Пред миење секогаш ја чешлам косата. Ја мијам со шампонот на Aussie Miracle Moist за сува и оштетена коса , ја мијам двапати , потоа ставам од силвер шампонот на Eugene Perma и чекам 5 минути. Потоа се мијам и нанесувам од маската на Eugene Perma за сува и оштетена коса и пак чекам 5 мниути. Потоа се мијам и на мокра коса нанесувам масло од Арган и ја сушам со фен. При пеглање користам спреј за заштита на Sunsilk
Ја ја мијам со топла вода,два пати ставам шампон пуна рака и убаво ми мириса.Не ставам ни маска ни гел пошто ми се рачешлува косата а и не ја пеглам ни ја виткам.Прво ми стои така ке се подзасуши малку ама на крајот па да ми помине мислата ке си ја досушам со фем пошто мојто влакно многу тешко се суши
Секогаш ја чешлам пред миење. Ја мијам со врела, па со ладна вода, демек така повеќе растела косата. Ставам два пати шампон и преку едно миење ставам регенератор. Од кога ќе ја измијам со крпа ја упивам водата и ставам маслиново масло на врвовите. Потоа ја сушам со фен, ја чешлам и готова е. Кога ме мрзи не ја сушам ја собирам во пунџа и ја оставам.
Не користам нешто посебно. Ставам шампон два пати на миење. Користам само Бекутан. Откако ќе се исуши ја чешлам, и тоа е. Не ја ни пеглам, ниту фенирам.
Не и правам ништо. Со млака кон ладна вода ја мијам секогаш. Еднаш шампон , ја плакнам и толку. После не ја сушам. Не ја пеглам. Не ја фенирам. Не ја виткам.
Еве го мојот ритуал денес (пошто не се замарам често со косата, како што имам и претходно кажано). Прво ја измив косата со шампон конкретно Schauma Fresh it up Потоа ја испрскав со регенераторот - масло Gliss Hair Repair и убаво го втрив во косата за да упие а потоа убаво ја расчешлав косата И на крај ставив по малку насекаде од пенава за волумен од Oriflame Резултат - убава, миризлива, мека и разиграна коса
има спреј за заштита од топлина, мислам дека беше http://4.bp.blogspot.com/-c5orQNKISis/T ... s640/1.jpg имам ваков користено и не сум задоволна,ми ја лепеше косата, за друг бар во мојот град немам начекано.
коренот го мачкам со мешавина од овие масла или врвовите ги мачкам со неколку масла измешани http://www.fitofarm.com.mk/(1)S(p3k33rmhxsup1h45t25khb55))/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/proizvodi/Masla/n.Oreovo-maslo.jpg&imgSize=301[/img [img]http://www.firmimk.com/images/catalog/gallery/189/189_image_1.jpg Косата ја мијам моментално со овој шампон, иако ги менам на неколку месеци оние од Афродита-кокос, камилица или на Глис. Ставам 2 пати шампон за убаво да се измие маслото, го масирам скалпот 5-6 минути и оставам да стои 2-3мин. потоа плакнам со млака вода. Потоа ставам од оваа маска, една од најдобрите ми се има покажано. Ја мотам во крпа, така ми стои малку,ја оставам сама да се исуши, не ја сушам со фен, не ја пеглам. На крај, ставам од овие капки
Ако ми е премногу сува косата прво си ставам масло и си го оставам неколку часа на косата. После тоа следува миење на косата. Шампонот го нанесувам само на скалпот, на врвовите не се замарам и потоа ја плакнам. Постапката ја повторувам 2 пати, за да го измијам маслото убаво и од секогаш два пати си ставам шампон. Без регенератор не можам да го замислам миењето на косата. На регенераторот пишува дека доволно е една минута да отстои на косата, но јас некогаш го оставам и повеќе од една минута. Го користам на Лореал регенераторот во сино шишенце. Мирисот ме потсеќа на лето, на забава и на плажа, на смирување. Морате да го мирисните. Така си фантазирам и кога ќе почне да ми снемува вода конечно излегувам од купатило и ако сум дома слушам дерење дека ја трошам цела вода итн... а кога сум во СК никој ништо не ми може Од кога ја скратив косата само два пати се имам сушено со фен, но на ладен воздух. Мој совет е да си купите фен на кое има копче cool за сушење со ладен воздух. Така нема да се гори косата. Си ставав порано и капки од Авон и од кога си ја навикнав косата на нив заприметив дека ако не ставам косата ми е како метла... сега така си стојат, ги користам во екстремни случаеви само... Сакам да ја пораснам косата и ја носам фатена. Мразам плетенки, но ете мора некако да биде собрана
Пред миење ставам кокосово масло од BioLIfe, кое најдобро се покажа за мојата фарбана коса.Го оставам да отстои неколку часа или преспивам со него.Ја мијам со шампон на Сајос и ставам маска на Лореал Totaml Repair Extreme со црвено капаче.Ја мотам во голема крпа да се впие водата.Потоа ставам од Глис спрејот за расчешлување, од црвениот за фарбана коса и ја фенирам.Ако ја пеглам ставам и од спрејот на Балеа за заштита од топлина.И тоа е.
