ја миев секој втор,па и секој ден и така благо речено -си ја уништив (а немав воопшто потреба од тоа,прилично ми е сува,и ретко ми се мрси косата).Маслиново масло оставам на косата еден саат пред да ја измијам.
    Прво пред бањање ја чешлам косата,и никогаш не ја чешлам кога е мокра.
    Сакам млака накај ладна вода,не дека нешто убаво ќе и се деси на косата,ама не трпам топла вода,сакам кога се бањам/туширам да се освежам,а да се загреам уште поише.

    Само да ви дадам на знаење,нешто што не мириса убаво -нема апсолутна шанса да се најде на мојата коса! :D Кога е во прашање мирисот многу сум специфична.
    Ја шампонирам два пати.Ја наведнувам главата и го масирам скалпот колку што можам поубаво и подолго,ама нежно(мократа коса многу лесно се кине и оштетува :!: ).Шампонот ми е голем проблем,до сега не сум си нашла совршен шампон.Моментално користам некој си професионален,ама не го бива ни него за ништо. :|

    После иде на ред регенераторот.Го нанесувам и ја расчешлувам косата со прстите,па го измивам.Е си го најдов најмирисниот регенератор што може да постои ,и кога би можела не би го измивала.Косата два дена ми мириса од него :inlove: Аmerican cream на Lush.Си ја врши работата,не дека прави некое чудо,ама супер си е.

    На крај нанесувам маска од средина на косата па надоле,ја собирам косата со штипка и оставам да делува дур ја си се туширам.На крај ја измивам колку што можам поубаво косата.Која маска ја користам,зависи од тоа колку пари сум била расположена во моментот да дадам :D Од оние со понормална цена ги користам или L'oreal Elseve-Total Repair 5 или Gliss-Ultimate Repair( таа црната),а од поскапите или на Keune или на Kerastse.

    Од како ќе се избањам ја прскам целата коса со спреј,а на врвовите ставам некоја крема или серум против испукување.Гледам кога можам да не ја сушам зошто дефинитивно фенот мене повеќе ми ја уништува косата и од пресата :worried: .Кога ми е целосно сува косата ја средувам со преса.
    И толку.Ова "толку" толку погрешно звучи ,као да е малку,а јас се изморив и од самото раскажување :rofl: .
     
  7. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ја мокрам косата со млака вода , ставам шампон , го масирам скалпот плакнам , ставам пак шампон ( помалку ) чекам 3 минути ..... плакнам , маски и регенератори не ставам ( еднаш користев регенератор костата почна нагло да ми паѓа ) сега сум во план да купам маска некоја , ја бришам косата со крпа и ја оставам сама да се суши , природно ... задоволна сум од изгледот на косата ( само сакам да не е толку тенка и со толку расцветани врвови )
     
