Некакви специфични ритуали немам.Ја мијам косата со шампон обавезно два пати ставам шампон,а потоа ставам маска од маслинки,ми дава живост на косата и тоа еднаш до два пати во неделата ставам маска. Ја мијам на два или три дена кога како. Ја оставам да ми се суши природно бидејќи ми е виткана и подобро ми се оформуваат локните,отколку да ја сушам со фен.
два пати неделно ставам масло за коса,понекогаш бадемово,некогаш чичково,ореово,и така ми стои еден час,после шампонирам два пати,ставам регенератор или балзам и одма го плакнам бидејки се бањам со топла вода и секогаш ја трошам топлата вода и ако почекам неколку минути да дејствува регенераторот ке завршам со ладна вода,па ја завиткувам во пешкир и така стои околу 10-15 мин може и повеке,природно ја сушам,освен кога се брзам,кога е сува ја прскам со жолтиот спреј од глис и ја расчешлувам и ништо друго не и правам бидејки ми е права ко пеглана ,а смешно ми е тоа што после мене кога оди некој да се тушира по неколку минути се врака изнервиран и ми викат дека сум ја истрошила топлата вода
kosata ne ja macete so razni hemikalii ! Jas pravam vaka: 1. stavam sampon. 2. ja mijam kosata so masrianje, poleka, nezno a, ne so grebenje i kopanje 3. stavam sampon. 4. povtorno ja masiram 5. plaknam so mlaka voda 6. stavam maska ili regenerator 7. i ja plaknam so mlaz studena voda. potoa : 1. ja susam so krpa 2. ja vadam krpata 3. ja ostavam kosata sama da se isusi 15 min. 4. ja ceslam 5. ja susam so fen 6. samo ja pominuvam so presata, za da ne mi letaat vlakna. TOLKUU ! NEMA POTREBA OD SPREJOVI, KAPKI, GLUPOSTI, DZIDZI MIDZI, SO TOA SAMO I NASTETUCATE NA UBAVINATA NA KOSATA! OD HEMISKI PRODUKTI SAMO MASKA(REGENERATOR) I UBAV KVALITETEN SAMPON !
Како што имам коса до половина - еве 1.Прво што правам ја мокрам со топла вода, ни со ладна ни со млака ни со жешка со топла. 2.После ставам шампон и едно 10 минути од корените па надоле ја мачкам со шампон се додека не ми се направи убаво пена. 3.Ставам уште еднаш шампон ама помалку време ја мијам, не 10 минути како предходно . 4.После убаво ја плакнам и ставам регенератор , ја собирам со штипка горе. 5.После пак ја плакнам и со прстите ја расплеткувам. После се ова: 1.Ми стои 2 минути замотана . 2.Ја бришам со крпа, односно и ја упивам водата. 3.Ставам спреј за полесно разчешлување, зашто сигурно нема да успеам да ја исчешлам без него. 4.Ја расправувам, со огромна четка. 5.Ја сушам со фен прво пола саат па после уште пола саат. 6.Ја чешлам и со ситен чешел. 7.И конечно завршувам со ритуалите, ја собирам во плетенка или во репче.
Иако имам кратка коса до раменици, сепак си бара грижа.. Прво пред секое миење ставам чичково масло на врвовите, стои 1 час а потоа двапати ја мијам со шампон, моментално Head & Shoulders. Потоа ставам од портокаловата маска на Алверде, ја чекам кога како некогаш минута некогаш и повеќе. Потоа ја држам во пешкир некаде 5-10 минути и веднаш ја сушам со фен. Ја чешлам откако ќе ја исушам. Ако ја пеглам прскам од спрејот за заштита од топлина на schwarzkopf а ако не ја врзувам во пунџа и тоа е тоа.
Пааа ... ја воденам нормално,ставам шампон моментално користам од лореал елсев тотал рипеар 5 ама ќе прекинам со употреба бидејќи започна да ми се јавува првут,масирам нежно околу 5 минути и плакнам со топла вода. Потоа ја виткам во крпа,ја чувам така 15 минути убаво да се впие водата во крпата и ја сушам со фен. На крај ја чешлам прво од долу,а потоа ја оформувам и чешлам од горе.
Најпрво пред миење ставам рицинусово масло (на скалп) и бадемово (на врвови) и после саат-два ја мијам од маслата со шампон. Понекогаш ставам природна маска а ако не повторно ја мијам со шампон и ставам маска од Глис. Откако убаво ќе ја исплакнам ја упивам водата со пешкир и после следува: -ставање на спрејот за заштита од топлина и сушење со фен или -ја оставам природно да се исуши (оти понекогаш навистина и на косата и треба одмор од сите препарати и тормозења што и ги приредуваме ) Сега се мислам да баталам се и да си купам некој нежен бебешки шампон и само со него да ја мијам и да не чепнам ни фен/пегла/фигаро.
Па ништо посебно. -Обавезно 2 пати шампонирање -Регенератор -Потоа во пешкир едно 10/15мин. -Па ја сушам,ама никогаш целосно -Чешлање -Пак уште малку сушење -Чешлање (и можеби виклери,доколку сакам локни-бидејќи не ја горам со фигаро)
Понекогаш ставам бадемово масло пред миење, ја шампонирам два пати, ја ставам во пешкир ја сушам, и то е то.
