^ Некоја маичка во тој негов стил. Или најди слика од неговиот омилен таков бенд, па однеси да ти ја испечатат на обична маичка. Јас на дечко ми му правев таква маичка со гитари, т.е. со неговата омилена марка/модел (како и да е) Беше фасциниран од подарокот и често си ја носи.
јас мислам да му купиш некој часовник така со црно ремче, мислам дека убаво ќе му се вклопи во имиџот. поздрав
можеш да му купиш некој убав каиш, рачен часовник, марама, зависи ти најубаво можеш да знаеш сепак го следиш секој ден неговиот стајлинг. Иначе можеш да му купиш и некоја мајца.
Во овие 5ипол години веќе не знам што се му имам подарено за најразлични поводи. Еве му се ближи роденденот, а јас немам поим што да му купам. Секогаш одбирам внимателно, гледам да е нешто што ќе го користи и ќе му треба. Но, покрај главниот подарок, секогаш му подарувам нешто кое сама ќе го изработам, бидејќи уживам во тоа. Пред 2 години, целиот подарок му го направив во златно-црвена боја. Му купив кожен паричник кој навистина му беше потребен, па кутијата ја завиткав во црвена хартија и и ставив златна машничка. Потоа му купив украсна свеќа која знаев дека одлично ќе му се вклопи во собата и ја завиткав во ист стил. А за крај, му купив мала црвена чинија, во која сместив 20 бајадери. На секоја бајадера имав ставено по едно мало златно ливче на кое пишуваше што му посакувам. Потоа бајадерите ги завиткав во целофан и ги врзав како машнички. Изнапишав 20 работи кои му посакав секојдневно да ги има: љубов, здравје, среќа, радост, успех... А на златна картичка му напишав: 20 бајадери за 20 слатки години Еве најдов слика, па ви давам интересна идеја за некој подарок Сето ова беше завиткано во црвена мрежа со машничка.
девојки на дечкоми имат роденден во октомври незнам шо да му купам тој за роденден ми купи телефон јас ланио му купив дуксерка сега незнам со да му купам сега собирам пари за да му купам нешто да не знаето колку е златна белегзија
На дечко ми му е роденден но тој е надвор од земјава и допрва ке си дојде,а и мене сеа ми е роденден и тој ми кажа дека ми купил некој подарок за роденден но не ми казува што и ке си пукнам од љубопитност,ама ќе си почекаме .но работава е што незнам јас што да му купам подарок,искрено немам можност за некој така да кажам поголем и поубав поклон.па ми текна да му купам некој убав парфем,ама сеа ми текна нешто друго да му купам убав новчаник и во него да ставам моја слика (тој си го изгуби новчаникот со мојата слика и многу беше тажен поради тоа) мислам дека тоа многу ќе го израдува и изненади ,не би му текнало на тоа и ми се допадна идејава со бајадерите ќе му купам бајадери и толку колку што има години ќе ставам бајадери на секоја со по некоја искрена желба. мислам дека мнооооооогууу ќе му се допадне и дека мноооогууу ќе биде изненаден. фала за идејава
Преѓе добив брилијантна идеја... ако имам некоја подолга врска и многу си го сакам дечкото ќе земам една блуза, на предната страна ќе го напишам неговото име, а назад ТЕ САКАМ! Ќе си ја ставам на мене и ќе му речам да прочита... не е некој многу фенси подарок, ама нема некој кој би останал рамнодушен и не би се израдувал. Во последно време многу сум станала креативна
На бившиот за неколку дена му е роденден. И после сите тие караници и сплетки се договривме да се видиме и да правиме муабет што понатака. Но најинтересно е што баш тој ден му е роденден. Што мислите,треба да му купам нешто, и доколку мислите дека треба што би му купила??
на дечкоми во октомври му е роденден малце брзам ама убо уште сега да мислам до 2000-3000 негде лани му купив дуксерка ама незнам облека да му купвам немозам број да му погодам посериозен е не пушит 22год имат машинка за бричење незнам дали да му купам зошто секогаш ојт во берберница за 50ден или таткому ке ја користит сакам една торта да му купам во форма на срце ама друго незнам шо пошто тој многу скапи поклони ми купвит во декември мене ми е роденден и ми рече дека уште еден телефон ке ми купвит а јас не работам за да му купвам скапи зато ништо незнам помогнетеми шо да купам можит некоја белегзија ама ефтина ке е ке се страмам со нешто ефтино зато незнам шо нека е ефтино ама убо знајт тој дека неможам поскапо ништо да му купам
Девојки,моето прашање е малку поинакво но сепак се надевам дека ќе добијам одговор. Вечерва после 12 му е роденден на бившиот. Моето прашање е дали да му пишам порака да му го честитам роденденот? И што би напишала во таа порака ? Ве молам за брз одговор... Секое мислење ќе ми биде добредојдено.
Немора да е баш после 12, меѓутоа утре веќе можеш да ми пишеш нормална порака, Среќен роденден, се најубаво Јас така би постапила, но не веднаш после 12 уште еднаш ќе кажам бидејќи така пишуваме на најблиските, на тие што ги сакаме и сме во добри односи.. Тоа е мое мислење сепак..
јас мислам дека треба да му честиташ.... само не во 12, да не изгледа дека ептен си го чекала моментот.... на мојот последен му пратив порака во нормално време (негде после 18 ч.). и немој многу да се распишуваш, само она битното среќен роденден, се најубаво... поздрав таа и таа јас бар така направив
Спојлер Доколку се‘ уште не си му пишала. Што потреба да му честиташ роденден на бившиот? Во толку добри односи сте?
Sakav da ve prasam nesto imam decko veke 4 godini i vo petok ke diplomira i neznam sto da mu kupam se imam napraveno i kupeno...saat za na raka,slika nasa vo ramka,mecinja,mirisi,napiseno 50 pricini zasto go sakam isprintano vo ramka..i stvarno sakam nesto posebno zatoa sto za maturata i za 18ti rodenden dobiv skapi pokloni zlato i belozlato.....sakav da mu kupam zlatni megusi ama zaboraviv deka e alergicen na zlato...POMOSS!! fala vi odnapred !!!
зошто не купиш кожна алка со сребрена плочка (ама оноа родирано сребро-што наликува на бело злато), и одоздола плочката да биде изгравирана
не сум сигурна дали ќе ти се допаѓа идејава.... јас планирав да уплатам час за летање во тандем со параглајдер. бидејќи секогаш му ги погодував поклоните, знаев дека и со ова ептен ќе го израдувам...ама бидејќи раскинавме, оваа идеја ќе ја искористам за некој нареден дечко хахахах