Не користам никакви масла пред миење предходно употребував или чичково или бадемово или маслиново и немаа никаков ефект. Сега само ја миам косава со брезов шампон или камиличен. Многу ретко да купам некој друг. Вака ми е добро.
Прво ја мијам косата со шампон Балеа за права коса Потоа ја оставам во пешкир да се подисуши и ставам поголема количина млеко за коса од Балеа Оставам малку да впие млекото и ја сушам косата со фен.Кога ќе ја исушам ставам серум за коса повторно од Балеа.
Немам некои посебни ритуали. И ставам шампон и ја масирам нежно 2-3 минути после ја плакнам. Ја бришам со крпа и ставам глис спреј и тоа е тоа.
ЈАс ја мијам со шампон па ја навлажнувам, па уште 2 пати ја мијам така и ставам маска Elseve па чекам 30 минути па после ја плакнам ама сакам да ставам и од маслата ај ќе пробам
Обично пред миење и ставам кокосово или маслиново масло и после пола саат ја мијам. И ставам еднаш шампон, па ја плакнам и уште еднаш шампон. Ставам маска Лореал и после 2-3 минути ја плакнам, или ако не ставам маска и ставам едно млеко од кокос од ДМ за пред сушење. Обавезно 2 пати месечно и ставам ампула додека ја мијам, затоа што ми е оштетена од секојдневно пеглање и фарбање. Ја сушам сигурно 15 минути затоа што имам долга и многу густа коса. Доколку не ме мрзи ја пеглам веднаш, или пред излегување. И ставам арганово масло на врвовите.
Ја мијам со топла вода,потоа следи еден куп шампон, долго масирање на скалпот,потоа расчешлување,уште малку шампон плакнење и вадење во топла крпа (ова ми остана навика,мојата покојна баба велеше дека така во нејзиното село го одржувале здравјето) дечко ми ја топли крпата на огнот и потоа сушење со фен,чешлање и најчесто внатрешна плетенка и готово!
Пред миење ја расчешлувам. Ја мокрам со топла вода, ставам шампон, масирам некое време, убаво ја плакнам, па ставам регенератор, чекам 5 мин, па ја плакнам. После ја виткам во крпа, нежно ја тријам, да се впие водата. Ја сушам делумно, па ја расчешлувам, па ја сушам до крај
Pred mienje i stavam maslo na kosata obicno kokosovo, maslinovo, oreovo, potoa stavam sampon pa maska za kosa, otkako ke ja izmijam i stavam silikonski kapki ja cuvam vo peskir 10 min. i ja susam so fen
Ја мијам 2 пати со шампон потоа и ставам регенератор и откако убаво ке ја измијам на рацете ставам ладна вода и поминувам преку косата неколку пати,ја држам повеке време во крпа менувам 2 крпи се додека не се исуши,така ми е по мека косата додека се суши во крпата,после тоа и прскам спреј за расчешлување и за волумен па тогаш ја чешлам мокра никако затоа што така се кине и 2-3 пати во неделата и ставам силиконски капки