Девојки ми треба ваша помош... вака не му е роденден на дечкоми но сакам да го изненадам со некој поклон нешто романтично да биде .. тој е во друга држава и сега треба да си дојде многу ги цени таквите работи па сакам нешто да му приредам интересно и романтично што ке му остане .. па ве молам за мислења и помош
Ако си во можност да го повикаш кај тебе можеш да направиш романтична вечера Зготви нешто што нему му е омилено во позадина вашата омилена музика,свеќички насекаде пригушено светло.И вино се разбира Поромантично од оваа здравје ,ќе биде изненаден и оваа ќе биде нешто што ќе го памети
Да се надоврзам на ова, ако веќе имаш стан на располагање, тогаш можеш да наместиш када со ливчиња некои, миризливи свеќички, две чаши вино... мх мх!
И јас почнав да размислувам за подарок за роденден за дечко ми немам многу избор рачен часовник, паричник, каиши не носи лани за роденден му купив дуксер, чаша и во неа чоколадни бомбони плишани мечиња да му подарувам не сакам не сме деца да му направам некое романтично изненадување и тоа не бива кај нив дома не одам за тој да дојде некако ми нема смисла, ај да сме од ист град и да живеам сама друго е а вака тој треба да патува 3 саата а вечерта има забава. Немам никаква идеја за подарок му имам подарено дуксер, чаша, ланче, му имам подарено кутија со пораки и сега појма немам што да смислам .
Сега брзо му беше роденден на дечкоми поточно баш тој период бевме скарани не правевме муабет иако живееме заедно во исти стан. Тој беше излезем негде со другарите да прослави а јас бев дома му направив торта купив навлака за перница која пишува СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и часовник кој беше под перницата бидејќи коа ќе ја крене да ја види ќе го најде и подарокот и штом го направив тоа излегов не сакав да ме затече дома. И за некое време ми стига порака ( јас сум дома се е прекрасно знам дека сакаш торта дојди да ја јадемем заедно ) и се смиривмеееее!!! баш за неговиот роденден и коа дојдов ме гушна и почна да плаче ми се извинуваше што згрешил можеби избегав од темава ама неможев ова да не го споделам со вас
Овие се интересни идеи за подарок, се надевам дека може ќе му помогнат на некој. http://media-cache-ak0.pinimg.com/736x/19/4a/f4/194af4d5348953a2332922f85bfdce8b.jpg во секоја кутија може да ставите по нешто http://media-cache-ak0.pinimg.com/736x/54/20/cd/5420cdc1cf50157d03b97bfee9b8d0b1.jpg
Девојки мој предлог ви е да му купите нешто што стварно му треба! Можеби звучат досадно каиш, новчаник, ракавици, џемпер и слично, но сигурно многу повеќе ќе му послужат отколку маички, навлаки со натписи, срциња, свеќи, мечиња (ако ете пример му е скинат или излитен новчаникот). Такви работи можете кога сакате да направите. Зошто ви е потребен повод за да му напишете 50 причини зошто го сакате или да се бањате заедно во миризлива купка со чаша вино? Не знам, може јас сум стара веќе , но еве веќе неколку години му купувам по нешто од неговата омилена продавница за облека. Ем јас не се замарам толку, ем он си е среќен што сум му заштедила нешто. Исто и он на мене. Мојов во зима е роден и оваа година му спремам џемпер, зошто од џемпери никогаш доста Се зезам, знам дека му се допаѓа и дека би сакал да го има.
^^ Не си стара се согласувам со тебе и јас сум повеќе за да се купи нешто што навистина е потребно иако понекогаш можеби има причини и за романтични вечери и други ствари Еве јас за овој роденден планирам да го подновам со пижами Тие што ги има веќе му се постари и сакам да го подновам а и знам дека ќе се изненади Понекогаш поубаво е да се подари нешто што навистина ќе се искористи добро а е и неопходно
Сакам да му подарам на дечко ми златен преврзок за ланче ама сакам на него да ја изгравирам и датата кога почнавме, ме интресира која е цената на гравирањето.. отприлика
Јас па мислев дека тоа го прават само на бурми мислев на се останато треба доплат сепак благодарам, утре ќе ре прошетам низ златариве па ќе видам
Мене ми имаат гравирано на привезок поточно златна плочка и не ми побараа пари. Во принцип ако кај нив купиш гравирањето не го наплаќаа...бар до пред некое време. Не верувам дека се сменило нешто
Девојки се ближи роденденот на дечко ми,дајте ми некој предлог што да му подарам. Ааа да,заборавив спортистче е хихи
Ако е спортски тип може нешто поврзано да биде со спортот што го игра пример дрес, има мечиња со фудбалски тимови приметив по продавнициве комбинирано со чаша (шоља), торта во вид на топка или слично. И секако класични работи како саат, џемпер, шал, кошула .. зависи што преферира.
Jaс па мислам дека не може да се изграфира на она обична танка плочкичка од злато ко превезок што е,затоа што памтам баш лани прашав во една златара ми рекоа дека не може. Мора да биде превезокот\плочката подебело за да се изграфира нешто А за цена,не знам. Секаде е различно некаде гратис графираат,некаде наплаќаат
Јас на моето љубовче му направив огромен албум со слики од кога сме се фатиле слики до сеа.и нормално на секој страна напишано по нешто убавко
Не сакам да рекламирам производи ама ова прв пат го зачекувам во Македонија, па си реков ете еден предлог за подарок, меѓу останатите работи... http://grouper.mk/skopje/deal/cokolografija-cokolado