Па како што велиш сакаш да биде поголемо, зошто не му припремаш некоја вечера само за вас? Дома кај тебе може, секако ако си сама. А ако не, можеш да побараш во некој ресторант. И исто така можеш да му купиш часовник, пријатно да се изненади. Се надевам ти се допаѓа идејата.
На профилот ти пишува 19 па за тоа ова ти го кажав. А за на 16 години, исто така можеш да му купиш часовник. Секако дека нема од оние што се над 2000, има убави часовници и до 500.
Во право си, за се разговараме директно, само за ова се мислев за да не го разочарам бидејќи уште лани сакаше да ми купи привезок. Ама сепак ќе сфати дека така е подобро, од саканиот и еден цвет скинат од некаде (не купен) е најдраг. Инаку одиме на одмор во Парга, веќе ни е уплатено ама за џепарац ја планира цела августска плата. Јас уште си собирам. Во секој случај патување е попаметно отколку скап поклон ако имаме пари. Фала ти, се гледа дека имаме слично размислување ама сепак сакав да слушнам и совет. Поздрав до тебе.
Машките не сакаат баш мечиња, срциња и сл, особено не на 21год, така што гледај нешто малце посериозно да е, новчаник со ваша слика внатре, книга, дрес, кошула... и ако сакаш нешто романтично плус направи цеде од вашите песни и тие што ги сака тој, одете пешки до Водно навечер(малце авантура), колаж од слики ваши... и не заборавај картичка со убава порака (твоја)
Девојќи многу ми е итно за роденденски подарок , дали знаете негде дали има(доколку има во скопјево) да прават мали статуи . Пред некое време прочитав на хрватски форум за "оскар за најдобар дечко " и добра е таа идеа но незнам дали би имало такво нешто во скопје. Не е за мене за другарка ми е .. Ве молам ако знаете некој да изработува такво нешто нека ми одговори што е можно побрзо , фала ви однапред
Мече и срце си му купила, а диносаурс со глава од петел камо? Ту бе, јас да бев на местото од дечко - ти ќе почнев да рикам, за на крај сите медведи и срциња да ги прегрнам од тага, дур се стуткувам во креветот. Мислам ало џевојко! 21 факинг година ќе праи фраерот, а се кладам дека сешто си добила за возврат бил еден топло - скиселен осмех и фала од чиста култура. Спојлер Башка, можам да замислам дур д*кал тоа се комплет било фрлано у шкаф со брзина на светлината, или веќе све то одавно има завршено у некоја канта.
Конечно најдов!! Оди во Рамстор трговскиот и на самиот влез(главниот) до лифт скалите има како штанд и тука изработуваат не се оскари но пехари се и може да се играфира на пехарот каков текст сакаш таков
се слуша дека од часовникот, колку што повеќе време поминува, така и љубовта згаснува, мислам дека часовник не е добра идеја, а ни вечера штом имаш 16 години, најдобро ќе биде да ни пишеш нешто повеќе за тоа каков човек е, кое му е хоби, што сака..до колку пари да е и дали повеќе сакаш изненадувања(доколку е романтичен, би можело изненадување) или поклон.
Девојки помогнете ми и мене. За некој ден на моето момче му е роденден, заедно сме скоро 2 години па незнам што би можела да му подарам. Му имам подарувано, кошули, чоколади, романтични вечери, подвезици итн се тоа за годишнини, родендени и др. Лани за неговиот роденден напишав 100 причини зошто го сакам и секоја причина беше напишана на посебно ливче, спакувани во кутивче со панделка. За годинава немам идеи па ако може дајте ми вие некоја
Како да не, глупости живи. Колку часовници му имам купено јас на дечко ми, па еве до Октомври веќе одеме 2 години. Не се потпирајте на се што ќе ви кажат или ќе прочитате од интернет.
Епа јас на мојот за роденден му купив часовник но не раскинавме , а он мене кога ми купи за годишнина после 2 месеци раскинавме ама после се смиривме за неполн месец . Незнам за вас каква ќе ви е среќата јас не верувам во такви работи можеш да му купиш тоа штом имаш 16 или пак некоја блуза ....
Devojki bi mi pomognale neznam shto da mu kupam za rodenden za 1 ipol nedela ima rodenden 1 god sme vo vrska ali neznam shto da mu kupammm pomognetee mislenje da mi kazete [mod-kirilica:aoi1rpvk][/mod-kirilica:aoi1rpvk]
девојки помогнете незнам што да му купам за роденден на дечко ми 1 година сме во врска за една ипол недела му е роденденн
Извинете што сум офф топик али сакм да ве прашам за мислене што мислите за подарокот кој го наумив ,за месец имаме годишнина и му земав блузче,на куси ракави е и планирам да му земам мирис ,ваков или некој друго од 1000 данри ... и некоја бомбоњера во вид на срце и порака ,што мислите ?
А зошто На пример наместо парфем не му земеш од овие тексас бермуди како што се модерни сега .. баш убаво би одговарале со маичката .. Мислам ова само предлог несакам нешто да те премислувам ти најубаво си го знаеш неговиот вкус