Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ритуали при миење на вашата коса и грижата за неа после тоа

Дискусија во 'Коса' започната од teddybear, 6 декември 2011.

  1. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Користам само шампон...
    Потоа ја фенирам со четка ии има прекрасен ефект :)
     
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    При миењето на косата со шампон, ја поминувам нежно со рацете од горе па надолу, не ја масирам оти мислам дека нема потреба толку многу да се трија косата како да е многу валкана.
    Еднаш неделно користам маска за коса.
    Балсами поретко и само на врвовите на косата.
    Ја замотувам косата со крпа, ја оставам да постои за да се собери водата во крпата.
    Избегнувам да користам фен, но ако се брзам да излезам морам.
    Понекогаш ставам балсам кој не се мие на мокра веќе измиена коса.
    Откако ќе се исуши убаво ја чешлам, прво со чешел потоа со четка.
    Некогаш ја пеглам.
    Тоа е :) спремна сум за излегување :D
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.200
    Пред миење jа чешлам задолжително. Секогаш ставам два пати шампон и се трудам да го измасирам скалпот добро. После ставам маска, чекам да стои 5 - 10 минути, jа плакнам, па ставам балсам коj го плакнам веднаш. Балсамот не го ставам на корен иако така пишува во упатството, ми jа мрси косата побрзо. Доколку пред да jа миjам косата, сум ставила кокосово масло, тогаш при миење користам само шампон и одпосле, на речиси сува коса ставам силиконси капки.
    После миење jа мотам во голеееем пешкир :D и jа оставам така едно 10 минути. Често jа пеглам, но само кога ми е целосно исушена. Ставам балсам коj jа заштитува косата од горење и на краевите ставам силиконски капки.
     
  4. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Само ке ве предупредупредам ,доколку ја сушите косата со фен пожално би било да почекате 30 минути до еден час пред да ја испеглате,бидејки косата се гори а и во истовремено станува премногу сува.. :)
    А ако имате план по миењето да ја испеглате,косата исушете ја на коренот ии не премногу на останатиот дел од косата.Така подолго ке ви остане права :)
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Користам шампон со ампули ја мијам два пати убаво со јагодиците на прстите (имам лоша навика да ја мијам со жешка вода, а ако се измијам на крајот со ладна после ми студи на главата имам приметено) потоа и ставам маска и селиконски капки од авон зелените а ако не и ставам маска ставам од балсамот од авон што не се плакне (има ист ефект како капките и тука капки не ставам) некогаш кога ке ми текне ставам од глисот, некогаш се случува само со шампон да, а кога сакам да ја виткам со витлери или плетенки ставам пена пред да ја сушам, јас држам во пешкир 10-15 мин
     
  6. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Најчесто нанесувам сампон само еднас ја тријам убаво и ја плакнам,ми стои 10 минути во крпа,потоа ја прскам со глис и ја сусам убаво со фен,ако излагам ја поминувам и со пегла и за 3 минути ми е готова,никогас не ја чеслам затоа сто немам потреба.
     
  7. Emilijaa13

    Emilijaa13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    29
    Еднаш неделно, неколку часа пред да ја измијам косата ставам на скалпот а и на целата косата маслиново масло, потоа ја виткам во најлонска кеса па во пешкир.
    Ја мијам косата два пати со шампон (во шампонот имам здробено 10тина апчиња Б комплекс за побрз раст на косата), па на крај маска која ми стои 10тина минутки. На едно миење ставам само регенератор, а на следното миење и регенератор и маска. Немам проблем со мрсна коса па затоа ги употребувам и двете. Еднаш неделно на косата ставам ампула. После секое миење се прскам со спреј за коса- го користам Глисс жолтиот. Кога имам време ја оставам косата сама да ми се исуши, а кога немам ја сушам со фен и ја фенирам малку, па потоа ја пеглам. И на крај силиконски капки. Морам да и правам 300 работи на косата зошто ја пеглам секој ден :/
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ја мијам само со шампон а некогаш ставам и балсам.
     
  9. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    пред миење ја чешлам па ја мијам 2-3 пати со шампон потоа со балзам и ја врзувам и толку
     
  10. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Пред миење косата обавезно ја чешлам убаво, ја намокрувам со потопла вода добро да се навлажни, ставам шампом Palmolive (само тој ми одговара на мојава коса) обилно бидејќи имам коса подолга и бујна и добро ја масирам косата, најмногу скалпот тоа околу 3-4 минути. Потоа го исплакнувам шампонот со назменично менување на водата од потопла кон поладна за да потикнам подобра циркулација на крвоток на скалпот а со тоа поздрави корени и исхранетост на фоликулите. Откако сум го измила шампонот ставам маска од Genera таа со портокалово капаче (најдобро мириса) инаку и другите им се добри од оваа фирма, ефектот им е ист но мирисот различен. Маската ја ставам на 3/4 од косата само не на корените, ја оставам да одстои 5-10 минути и ја измивам одново со наизменично менување на водата како што спомнав погоре. На крај ПОНЕКОГАШ ја промивам со чај од коприва или камилица природно поготвен (на крај не го измувам чајот). Ја собирам косата во пешкир ја осатавам да стои 5 мин да упие пешкирот. После ја сушам обавезно со фен без разлика на годишното време ,морам косава ми е долга и бујна и ке и треба 2 саати да се исуши а тоа ме нервира мокра да се лепи на мене :@ .
    2 пати месечно пред миење на косата на скалпот нанесувам рицинусово масло од Галафарм го масирам и оставам да отстои 1 час па продолжувам со постапката на миење.
    Можам да кажам дека косава ми расте перфектно, веќе 2 ипол месеци се немам фарбано и забележувам дека ми има пораснато околу 4-5 сантиметри. :) :)
     