  8. ThePrincipessa

    ThePrincipessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Ја мијам на два дена со топла вода, прво ставам шампон и нежно го триам,на врвовите ставам регенератор (еднаш неделно) и откако ке ја измијам ја виткам во крпа без да ја триам. Така завиткана ја чувам некое време па и ставам маска и силиконски капки. Всушност имам многу многу густа коса и самата си бара посебни ритуали а фризерот го посетувам на два месеци и не оставам едно влакно да ми расцвета па баш заради ова пегла и такви нешта не користам воопшто :D
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    -Ставам кокосово или ореово масло и саат време пред да почнам да ја миам.
    -Ја мијам со шампон, во последно време корстам послаби шампони, како коприва и бреза бидејќи ја мијам на два дена
    -Ставам регенератор и чекам неколку минути
    -Ја плакнам косата, потоа ја заморувам во крпа
    -Кога малце ќе се потсуши ја прскам со Глис спрејот и после ја чешлам за убаво да се впие секаде
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Косата ја мијам два пати неделно :$ Ја мијам со млака вода, два пати и ставам шампон, првиот пат, од оние камилица или бреза :D а откако ќе ја измијам ставам од поубавите - обично Шаума. Во размислување сум да си купам Глис шампон, па ако некоја го има користено да ми каже дали е толку супер како и маската и спрејот?
    Потоа на врвовите ставам маска, жолтата на Глис што е, презадоволна сум од неа, ако не ставам, пошто имам многу долга коса, тешко ја расчешлувам. На неа пишува да се чека една минута, ама јас обично ја држам по пет. Ја одмивам исто со млака вода.
    Ја мотам во крпа, и седам така додека не ја упие водата. После чешлам, обавезно со спрејот на Глис, без него - тешко мене :worried: Имам многу проблематична коса која често се заплеткува.
    На крај ставам силиконски капки, зелените од Авон, ја сушам со фен, сосема кратко колку да добие некој облик. И готово. :)
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Немам ама баш никакви посебни ритуали.
    Ако ми е скоро миена косата само еднаш ставам шампон убаво масирам и плакнам. ако ми е од по одамна измиена, тогаш два пати шампон па мијам.
    Маски и регенератори не ставвам, не сум задоволна каква ми ја прават косата. Некои сува , барут, некои мрсна како не измиена . Иако мислам дека ова има најголема поврзаност со водата во Скопје.
    Ова го заклучив зошто кога одам кај моите со што и да ја измија, каква маска и да ставам косата ми е совршена , а ми трае и до 10дена(последен пат, толку не ја миев, а ништо не се примеќаше, полна волумен, ни грам мрснотија). Ваму и покрај тоа што ги користам истите шампони ,ова чудо уште го немам доживеано.
    Летно време не ја сушам косата, ја оставам сама да се исуши, додека зима користам и фен како завршница од “ритуалот“.

    ^ Го имам користено Глис, добар е, но мене брзо ми се презаситува косата од еден ист шампон ако користам, па така после четвртото шише веќе мрсна ми ја правеше.
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Косата ја мијам два до три пати неделно. Прво убаво ја чешлам и и ставам бадемово масло на врвовите,чичково на коренот и остатокот од косата го мачкам со ореово масло. Оставам така да постои колку што можам повеќе. Саат -два обично. Ја мијам со шампон на Head and Shoulders ,зошто само тој не ми прави перут. Потоа и ставам Глис маска или црното пакување или она со шеа путер. Во последно време почнав и Алверде пакување да употребувам со масло од кајсии,ама не ми е тоа тоа некако.

    По ова ја прскам со Глис спреј и делумно ја сушам. На крај за обликување и ставам Лореал крема за коса или крема од Еуген Перма.
     
  13. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Поради тоа што имам многу густа коса и не ми се мрси воопшто, ја мијам еднаш до два пати неделно.
    Откако 5 минути стојам под туш за да се наводени целата, ја мијам два пати со шампон и потоа ставам маска за коса. Ја виткам во пешкир неколку минути за да впие водата и потоа ја чешлам и ставам крема за пеглање и силиконски капки. Доколку не планирам да се пеглам, нанесувам крема за виткање и силиконски капки.
     
