Можеш каиш да му купиш или убаво пенкало ако сака такви работи. Или евентуално нешто од техника џоистици за играње и сл. ќе ти помогнат чичковците таму да одбереш. Парфем исто е убав подарок,ама одите на одмор па да не го скршиш во куфер,не знам колку е практично. Има исто симпатични комплети од ножиња,отварачи за вино и сл. мажите сакаат такви глупости. Козметика нешто е симпатичен подарок,зависи дали употребува нешто од тоа. Запалка ако е пушач или табакера е исто фин подарок. Ако сакаш некое поголемо изненадување , можеш да уплатиш некој спа третман за двајцата додека сте на одмор. Или ако носи кошули,манжетните за кошула се добар избор.
Хах лајк за она со спа третманот, само да најдам во Црна Гора такво нешто по пристапна цена и да го откачиме друштвото на еден ден!
Девојки може помошшшш? Роденден му е на дечко ми во врска сме многу кратко и навистина незнам што да му купам Лав е во хороскоп, дајте некој предлог...
Зошто напоменат факт дека е Лав во хороскоп. Мене искрено ништо не ми значи. Тргни од тоа, што му е хоби, интереси, нешто пример додека сте се шетале, спомнал дека сака да го има, ама никако да го земе. Такви некои мали ситни нешта доколку имаш запреметено мислам дека се од голема помош, и без проблем ке го најдеш најдобриот роденденски подарок. Еве како за пример, лани дечко ми за одмор, пукна по пераи и маска за нуркање.. цел одмор ми говореше за нив, и на крајот заборави и не зеде. Па оваа година, се погрижив да најдам добри и квалитетни пераи и маска, му ги зедов и се радуваше пола саат како мало дете. Гледам мн. луге што ме опкружуваат и уопште така со некои што имам правено муабет, се се движат околу таа иста гледна точка (новчаник, каиш, колекција) и не ти знам шо друго. Ако е некој предмет шо тој го сака и сака да го има и вреди 100 денари, не значи дека не спаѓа во категорија, роденденски подарок. Напротив, мислам дека ако еве со примерот погоре, е предмет шо тој го сакал, ама никако да го земе и го има подзаборавено а во истиот момент ти го имаш запомнето тој мал ситен детал ќе биде совршено изненадување.
Јас лани, зошто релативно кратко бевме во врска, се решив за малку посмел чекор, и си реков, ај што сака нека биде ќе му купам секси гаќа! Начекав во Интимисими ептен добар пар машка гаќа, целата ја исполепив со лижавчиња, и ја спакував како во бомбона. Плус, на вратата од купатилото, немаше онакво закачалче, и пешкирот го оставаше до парното, па му купив такво едно, во облик на момченце, а пенисчето му е уствари закачалката Пошто, нели е маж, мутаво го прими подарокот, и не реагираше некако соодветно, ама мене смешно ми дојде, и сепак си го испољубив. Еве, после една година, он си ги носи гаќите, а на вратата виси курлето и таму си ги закачуваме сега двата пешкира За овој роденден, најпоштено ќе си го прашам што сака да му купам! Макар било тоа екстерен хард диск. А секако сензуални мигови ќе добие
Љубовта не можеш да ја мериш со подароци,туку секој,секој ден со убаво добро утро и кафенце,бакнеж и прегратка,негување на врската а тоа не го подразбира негувањето со парфеми и мачкалици,туку со она што двајцата го делат,ова секако хипотетички го кажувам...Во помладите ми години подарував парфеми,чевли,еднаш дури и комплет алат со цел да го направам домаќин (па тоа сакаше),ама џабе...помладите секако измислуваат по некој шашав поклон,а јас сега сум само практична Иако многу сакам да подарувам ,ама немам среќа во подарувањето.Маж ми најчесто -на ти пари купи си што сакаш јас не знам.
Јас му купив јастучница со Арсенал, една рамка со наша слика (успеав да најдам, од некогаш, многу одамна, уште додека бевме најдобри другарчиња, и тоа на сликата беа и други ама ги сецнав ), и упаљач. Најпрвин место упаљачот сакав тоблероне чоколадо бидејки знам дека му е омилено ама баксуз во оваа мојава продавниза немаше па му купив упаљач бидејки неговиот само што си го купи, го изгуби, па му купив ист таков. Исто така напишав и порака и ја подпалив од страните со упаљачот и баш коа бев кај него, пред некој ден, видов дека си ја има урамено пораката. Не ми изгледаше прво најизненаден, ама другиот ден кога го славеше роденденот, ме изнагушка, ми се заблагодари многу, и за поклонот и за изненадувањето малечко. И за 3 ипол месеци ми е и на мене роденден и тој веке има испланирано што сака да ми купи и кажува по заеднички другарки, тие пак со одговори дека е ептен романтичен, а јас пак кутрата ке си пукнам од љубопитност. И едно фала за Сартела, колку толку ми помогна околу поклонот.
