Според мене не, путерот ми е незаменлив. Косата ми ја прави лесна и свиленкава, а млекото повеќе го користев поради заштитата од топлина и убавиот мирис. Одлични производи се и путерот и млекото, па кој и да го земеш нема да погрешиш. Путерот ретко го користам кога имам време да го оставам да отстои, а млекото го користев после секое миење коса.
Мојата рутина: Коса мијам 2 пати неделно. Ја чешлам убаво пред миење, бидејќи се грозам од мокри паднати влакна Потоа, ја мијам со шампон два пати, овој шампон и го менувам, бидејќи се заситува брзо косата. Моментално го користам Нивеа мицеларниот за мрсна коса, а сум задоволна и од Нивеа Hairmilk, Нивеа класичниот син, Елсив Тотал Рипеир Екстрим... итн. По препорака користев едно време и на Афродита од лук, му дотурив и ампули, околу 2 месеци беше супер, после косава ми стана тиња. Не би рекла дека масирам скалп, повеќе гребам Може не е најарно така, ама мене ми е убаво По миењето со шампон со цел чистење на косата, и` ставам од лилјаковиот шампон на Фанола, за да не ни помисли да жолтее Ја оставам да отстои 5-10 минути. Потоа и` ставам регенератор или маска на Елсив, секогаш Тотал Репаир Екстрим. Ја држам така околу 5 минути. Ја плакнам со многу топла вода (иако би било добро бар последното плакнење со поладна да е...) и тоа е тоа. Додека е мокра ја сушам малку со пешкир, и` ставам на Елсив маслен спреј - арганин резист (најдобар е од нивните спрејови, мене ми е општо омилен), потоа ја чешлам и ја сушам со фен. Некогаш ја обликувам, почесто ја оставам така, маслото и` дава тежина и не е разлетана. Притоа да си напоменам дека мојава коса и хемиски и термички е константно оштетувана.
Пред миење ќе го оставиш неколку саати да отстои. Можеш да го нанесеш од пола коса надолу или ако имаш екстремно сува или оштетена по целата должина. Јас му додавам и масло од ленено семе за да го појачам ефектот.
Се мијам претежно со медицински шампон бидејки косата не ми трпи друго преку еден ден.. После миење ставам регенератор на гарниер, не заменливи ми се После ставам кератин ампула Па спреј Некогаш и капки На крај сушам Од кога почнав да пијам апчиња за коса и ја третирАм вака ми е прекрасна..
Моите ритуали за коса (особено кога сум слободна) се прво домашните маски. За сега некои ги користам континуирано, а некои еднаш неделно или еднаш на две недели. 1. Прво ставам кокосово млеко 20мин ( следен ден може да биде маслиново масло со авокадо, замена) Плакнам добро со млака вода и ја засушувам малку 2. Ставам кокосово масло (или рицинус) и одстојувам 1-2 часа 3. Влегувам да се бањам, користам шампон bed head два пати, потоа балсам исто така bed head ( еднаш на две недели правам скраб со морска сол, маслиново масло и органски или бебешки шампон , тој го користам место шампон а балсамирам нормално) И се плакнам со екстра ладна вода ( добро е и за кожа и за коса) 4. И ставам Капка арганово масло тоа редовно по секое миење ( или ја прскам еднаш до два пати неделно со чај од коприва и свеж рузмарин, ова кога се мијам навечер, за да одспијам со чајот, па следниот ден пак се мијам, само што не правам маски) 5. И ја плетам стандард две плетенки и тие ми се ритуали, јер мразам пуштена коса. За сега не ја сушам со фен и не ја пеглам, за месец ипол можеби и 5цм ми има пораснато. За густина се уште ми е рано да приметам, по некое влакненце се гледа, времето ќе покаже за празов мој од коса. А кога не сум слободна маски слабо ставам дека немам време, може само скраб на место шампон и кокосово млеко како најбрза опција пред миење и потоа шампон и балсам па арганово и плетенки.
Ако ставам некоја маска пред миење, ја држам околу половина час, потоа следува стандард миење со 2-3 пати шампон (ако не сум ставала претходно маска, само 2 пати шампонирам), потоа маска, капки и сушење коса.
-Отворам шампон -Нанесувам на рака -Нежно проаѓам низ косата -Со благо темпо го забрзувам процесот на триење -Пуштам туш -Ја отстранувам пената од својата главојца
До пред некое време Wash and Go шампонот против првут ми одговараше, ама сега расипан и косата мрсна ми е на вториот ден. Користам некој од коприви. Се чешлам пред бањање обавезно, бидејќи и јас се гадам од мокри влакна. Ја мијам со шампон два пати, вториот пат подолго, 2-3мин. И тоа е тоа, после ако се сетам ставам и серум од Авон. Косата ја мијам 2-3 пати во неделата и барем еднаш ставам маска, таа на Калос од банана и ја оставам 2-3мин. Плакнам и тоа е тоа. Секогаш ја сушам со фен.