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Koсата ја мијам 3 пати неделно ја мијам 2 пати со шампон секогаш, имам долга коса и сакам да е скроз чиста понекогаш ставам и регенератор а еднаш неделно обавезно и маска. Од маслата за коса си ставам само маслиново 1 месечно :?: Ја сушам со фен само во коренот горе си имам замилсено дека повеќе волумен имам така :lol: и го ставам [​IMG]
    и после Силоконски капки [​IMG]
    и или ја пеглам или ја оставам така природна брановита :)
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Пред да ја мијам некогаш ставам маска, некогаш не.
    Потоа следи еднаш убаво измивање само со вода. И мене ми е грешка што пуштам многу жешка вода, ама така сум навикната. Потоа од кога ќе ја навлажнам убаво, на секаде да е влажна ставам шампон. Шампонот го редам од коренот па надолу се до врвовите. Тријам така неколку секунди и го размачкувам шампонот. После тоа ја масирам со ноктиве на сите страни, зад ушите, во темето, убаво ја масирам и после ја измивам. Некогаш ставам уште еднаш шампон по втор пат, некогаш не, зависи.
    После тоа обавезно ставам регенератор. Со него правам исто како и со шампонот, само со една разлика, за пократко време се тријам и оставам неколку секунди да упие регенераторот за да се отплеткаат суканиците и да упие мирисот. После тоа измивам. Малку ја цедам и ја фаќам во крпа. Стојам неколку минути со крпата завиткана за да упие целосно за да не ми капка и после ја пуштам да се суши природно.
    Тоа би било тоа. После миење ништо не и правам. Имам готова фризура само со миење. :emo:
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    7.976
    Пол:
    Женски
    Најпрвин ставам на врвовите маслиново или бадемово масло и го држам околу еден саат.Некогаш си правам и домашни маски за сува коса. Потоа ја мијам косата 2 пати со шампон, ставам маска (регенератор веќе некое време не ставам, многу ми паѓаше косата од него). Потоа ставам спреј за коса, најчесто жолтиот на Глис и силиконски капки од Авон. Многу ретко ја пеглам, а фен најчесто во зима кога не ми се чека оти многу ми е густа и долго време се суши, ама и тоа гледам да е што поретко.
     
  17. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Некогаш рицино масло на врвовите неколку сати пред миење
    [​IMG]
    Шампон(често ги менувам)
    [​IMG]
    Регенератор(најубавиот!!)
    [​IMG]
    Излегувам од туш, па дури е водена ја расшешлувам со спрејчево
    [​IMG]
    Па спрејче за оштетена
    [​IMG]
    Спрејче за расцветани врвови
    [​IMG]
    Силиконски капки
    [​IMG]
    Па пред да ја фенирам, или пеглам, редам од ова што го купив од Прага, овде не го имам сретнато
    [​IMG]
    Тоа е се :$
     
  18. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Ја мијам косата секој втор ден.Откако ќе ја натопам ставам шампон и околу минутка ја масирам главата убаво,потоа ставам пак шампон(секогаш по два пати ставам)понекогаш ставам и регенератор,ја виткам во крпа,потоа ...и ставам масло од арган (од авон,кое ме изненади колку е убаво) ја чешлам и ја сушам со фен,секогаш надоле ...за повеќе волумен :) :) :)
     
  19. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Јас ја мијам косата со млака вода и ставам три пати шампон.Ако ставам еднаш или два пати се осеќам како да не ми е убаво измиена.И одкога ке ставам шампон прво убаво ја тријам косата а потоа ја плакнам.ОД кога ќе ја измијам косата ја виткам убаво со пешкир да се исуши малце.Во зима ја сушам со фен бидејќи потешко ми се суши а во лето сама ми се суши.Од кога ке ја измијам косата ја прскам со спреј кој многу убаво мириса за расчешлување на косата и потоа убаво ја чешлам и ја сушам. :) :rofl:
     
  20. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Косата ја мијам 3-4 пати неделно доколу имам потреба од секојдневно излегување значи секој ден ја мијам :lol:, еднаш во неделата и ставам маслиново масло на косата.
    Користам шампон за волумен, зашто имам многу долга коса и ми се сплеснува и ме нервира еден тон шампон трошам за едно миење :D , потоа и ставам маска за коса ја плакнам ја собирам во пешкир и така некои 20 минути ми седи во пешкир значи никогаш косата не ја чешлам кога ми е мокра, чекам малку да се подзасуши. Потоа и ставам силиконски капки , па на крај третман за измазнување на косата и никогаш не ја сушам со фен ни во зима, во лето па најмалку. Ептен сега ако брзам некаде ќе ја исушам малку со фен, ама гледам да го избегнувам тоа :)