Ја чешлам прво,па и ставам масло ореово,бадемово или рицинусово за скалпот. После неколку саати темелно ја мијам со шампон Head &Shoulders затоа што инаку имам проблеми со првут. Па и ставам Глис маска на врвовите. Пред да ја сушам и ставам Глис спреј ,а откако ќе завршам со сушењето ја обликувам со крема на Loreal или Eugene perma.
Ја мијам косата и ставам два пати шампон. Откако ке го измијам убаво шампонот, ставам регенератор или маска. Почекам извесно време и го мијам. Кога ми е мокра косата сприцам глис низ целата, а особено на врвовите. Потоа ја чешлам подолго време додека не видам дека е убаво исчешлана, да не се заплеткува. И на крајот ја сушам со фен и ја пеглам.
Прво ја мијам 2 пати со шампон па потоа ставам регенератор чекам неколку минути па го мијам потоа ставам спреј за отплеткување ја чешлам малку ја сушам и пак ја чешлам
При/пред миење: Пред да ја мијам ја чешлам за да не ми биде заплеткана. Еднаш месечно ставам маслиново масло на сува коса и после 2-3мин ја мокрам и ставам шампон (Wash & Go од билки некои ) масирам неколку минути и ја плакнам. Кога имам (а најчесто немам) ставам и регенератор. Немам навика да ставам дека не ми прави некоја голема разлика. И на крај ја цедам со рака и ја мотам во пешкир. После миење: 5-10мин ми стои во пешкир и после тоа почнувам да ја сушам со фен (на 2ка пуштен) и во зависност од расположение ја фенирам (на 3ка фенот) или ја виткам со фигаро. Во меѓувреме ставам еден препарат за заштита на косата. Ова е мојот ритуал и многу често добивам комплименти за косата.
пред миење: во просек 2 пати месечно ставам кокосово или маслиново масло на косата и го оставам најмногу што можам, минимум 1 саат при миење: секогаш ја шампонирам 2 пати и ставам регенератор или маска за коса по миење: ја оставам во пешкир околу 10 мин и после тоа најчесто ништо не и ставам, само ја чешлам со чешел со њироки запци, а ако сакам да се шлакам ставам или некои капки или некој регенератор што не се испира, ја оставам да ми се исуши сама барем 50% па после само ја досушувам со фен и толку. ако треба нешто минимално да се исфенира како шишките на пример го правам и тоа, а пегла не сум фатила во рака може и повеќе од 1 година
Оуу, јас не користам никакви масла. И задоволна сум.. Со чешлање поминувам.. Значи пред да ја мијам се чешлам убаво, па за време на првото миење ја разбушавувам и темелно ја мијам од корен. После тоа ја чешлам пак додека е мокра нели и полека ставам шампон без да ја бушавам, само со нашампонирана рака поминувам по неа. И додека е така целата со шампон уште еднаш ја чешлам и потоа ја мијам. Лелее, најубавото чувство почувствувано некогаш Толкава мекост - никогаш не бев почувствувала. После миењето ја чешлам уште еднаш. Ја бришам па ја обрнувам надоле и така ја чешлам убаво - убаво. После тоа, како што сум си исчешлано наведната ја врзувам со крпата и така седам 1-2 саати. После ја сушам, ја чешлам и толку. Чешлање му е мајката.
Aуу па мене срам ме фаќа кога ќе ми текне што се не и редам на косава.. Некогаш пред миење бадемово и редам, убаво да отстои, ја шампонирам двапати, ако планирам да ја пеглам после тоа, користам похидратантен шампон, ако не, некој обичен, регенератор/маска зависи од расположение, не ја ставам во крпа зашто сум фарбана и бојата ми излегува на пешкир. Ја прснувам со глис розевиот или лореал елсив бело-црвениот, зависи кога како, силиконски капки, не ја фенирам само доколку е итно и треба да излезам после тоа. И ако ја фенирам или пеглам спреј за заштита на топлина и малку бадемово за сјаен финиш Знам дека е терет за косата ама од кога знам нешто и редам па успеав од рамена да ја израснам долга до половина релативно здрава и неоштетена
Ја чешлам,ја мијам(2 пати ја шампонирам) после ја виткам во крпа и чекам неколку минути да впие.Потоа додека е уште мокра,ја прскам со Глис(оној спрејон за расчешлување што е),чекам да впие и потоа ја чешлам.Ја сушам со фен,повторно ја чешлам и ја собирам.
1 сат пред капење ставам масло за коса (Чичково масло) Потоа ја чешлам ја мијам со шампон, па ставам маска за коса, ми стои некаде 5 мин. После ја оплакнувам и ја ставам во пешкир. Чекам 10тина минути ја пуштам и чекам да се исуши сама. Ако треба да излегувам, само тогаш ја сушам со фен.
Ја ја мијам косата со 3 врста на шампони ма да едниот е потрошен (тоа ми е грешка знам) и после тоа и ставам маска ја плакнам и одкако ќе ја исужам ставам капки и за 2 дена ми е мрсна помош
Епа уште некој шампон стави и нема да ти биде мрсна Користи само еден шампон, маска и капките. Ќе ти се опорави така касата. Само дај и малце време.