За роденден на дечкому му купив многу убаво џемерче колекциа стр8 и чоколадо и многу сум среќна што му се допадна
Девојки му се ближи роденденот на дечко ми Има многу специфичен стил и вкус и затоа ми е многу тешко.. Се мислев да му купам марама и Милка срце чоколадо. Што мислите вие? И ако може некоја идеа за машка марама .. А и други идеа се добредојдени, крај краева не мора да биде марама.
и како си поминавте Kристина?тортата е преубава ,и јас навивав едно време за Lиверпул кога играше таму Fернандо Tорес
Девојкии, што мислите, што повеќе ќе му се допадне (знам, ќе речете дека јас треба сама да си знам што сака тој и што му се допаѓа, ама ) ... неговиот омилен парфем или нешто сребреено за на рака ... ?! И сакам да прашаам, во каква продавница даа барам Zippo упаљач ...??!
златичко преубава идеа имаш , само што мислисш? дали е поубаво да го однесам сакам во ресторан па после другото дома....или пак дома(но веке 3 годи одиме мислам монотоно да не стани дома )
помошшшш...... уште малку се наближува роденденот на мојот дечко, одиме 3 год па, би сакала некое посебно изненадување бидејки досега имам се направено.. размислував да го однесам во некој ресторан, или пак да му дадам рипка во стаклена кугла, и плус уште нешто.. совет ве молам!1
Јас сум девојки тотално збунета. Првичната замисла ми беше на дечко ми за роденден да му купам новчаник заедно со футрола за мобилен,и уште нешто за да бидат три работи.Ама испадна дека тие немат да можат да стигнат до неговиот роденден,па одлучив да одам вака. Пошто годинава е матурант,јас и онака си планирав за матура да му купам сребрена белезика. И сега решив да му купам белезика за роденденов,а овие што ми се новчаников и футролава да му ги дадам за матурата...Што мислите може така да направам? Неколку другарки,ми викаат не..В крај сум збунета.
Девојки ... За 2 дена е роденденот на дечко ми ... Еее сега, му купив парфем (каков што тој користи), и сега не знам друго што ... Ајдее ве молаам помогнете ми, затоа што ова е малку а немам други идеи ...
мишелаа те гледам ти си по советиве, дај кажи подарок за роденден за дечково мој. одиме 3 годи и веќе се имам направено дадено, и сега нз шо веќе...
Не е срамота, зошто да биде Јас пред 2 ипол години му купив убав, кожен каиш на дечко ми, до ден денес постојано го носи.
Ние, со дечко ми, конкретно, секоја година си се прашуваме што си сакаме и тоа си купуваме. На пр. тој годинава сакаше нова кожна (не вистинска кожа) јакна, лани му купив саат, пред две години омилениот негов парфем и пред три години му купив кошула и плус несесер во кој ставив пена за бричење, лосион за после бришење и шампон, се' тоа од Нивеа. Образложив, за да некоја од вас го искористи тоа како идеа. Оние подароци од типот мечки, кучки, само првата година за Валентин си дадовме колку да си имаме нешто онака баш што ќе не потсетува еден на друг. Јас лично, пред се' сум за корисен и потребен подарок. Затоа е најдобро да си прашаш и да ти е мирна главата. Јас прва го почнав ова, иако тој одбиваше да ми каже, како и секој викаше:"Несакам ништо бла-бла..." Ама јас му образложив дека јас секако ќе му купам нешто па нека тоа биде нешто што стварно му треба и го сака во моментот и така си остана.
Ако е по друштвените игри - купи му шпил карти, некои така поквалитетни, врзи ги со машничка, напиши некоја интересна порака. Или пак табла за шах од оние дрвените - одозгора за шах одоздола за табла, внатре во таблата истури некои чоколатца од типот - шери бонбони или било какви чоколатциња (завиткани во хартивче нели) - ако покрај игрите сака и блачко.
девојки, вака, ми треба мислење за подарок. се мислам што да му поклонам. Балашевиќ го сакаме и слушаме цело време и двајцата,и нели сега на 19ти Април ке има концерт у скопје, а пред тоа му е роденден на дечко ми, и сакам да го изненадам 2 карти да му купам и да му ги пуштам во плико,знам и верувам дека ке се израдува, овие денови ке го потпрашам така што мисли дали му се оди на концерт пред извесно време правевме муабет рече му се оди ама тоа за тоа остана не спомна ништо после. Вчера го прашав што сака поклон, замислете вика сака кулер за ладење на лап топ и сега незнам се мислам дали да му купам тоа кулер и уште нешто, или карти... а јас многу сакам да го изненадувам и ова со карти таман ми е, ама па од друга страна он ми кажа што сака. и сега незнам... вие што би избрале? please help
Kaртите дефинитивно Ќе го израдуваш ако сакал да оди т.е да одите двајцата. Па нели двајцата обожавате да го слушате?
Се одлучив за портрет да му подарам на дечкото за роденден , ние двата кај шо сме. Што мислите? плус и торта од неговиот тим