Пред бањање еднаш убаво ја чешлам,потоа ја мокрам нанесувам шампон 2 пати.После шампонот нанесувам регенератор за расчешлување.Откако ќе го исплакнам ја поминувам со млаз ладна вода,ја фротирам со пешкир и ја оставам во крпа 15тина минути.Додека е мокра не ја чешлам никако бидејќи ми се кине.Преку пролет-лето не ја сушам а преку зима или есен ако не ме мрзи и ја фенирам.
Прво ја чешлам, потоа еднаш вода, па шампон, повторно вода и уште еднаш шампон, на крај ја плакнам и ставам маска за коса или пак ставам третман односно капки од арганово масло. И некогаш ја сушам со фен некогаш ја оставам природно да ми се исуши. И на крај ја чешлам. The end.
Еднаш неделно пред бањање ставам бадемово масло, ја мијам само со шампон, ја распрскувам со глис па ја чешлам со чешел со широки запци кога ќе се исуши убаво ставам крема за коса.
Неколку часа пред да ја мијам косата,на благо навлажнета коса нанесувам микс од кокос/рицинус/јојоба масло. Потоа ја мијам со шампон од коприва, нанесувам регенератор и за неполна минута ја измивам. Ја сушам со фен,и ретко ја чешлам, (само кога ја пеглам косата) бидејќи ми е многу мека и никогаш заплеткана. Baby hair, што би рекол фризерот
Обавезно еднаш неделно нанесувам путер од авокадо (Алверде) и чисто арганово масло, оставам да стои неколку часа. Потоа ја мијам и на полусува коса ставам млеко од праска и кокос (Балеа) и на врвовите ставам мала количина од аргановото масло. Ја сушам со фен и ја чешлам со четка со природни влакна. Косата ми е премека и преубаво мириса.
Пред миење ја расчешлувам косата. Ја мијам еднаш со шампон. Кога е влажна и ставам маска за коса и ја оставам маската да стои 10 минути. Ја плакнам косата. И ставам течни кристали и на крај серум за суви врвови.
Ритуалите ми се поинакви од порано. Едно време беше пери-носи ветерот ми ја дотеруваше... сега, наквасувам ставам некои глупости против инфекции на скалп. Стојат пар минути...мијам. Савам шампон против опаѓање..чекам пар минути..шетам низ дома, па мијам па се суши. Па мачкам глупости па ради бла бла.. И сето, оти е борба за тој еден перчин уште што остана тукамисламсенемампожалено.
Абе какви ритуали какви глупости јас како што ја мијам 3 пати неделно уште ритуали сум за правење мијам 2 пати со шампон ,во крпа ја чешлам и фенирам маска нема шанса многу ми се мрси !!!
Јас имам многу тенко влакно и после еден ден од миење ми се мрси. Додатно се мрси ако и ставам балсами, маски, чуда, ама ако ја мијам само со шампон не ми се чешла. Маска користам само еднаш неделно, балсам барем на секое второ миење бидејќи тешко ми се расчешлува, а балсам кој не се плакне или капки 2-3 пати неделно на мокра коса. Чешлам додека е мокра и преферирам природно сушење. Фен ептен кога мора.
Ја мијам почесто овие неколку месеци,преку еден ден.Осцен шампон,маска и регенератор не користам сега за сега,не ми се заплеткува веќе толку многу,па полесно ми е чешлањето.Ја чешлам после сушењето.
Ја мијам обично 2 пати во неделата. Освен шампон не користам други препарати при миење. Откако ќе ја измијам, нежно ја притиснувам да се исцеди водата и ја замотувам во пешкир неколку минути за да упие. Потоа ја пуштам и ја чешлам. Права ми е па чешлањето лесно оди. Ја оставам малку природно да се засуши а потоа продолжувам со фен неколку минути за досушување. Обично ја сушам со главата надолу за поголем волумен.
Миење со вода. Шампон. Одмивање. Шампон. Одмивање. Маска. мин 5 минути масажа. Одмивање. Малку засушувам со пешкир. Нанесувам Би фаза и ја чешлам. Така не се закачува и многу лесно се чешла. Повторно пешкир. Крем за исправување на коса + заштита од топлотно дејство. И Фенирање. Финишот е комплетиран со силиконски капки.
Мојата коса е катастрофа невидена. Ја фарбам инаку и не ми е многу долга ама ни многу кратка, до градите некаде од прилика. До лани имав долга коса до половина ама 2 пати ја шишав зошто ми беше премногу оштетена доле на врвовите. Морав постојано или да ја пеглам или да ја виткам зошто само миена ми беше никаква како во штекот да сум ставуила 2 прста, па ме удрила струја и тоа трофазна. Откако ја шишав два пати пролетта и есента мислам дека ми се среди малку. Не ја виткам зошто ми е кратка, а пеглањето го сведов на минумум само по потреба, онака ми е собрана врзана. Густа ми е косата и при чешлање ми паѓа и се кине премногу. Ја минам секој втор ден зошто откако знам за себе брзо ми се мрси. Сум пробала се и сешто и не помага, тоа е мојата коса. Во однос на ритуалите немам некои посебни ритуали. Порано ставав се и сешто разни маски, балсами, спрејови триста чуда сега се ми е сведено на минимум. И ставам шампон, ја одмивам убаво од шампонот и ставам балсам/судбина и тоа е тоа. Масла такви работи не користам. Откако ќе ја измијам ја држам во крпа 5-10 минути, ја пуштам и и ставам капки за коса и тоа е тоа. Ја чешлам пред миење и откако убаво ќе се исуши, додека е мокра никако. Сум читала разни рецензии дека еднаш ставање шампон било малку ама со оглед на тоа дека 3-4 пати неделно ми се фаќа да ја мијам сметам дека е сосема доволно.
Обично пола саат пред миење и ставам маслиново масло, па ја расчешлувам и потоа ја мијам со шампон. И ставам маска и по неколку минути ја измивам убаво. Пред сушење и ставам капки на врвовите од Авон и спреј (моментално на Калос го користам). На крај ја пеглам.
Па и немам некои посебни ритуали. Се водам според максимата "Less is more". Единствено нешто што го правам еднаш неделно е кокосово масло. (тоа ми иде како екстра тип од стандардната рутина). Стандардната рутина се сотои нормално од миење со шампон, маска за коса и после тоа прскам со спреј за заштита.
Пред бањање ставам рицинусово масло, ми отстојува некое време, па првиот пат ја мијам со појак шампон за да се отстрани маснотијата, а вториот пат ја шампонирам со поблаг шампон. Потоа само ја фенирам, а некогаш и ја оставам така, бидејќи ми е права, па само си ја чешлам. Некогаш и не користам масло, па пери-носи ми е.
Ја омекнува и потхранува косата. И има преубав мирис. Мојата коса е дива и не постои нешто што би ја скротило така што не можам да ти одговорам дали помага во стилизирањето, но е фин производ.
Го имаш користено путерот за коса од авокадо на Алверде? За споредба, дали млекото на Балеа има уште подобро дејство од него?