за 3 дена му е роденден на дечко ми. веќе имам се спремено само да ми кажете дали е океј или ако имате некоја идеа плус да додадам.. му зедов новчаник, во просторот каде што е за слика ставив слика моја каде што држам на лист напишано 'најмногу ми значиш' исто така му ставив и 100 денари и му напишав да си се почастиш, хах зафрканција малку му напишав писменце и уште чоколада да му земам.. што велите ?
Сакам да му купам нешто на дечко ми. немам апсолутно никаков повод, само сакам да го изненадам бидејќи сум при пари. Ми беше спомнал дека му требаат слушалки за компјутер, може некој да ми препорача нешто?
За мажите тоа е најубаво за поклон , нешто што му треба и ќе го користи. Еве можеш слушалки за компјутер штом тоа сакал , оди во некој салон за компјутери таму сигурно ќе најдеш од ефтини до скапи. За романтично нешто можеш или да одите на вечера или пак ти дома кај тебе ако имаш услови да зготвиш нешто сама , украсено , десерт во вид на срце и слично . Друго можеш некој убав парфем ,мажите сакат да мирисаат убаво а и ние сакаме тие да мирисат убаво Се надевам помогнав
и ја мисла дека е најдобро така, btw не е баш темава за то ама се надева дека ке ми дајте совет дали е океј.. дечкоми ке почнуват на факултет во скопје сега за една недела заминуват па пред да заминит ја сакав да му да нешто онака да го потсеќат на мене ко ке е на факс.. си вика да му зема нешто слично на нотес или ко тефтерче ама не некое ептен мало туку да му користит и на првата страна да му напиша нешто.. што викате ?
ке го деконцентрира на предавање иначе тенкју уште поке ме мотивиравте да приспрема нешто вака мало интересно
Имаше позади Бисер одма кај скалите порано, не знам дали уште има. Во било која продавница кај што има сервиси за шолји и порцелани.
Најдобро е да му купиш нешто што ти спомнал некога, со тоа ќе знае дека си обрнувала внимание. Има комплети гејмерски слушалки со обични, околу 500 денари беа во продавницата кај Корчагин. Поевтина варијанта ти е Џамбо, имаше и таму избор. Со другите пари можеш да спремиш нешто романтично, да направиш пица во форма на срце и да напишеш нешто после со кечап или нешто слично пооригинално.
Па, имајќи во предвид дека и двата сме доста практични, мислам дека ќе одам на подарок кој може да го користи, романтика друг пат Веќе одбрав слушалки, во АМЦ ^ Убава ти е идејата, можеш и некое убаво, скапо пенкало да искомбинираш со бележникот.
На крај на месецот е роденден на дечко ми, најверојатно ќе оди за странство па нема да бидам во можност лично да му го дадам подарокот па планирам да му купам нешто и да му го пратам по пошта сега проблемот е незнам што да му купам, сакам да биде нешто што ќе може да се прати по пошта ако имате некоја идеа ад ми дадете и дали би знаеле отприлика колку ќе ми излезе така подарок да пратам по пошта?
Се ближи роденденот на дечко ми. Бидејќи свири на тапани, планирам да му направам торта во форма на тапан, и на горната страна да го ставам логото на неговиот омилен бенд. исто така порачав чаша со слика од нас двајцата и планирам да му направам романтична вечера.. што мислите за идејава?