Прво обавезно ја мијам со сапун, па шампон против првут, па балсам и на крај маска за коса. Со фен ретко ја сушам
Обично кога имам време ставам рицинусово масло, го масирам скалпот и го оставам неколку часа. Па со шампон исто така го масирам скалпот и за да излезе маслото од косата, потоа користам регенератор и го оставам да стои 15-30 минути. После миење и ставам спреј и капки и никогаш не ја сушам со фен и затоа е здрава и долга.
Пола час пред туширање, правам маска за коса. Премногу домашни сум испробала, досега најефикасна била со кисело млеко. Но, периодов ја сменав процедурата. Пола час пред туширање го масирам скалпот со руцинисово или чичково масло (чичковото ми се покажа подобро). Од уши надолу, малку ја навлажнувам, ставам малку од маслото и ставам од путерот на алверде. Премека ми ја прават косата а и помалку ми се мрси поради маслото, бидејќи скалпот е хидратиран. Се мијам со обичен шампон од бреза. Сум пробала секакви шампони, но овој најмногу ми се погоди. Ниту ми го иритира скалпот ниту ми се појавува првут. Потоа ставам било каква маска (последно имав од Гарниер и од Генера). Оставам 2, 3 минути да делува. Со фен го сушам скалпот само, никако цела коса. Од уши надолу користам Глис спреј (црниот), а понекогаш нанесувам малку и од путерот ( доколку мислам дека има потреба од уште малку хидратација). Инаку, косата ми е многу густа и бујна ама на овој начин успевам да ја ,,измазнам". На сликата ми е пеглана, но морам да напоменам дека пегла користам многу ретко. Обично кога ми е влажна правам внатрешна плетенка и така спијам. Другиот ден ми е нежно виткана и нема потреба од пегла.
Секој трет ден иста песна... 3-4 саати со косата се занимавам. Пред миење ставам кокосово масло бидејќи имав прекрасна коса со дебело влакно но си ја упропастив и си добив преубава сива нијанса од тилот надолу и тој дел е многу сув сега. Инаку долга е до половината и така собрана косата потопена со кокосово масло си ја држам 45мин. Ја мијам со различни шампони,каков ќе најдам(orzene,kallos,Ultrex,schauma,syoss,l’oreal), после шампонот ставам регенератор,после регенераторот ставам од лилјаковиот шампон за да не ми пожолти, така со тој шампон ми стои 10 минути, пред плакнење ставам маска за да ми омекне,(шампонот премногу ја суши,а ако ставам маска после шампонот повторно ќе ми пожолти бидејќи го исплакнувам со маската) После тоа на мокра коса прскам спреј за обнова и побрз раст и го масирам во коренот,потоа ставам третман од оние од Авон што не се плакнат. Потоа се префрлам на огледалото и прскам спреј GLISS за полесно расчешлување и си ставам крем за коса од l’oreal, после сето тоа ја сушам и бидејќи ми е многу густа после тоа морам да ја пеглам или локни да направам, е после тоа на крај ставам или силиконски капки или серум. Оваа процедура премногу ме исцрпува бидејќи до пред неколку месеци, пред да ја осветлам немав потреба ниту од лилјаков шампон,третман,крем за коса па дури не ја ни пеглав, локни правев само за некои специјални пригоди.. Знам дека вака само повеќе ја оштетувам но кога веќе поголемата штета е направена со фарбањево и со бланшот сега веќе важно ми е само да изгледа убаво и средено...
Леле се уморив само од читање на твојата процедура, алал да ти е за времето и нервите потрошени за овие ритуали,се надевам дека некогаш ќе успеам барем 30% од твоево да и посветам на мојата коса. Мојот ритуал : шампонирање со head & shoulders 2in1, држење во крпа, фенирање/пеглање само на неколку прамени од напред. толку...
Верувај не сакаш да го правиш мојот ритуал. Не сакам ни јас, многу пари месечно давам и многу време одзема... Но морам така за да не шетам како грмушка..
Единствено нешто кое се трудам да го ставам редовно на косата е кокосово масло. Многу ми помага во обновување на косата, многу побрзо расти, станува помека, лесно се расчешлува итн. Кога сум во можност преспивам со кокосово масло, кога не сум го ставам неколку саати пред миење. Потоа мијам два пати со шампон, ставам маска, и тоа е тоа. Избегнувам многу често да ја чешлам со оглед на тоа дека се кинат влакната и не користам преса, фигаро освен за некои посебни прилики. За жал морам да сушам со фен бидејќи ми е многу долга и густа и сама не се суши. Во секој случај препорачувам кокосово масло бидејќи забележувам голема разлика кога го користам.
Мијам коса на 2 дена-фиксно. Процесот е следен: - ја квасам косата со млака вода -шампонирам прв пат (користам или на Афродита или на Head and Shoulders за мрсна коса) -плакнам пак со млака - пак шампонирам - плакнам темелно -нанесувам или кондиционерот од Кам (италијански еден зелено-бело е шишето) или една маска од Кит Го што ја зимам (ептен се исплати 1000ml за 200 ден отприлика а маската е екстра) за фарбана коса, Арган нешто пишува на паковањето. имам ставено слика еднаш во ,,што посл си купивте" -дур го мијам телото ова-она ми стои маската бар 10 мин на коса (собрана косата) -плакнам уште еднаш темелно со млака вода, на крај некогаш и со ладна. толку