Сакав да ве прашам, случајно некоја од вас дали знае, кај е преместено она едно во Рамстор што беше, што гравираа во стакло. Не знам дали ме разбрирате за кое Во стаклени коцки, на привезоци, им даваш слика или знакче некое и го гравираат 2д или 3д... Се молам да не е затворено туку да е преместено и некоја од вас да знае каде е! Ми треба итно
Девојки ми треба помош! На дечко ми роденден му е за ситно денови. Во врска сме 2 и пол години и буквално секој повод сум го запазувала за да му купам нешто, дури не морало да има повод. И сега стварно повеќе ми се пресушија идеите. Му имам купено маички, боксерици, колички оние со размер 1:24, педерка, слика за на ѕид од мене и него (оние во Рамстор доле што ги прават), тренерка од омилениот тим, еден куп изненадувања со чоколатца, слики во рамки итн итн... Новчаник има, каиши има ... Не пуши за да му купам запалка ... А фондот за поклон околу 2000 денари. Е стварно немам идеја што да му купам ...
Јас за последниот роденден на дечко ми му уплатив еден месец термини за играње тенис, еднаш неделно. (играше и се уште игра за рекреација) Стварно бев ептен без идеја, исто и јас ги имав тотално исцрпено сите видови поклони, башка ние бевме тогаш 5ипол години заедно. Не бев воопшто сигурна дали ќе му се допаѓа поклонот, испадна најдобар до тогаш Ептен се израдува, и ми кажа дека подобар поклон никогаш не добил и не можел да добие Види нешто поврзано со неговото хоби, рекреација, ако веќе до толку не ти текнува ништо Или ако си сигурна дека нешто му треба а се уште не го купил.....
Фала многу за идејата, ама во тенисот не е баш најсјаен Обожава фудбал и коли, а буквално се од таа сфера опфатив и сеупте сум без идеи Знам се што има и баш ништо не му треба во моментов... Мојов за секој роденден односно пригода за поклон, ми вика со секој поклон се повеќе ме изненадуваш и секој нареден се повеќе ми се допаѓа, така што не сакам да престанам да изненадувам.
Сега се наоѓа кај градски парк карши фонтаната некаде кај пицериите што се, а мене ме интересира каде можам да најдам таква коцка?
Можеби не сум на точната тема ама...Вака девојки... можеби прерано прашувам но ке треба да собирам пари бидејки како што ми стои ке треба многу, па да знам колку ми треба ... :/ На 7ми јануари му е на дечко ми роденденот, потоа иде св Валентајн а потоа неговата матурска... некако ич не ми текнува што можам да земам а сепак да не истрошам повеке од 100 евра.. за матурската сакам да му купам нешто златно и ке ми треба околу 4000 илјади... а се му имам земано: мече, колба, кошула, срценца (две) , книга, рамка со нас, колекција, блуза, долен веш (ве молам саат не препорачувајте дека не ми се допаѓа саат за поклон) итн итн.. :/ навистина незнам што да му земам. Ве молам за помош :/
За роденденот можеш да му купиш каиш и паричник или некој парфем. Убав подарок би била и кошула или манжетни за неа. За Валентин подготви вечера дома земи убаво вино и нешто за јадење.
^ Башка што роденденот му е дури во јануари. Малку нелогично ми е уште од сега да се замараш со поклон, од кај знаеш што сè ќе се случи до тогаш, ама ајде - ти си знаеш. Ма да јас останувам на тврдењето дека е прерано уште сега да мислиш за поклон, па и за Валентајн. И не мора да значи дека ќе ти требаат и сто евра, Боже мој - лес ис мор, практикувајте така и со поклоните - не мора да е огромно и скапо, затоа што овие епитети не секогаш го даваат очекуваниот ефект за убаво.
Треба да собирам пари затоа прерано прашувам...:/ и да му имам земано и каиш и паричник и разни разни парфеми хахахах баш се
Читав низ темава ама некако не ми помогна ајде ако некоја го има сличниов проблем нека пише. На дечко ми му се ближи роденден, но сеуште не сме во некои убави односи може до тогаш да асе смириме , аможе и не. Јас мора да мислам поубаво сега а не ден пред роденден да си ја кубам глаата . Он е малку стрит или андерграунд стил, значи во црно се облекува, не се бричи ( само ја средува брадата ако му подрасне ) , за парфем ќе му го утнам пошто чуден стил е, а новчаник веќе има два. Сега кога вака ви го објаснив си викате што ќе беше ова Шала на страна стилот му е сличен на момаков само со кратка коса. И што по ѓаволите треба да му купам??