  11. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Пред миење секогаш ја чешлам.Поминувам убаво два-три пати со чешелот и во никој случај не ја теглам ако е заплтеткана, туку пополека, пополека. За време на миењето ставам шампон, убаво ја масирам косата, а потоа маска за коса. Со маската уште поубаво ја расчешлувам. Откако ќе завршам со миењето ја оставам природно да се исуши и на крајот само коренот го поминувам со фенот. Потоа повторно ја чешлам а некогаш и ставам и силиконски капки. Тоа е тоа. :)
     
  12. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Еден час пред миење ставам кокосово масло , уваво го масирам скалпот и по должината на косата (го оставам 1 час да отстои ) потоа ја мијам косата со Orzene beer за оштетена коса 2/3 пати ја шампонирам потоа ставам регенератор од Авон со арганово масло го оставам да стои 5-10 мин и го мијам и за крај ја полевам косата со претходно приготвен чај од коприви потоа ја сушам со пешкир и ја чешлам и ставам на врвовите силиконски капки или пак правам локни со сунгерести витлери , некогаш и ставам пена или пак во две плетенки така спијам и другиот ден имам брановидна коса :)
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Прво ја мијам косата па ставам шампон Шаума Q10, потоа ја плакнам косата и и` ставам балсам со мирис на какао да постои 5-10 мин, само тој може да ми ја омекне косата и да ја направи полесна за чешлање, после пак ја плакнам, ја сушам со крпа, ја чешлам и тоа е тоа..не ставам маски, капки и такви работи.
     
  14. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Ја мијам косата со шампон 2 пати,а потоа и ставам балзам и чекам да постои 5 минути. После ја плакнам косата,ја виткам во пешкир да постои 2-3 минути, па ја сушам со пешкир и на крај ја чешлам од врвовите па нагоре.
     
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Некогаш пред миење ја чешлам некогаш за време на миењето. Ја шампонирам задолжително два пати, потоа нанесувам регенератор или мака, оставам да отстои колку што е потребно ја мијам и ја оставам неколку минути во крпа. Потоа нанесувам креми за коса кои дејствуваат за да не се разлетува, кои се нанесуваат на мокра/влажна коса, ја сушам со фен и ставам од спрејчињата на глисс и силиконски капки, па ја пеглам и доколку има потреба повторно нанесувам малку од силиконските капки. Е сега затоа што ми е завршен спрејот за заштита на косата од топлина не го пишав а инаку и од него ставам на мокра коса за да не ми гори. А некогаш знам и дома да си направам маска од мед млеко или лимон и маслиново масло.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Пред миење ја чешлам, потоа и ставам чичково масло и ја врзувам во репче и чекам да отстои еден час. После повторно ја чешлам, јас шампонирам еднашка и плакнам убаво. После ја завиткувам во пешкирче, после ја бришам со пешкирот,па ставам од спрејот против горење на косата, па ја забришувам повторно поубаво. Па ја чешлам, па ја сушам и на полу сува-полу мокра ставам мароканско масло за коса и ја сушам со фен, па ја фенирам со четка.
     
  17. anastefani

    anastefani Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    девојки ајде помош....
    косата ја пеглам секој ден,значи дома супер се,надвор одма никаква почнува да се витка да не можеш да поминеш со прстите низ неа...а гледам и други девојчиња што исто секогаш се пеглаат но косата им стои права и на дожд и на сонце а мене не :( ајде кажете нешто помогнете,а регенератор маски се ставам
     
  18. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Шампонирам 2 пати, ја виткам во крпа, седнувам на компјутер околу 30- минути, за малку да ми се исуши, ја вадам крпата, ја чешлам, во лето ја оставам сама да се исуши, а во зима ја сушам со фен |( ..
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Еднаш неделно си ставам масло бадемово, чичково или маслиново, зависи какво имам да постои неколку часа, а ми се има случувано и така да преспијам и утредента да ја измијам косата. Ако имам масло два пати ја мијам со шампон и потоа ставам регенератор само на врвовите, чекам малце да постои па ја мијам. Ако немам масло пред да ја измијам ја чешлам мијам два пати со шампон и ставам регенератор. Сега времето е поладно па ја сушам со фен, но додека косата ми е влажна на врвовите си ставам серум од Авон кој спречува цветање на врвовите на косата. Не мора да ја пеглам зошто природно ми е права. :)
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Дали има некој спреј,kaпки
    за фарбана (и на два дена пегланје коса)

    Што би ми ја заштитила косата??