" Што би правел јас без тебе " немој, не ! Подобар избор ти се " А потоа " или " Затоа што те љубам " - не можам да се одлучам меѓу двете Спојлер "А потоа" сепак
Ич не се мачам околу тоа, кога и да упаднам во дилема Каков подарок да купам , отварам странава и хороскопскиот знак на пријателот/ката или пак пајтнерот и проблемот е решен.http://www.femina.mk/забава/хороскоп/хороскопските-знаци-и-бакнувањето
ИДЕИ ЗА РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК Вашите идеи ќе ми бидат добродојдени...на дечко ми му е роденден за две недели,па се спремам...
Сакам да му купам македонски дрес на децкото со негово презиме од позади но незнам каде мозам да го набавам помос
На дечко ми му купив книга за роденден епа сеа да напишам на првата страница Од и моето име со љубов доволно е?
Здраво Девојки... имајте убава вечер... Вака ми треба помош од вас ... На дечко ми му е роденден за некој ден ... кога го прашав што сака, рече дека сака парфем ... Дај ве молам кажете некој убав парфем и напишајте ми а и цената ... И исто така би сакала да направам некое изненадување со вино, свеќи торта ... па ве молам кажете некој совет за како да го приредам сето тоа ... Ви благодарам однапред...
што мислите што е подобар УКРАС ... шише за вино или пак буренце за ракија...во вторник ни е годишнина па се мислам помеѓу овие двете
матеа јас би ти рекла буренце за ракија, мене ми се многу интересни и имам дома 2, така да мислам дека тоа е подобар избор. Инаку сакав да ве прашам не е соодветна тема но што мислите на 22годишна девојка најдобрата другарка да и подари вино? Мене ова не ми е подарок за девојка и плус за роденден, али братучетками некна за роденден го доби од најдобрата другарка
Не дечко ми му е роденден за 3-4 дена одиме еден месец со оглед на тоа немам појма што да му купам не можам ни преголем поклон ни премал што препорачувате вие ?
Па, мислам дека карти за во кино за дваjцата вас би било романтично. Можеш и да му направиш и колачинjа ( стави ги во убава лимена кутиja) и уживаjте си ги после филмот во кола, на клупа во парк....
коментирав за ова и во друга тема али ај и тука. можда не е баш за роденден али е сепак доста интересен поклон. дефинитивно еден од најјаките поклони што сум ги дала на дечко ми беше овој за годишнината. во една голема кутија (мн убава украсна, од оние во рамстор што ги продаваат) ставив повеќе помали кутии. во неколку од нив ставив уште помали. ама сите кутии беа ептен убави, цели украсени, бонбони и во нив ставав секакви работи што знам дека ќе му се свиѓаат. од гумени топчиња (тогаш мн сакаше да си игра со нив ), до игра за на компјутер, алка, една ептен убава танга за мене, и некои такви ситници. во некои од нив ставив чоколатца мали. и внатре целата кутија беше со слама за да изгледа поубаво се, да не се маваат помалите кутии и многу мнооогу чоколатца. а низ сламата имаше и некои лични пораки до него што ги напишав, некои романтични али повеќето смешни. ги напишав на мн мали ливчиња и секое посебно врзано со машничка. интересно е дур гледаш како се отвара и се смее
Како е попаметно поклонот да му го дадам во дискотеката кога ќе го слави или дента кога ќе му биде !? пошто ќе го слави на 9 а муе на 18 :/ Дотогаш имам фора што да му купам ..
Интересна идеја за роденденски подарок бај ми:можеш да направиш кутија и во неа да напишиш сто ливчиња како 100 причини зошто го сакаш http://www.youtube.com/watch?v=yr7PWaoH ... re=related еве линков може да ви помогне
Jас мислам дека дента кога ќе го славиш можеш да му дадеш нешто ситно, како чоколадо, а на денот на неговиот роденден да му го дадеш подарокот. Повеќе ќе се изненади и подобро ми изгледа
Девојќи дајте ми некоја идеја што да му дадам за подарок на мојот дечко инаку заедно сме 2 години , а тој сега ќе полни 22 ...инаку му ги имам изнакупено тие традиционалните подароци:паричник,чаши,колекција,хрчак...немам идеја некоја посебна а баш би сакала пријатно да го изненадам и да му го разубавам тој ден... поздрав
Глупаво е тоа што, во текот на цели 30 дена, со дечко ми славиме годишнина, негов роденден и денот на вљубените, и годинава ПЛУС матурант е Предложете нешто, како да направам со поклониве, дека не сум баш во добра финансиска состојба за секој ден по еден special present да купувам
Оваа година на дечко ми му купив плишена играчка лав, дека и лав е во хороскоп, книгата што сакаше да си ја купи, му направив јас сама од 6-7 листови како честитка за роденден, па му напишав и пораки, му цртав, битно на крајот супер излезе и торта со знакот на неговиот клуб... кога ги отвараше поклоните беше се посреќен, и на крајот му ја однесов тортата ( а пред тоа кога ќе ме прашаше кој ми е омилен клуб јас се правев на тошо, не знам му велев ) со свеќи и прскалки и му пеев хепи брдеј битно беше премногу среќен, се изненади и израдува... така да девојки приметете што тој сака па купете му го тоа...
за месец и некој ден му е роденден на дечко ми...пошто одиме 2 години му имам изнакупено многу работи за роденден годишнина,матура,денот на вљубените и тн...па сега размислував што да му купан... мислев да му направам торта со неговиот омилен фудбалски тим но да биде во форма на топка...што мислите вие? доволно ли е само тоа или треба и нешто друго да му купам?