dezodoransite kupkite parfemite obleka se sekako potrebni no podobro i sekako poubavo kje bidi da mu napravish ti neshto svoe na primer mozhes na nekoe igraliste so negovite drugari da se organiziraate ti da mu napravish torta ili neshto blago nekakvi ukrasi a mozhe i nekoj poklon (iako velev deka e podobro ti da mu napravish hhaha) pozdrav <3
Стално гледам да е нешто што знам дека сака, или пак сакам да подарувам нешто што ке остане и стално да се секава на мене без разлика дали е за партнерот, другарките и слично.
Што е подобра варијанта според вас за подарок не можам да се одлучам : испечатена маица со логото на омилемиот тим и неговото презиме одзади или карикатура со неговиот лик плус некоја ситница сигурно ај ве молам за мислења, ми треба помош
Можеш да купиш дрес без име и да го испечатиш неговото име, мислам дека повеќе би му се допаднало (или тоа со логото)
офф не знам, не можам да се одлучам. Карикатурата е 600, маичката е 500, цената не е битна но еве сепак да ја кажаам. Дали вреди или ??://
Мојов има утре роденден, му купив една поло маичка. Ако сака нека ја носи ако не не Парфеми такви работи не купувам обично, сакам да му остане нешто за успомен.
Што сака тоа ќе добие. Немам време да се акам низ продавници и да размислувам затоа наједноставно е да си каже што му треба. А за да не испадне дека ме мрзело да вложам, плус изненадување со некоја вечера или нешто во тој стил.. Од секогаш сум применувала вакво правило, до сега немало утка. Истото е и обратно, повеќе преферирам да ме прашаат што ми треба него да пунам плакар со глупости што би ги облекла ради реда од култура, затоа што скоро 99% се шансите дека нема да ми го погодат
Рано ми е уште сега да почнувам со прашања Што сакаш да ти купам? Така ми е како остарени пред време, како во брак да сме 50 год, па ај... Не мора да е подарокот Уау, доволно е да го погодиш вкусот. Пр. да знаеш дали носи поло маичка, на V израз, округла, кошула, боја..., ако е книга каков жанр сака или омилен писател и сл.
пред 2 месеци ми беше роденден ии дечко ми ми купи маичка,парфм и чоколада потоа на него му беше роденден му купив casual маичка и честитка на 4ти август ке одиме на планина со професорка и таму ке седиме 6 дена и тој ден ни е половина година од како сме во врска...ајј малку помош,што да му порадам ? јас мислев да извадам 10-15 слики и да ги ставам во 4 пликоа и да заврзам машњичка но незнам дали да биде само тоја..ајде помош??
За 10 дена му е роденден на дечко ми и сакам нешто интересно да му подарам. Тенисер е, најголем обожавател на Новак Џокович. Му спомнав нешто одоколу за тениски топчиња, ми вика имам 100000 не ми требаат. Маичка некоја несакам, пред 1 месец му купив.. Што можам да му купам нешто интересно?!
Феминки хелппп...поклон за тазе дечко се гледаме скоро 2 месеци...што би било идеално за поклон? да не биде ту мач е работата...фала однапред
па можеш некоја колекција... или некој подобар парфем ... можеш некоја блузичка што ти има кажано дека ептен му се свиѓа...
Нареднава недела му е роденден на дечкоми...Ве молам за помош што предлагате да му купам...28 ќе прави малку ми е потешко за одлука...минатата година му имав кошула и торта со неговата омилена екипа ... Што предлагате да му земам ?
Поклон за мојата девојка (РОДЕНДЕН) Значи вака, со девојками сме 7месеци и сега за некоја недела и е роденден, па барам совет да ми помогнете каков поклон најмногу би ја изненадило и би била премногу задоволна? Ова ми е прва врска, и затоа го барам овај совет, ФАЛА ВИ !
Поклон за мојата девојка (РОДЕНДЕН) Доколку имате заедничка слика убаво би било да ја урамиш и некоја посвета назад секако и розата да не ја заборавиме
Денес кога бевме излезени со дечко ми и негов колега, слушнав колегата како му рече „ене ти ја златарата“ и во моментот кога се свртев сменија тема. За месец ипол ми е роденден, па ми се вклопија коцкиве да не сака да ми купи нешто златно..... навистина не сакам да се троши толку бидејќи периодов има многу трошоци, ама не знам дали да му кажам директно бидејќи можеби не сум во право. А не сакам ни да му скршам филм ако веќе решил.... Да си ќутам или да му наметнам тема како не сакам скап подарок, дека имавме многу трошоци, свадби, работење на куќата, одмор..... ? Или да го прашам директно дали онака му ја спомнал златарата? Ние сме искрени, за се разговараме, само па не сакам ни да му скршам филм, тоа ме премислува..... Ама со тие пари подобро ќе отидеме до Белград во есен како што планиравме, отколку да се троши на поскап подарок.
И ние сме имале слични ситуации. Пример, сме имале период кога имало поголеми трошоци, а баш тогаш ми било или на мене роденден, или на него, или ни било годишнина... Еве баш пред пола месец му беше на него роденден, а сега па треба и на одмор да одиме. Освен поклонот сакав уште нешто да му купам ама ме преубеди. Мерак ми беше и за тоа да му го земам ама не сме деца, сфаќам, и во право е. Не можеме да се расфрламе со пари кога имаме уште нешто каде што ќе отидат многу пари. Мора да се планираат финансиите. Според ова можеш да видиш дека ние разговараме директно. Финансиите и така заедно ги распределуваме. И кога двајцата работевме и сега кога само он работи. И сме свесни што ни е приоритет. Почни муабет за тоа. Не му кажувај дека си слушнала за златарата зашто може да се осети неубаво, ама кажи му директно дека не сакаш скап поклон зашто имате други поголеми давачки. Објасни му убаво на долго и на широко за да прифати и сфати. Прво сигурно ќе негодува, ама на крај ќе сфати. Можеш на пример да му кажеш дека со тие пари што ќе ги даде, можете на одмор да правите нешто, да купите нешто за вас двајца, да отидете на вечера или ете во Белград да одите, што е многу подобро. Не знам каде ќе одите на одмор ама ете, зависно од дестинацијата ќе знаете на што најмногу ќе можете да ги искористите парите. И навистина е така. Поклонот како поклон тебе еднакво ќе ти биде драг и да е од 100 евра и да е од 100 денари. Јас мислам само директен разговор. Според твоите постови и во други теми сум ја сфатила твојата врска дека се базира на искрен разговор и не криете ништо еден од друг, така што мислам дека не би ти било проблем воопшто.
За неколку дена на дечко ми му е роденден ..21 година. идеме скоро една година а и баш незнам што сака..Му имам купувано мечиња чоколади и глупости ситници ама сакам нешто посебно да го изненадам а незнам како.. Сакам да биде некое поголемо изненадување со цел да му се заблагодарам за се што направил за мене и се друго а воедно и дека му е роденден и така..ако имате некои идеи да ми кажете ..